Препорака за дерматолог? Има некој осип по раце и нозе веќе 2-3 недели. Примаше две недели различни терапии(од матичен и од дерматолог) и нема подобрување
Може не е коксаки, види дали ќе продолжи да излегуваат брунки. Во устата афти се прават и при други настинки и инфекции, кај коксаки има и околу устата.
Денес проверивме ЦРП 3,78, а на кс покачени леукоцити реф вр 10 а на неа 15 и се. Ништо нема други симптоми освен носето, на што може да укажува. Само синомарин спреј и дадоа ништо друго
Матичната рече не е коксаки, од друго е. Нема други брунки. Највеќе се жали на афтите... Омале детево. Се секирам кога не е весела. Грлото е исто многу воспалено. Ангина вика докторкава, а афтите од паднат имунитет. А највеќе се секирам што веќе 2 дена сама си легнува и заспива... а одамна не спие денски. Скроз е омалаксана. Нема температура моментално, ретко качува до 37.7.
Му искачале и на синчево афти кога му паѓал имунитет при настинки и вирус... За афтите не ви дадоа нешто? Имаше некој спреј заборавив како се викаше, ептен му олеснуваше на синко и дури ми бараше сам да го прснам... Синчево (7г) и деновиве подкашлуваше, од денес бетер и ми дигна температура (температура немал 2г, освен со короната кога бевме).. Има некој вирус периодов? Се надевам не е корона пак Ќе одиме на лекар после...
Епа нашево почна со кашлица. Кашла уште. Температура не качува висока. У спиење сега има 37.2. Ама ја бутка, не е ич весела.
Со проафтол мачкај ѝ ги афтите. Мене од бебе ми се прават, и секогаш при паднат имунитет и стрес, прво афти во устата ми излегуваат. Сигурно е малаксана од што е болна, ама и болката што ја има во уста ја тера на спиење и одмарање цело време. Пие антибиотик?
Ќе ѝ помине, не се секирај. Уште малку ќе почне да делува антибиотикот. Само мачкај ѝ го афтите, за да може да јаде и пие. И ние неколку месеци во круг се вртиме со вируси и бактерии. Кој шо прави, јас или на едната, или на другата мерам температура преку ноќ
Може да е вирусна инфекција па накалемено секундарна бактериска. Обично исипот е после температура, но не е секогаш правило. Направете крвна слика, брисеви од нос и грло и ќе се разреши од што и е
Кај мене втората многу често ја фаќаше кашлица и еднаш докторката ни препиша Лихен форте сируп на природна база и многу ни помогна До ден денес кога подзакашлува и давам по некоја лајца и и се смирува одма
Мојов 3,4 дена кашла некаде, па ако било вирус веќе не го дава на крвна слика... Мирно му е се во крвната од леукоцити, лимфоцити... ама црп 20.
Спуштил мојов денес Бронхопнеумоничен наод... Ни дадоа антибиотик и инхалации. Цела зима здрави, сега ли во пеколов вируси чуда
Исто, мојов башка 7г има и одамна не се имаше разболено. Ниту со короната не спушти, иако и тогаш кашлаше... Не ми ни текна да го тестирам, ваљда не е корона. Малава 4г, океј е сега за сега, нема ништо.