Кружи некој опасен вирус. Кај синко почна со кивавица, опасна, продолжи со уво и грло, сега нос запушен ко со цемент. Мене само кивавица и малку нос ме штипе, кај мајка и кај внука со грло воспалено страшно и затнат нос, главоболки.
Мојов ништо од тоа немаше, сосема различно... Почна со сува кашлица кучешка, прејде само таа во влажна, а нос не течеше и уште не тече, нит затнат, ништо. Само кашла и температура...
Кај сите нека поминува што побрзо! Треба да почне да се ужива во летово, а не по амбуланти на пекол да акаме
Истото го поминавме и ние пред месец дена. Само што мојов закачи и бактерија во грлото како последица па ем инхалации ем антибиотик доби. По нас и кај другарите двете деца со исти симптоми беа. Кашлање и температура без нос затнат. не бевме во контакт со нив додека мојов беше болен, од школо и градинка сите закачија.
И јас и мислам дека е можно да е бактерија, зошто др мирно беше вчера на кс, само црп 20. Исто и инхалации и антибиотик од денес. Се надевам нема и малава да закачи, арна е до сега.. Она не оди во градинка (не била 3 недели и нема да оди летово), така да он ова си го донесе баш на крај од учебна година..
А ја да ве прашам... Како ќе познаам ако бебево ми се разболи? Ипак дома сме со големава... Месец и пол е. Хрчи со носот од раѓање... Многу е мало и многу ми е страв за него. Матичната ми е одсабајле дури... дали да чекам до утре? Да појдам до Козле да го чујат уште денес? Какви симптоми може да има бебе од месец и пол? Освен носот што му хрчи и чат пат се закашлува нема друго. Цица убаво, спие убаво, кака убаво.
Бебињата со царски фрфорат од нос. Причина е што не поминале низ родилен канал и не е истисната течноста. Синко некои 2-3 месеци фрфореше.
За почеток ќе качи тт, ќе плаче многу повеќе од вообичаено и каките ќе сменат боја. Веруј се познава бебе болно. Ама голема е веројатноста ако цица да не закачи.
Мене ми е да не не го приметам у спиење да се искомплицира. Зашто си спие еве си ужива. Хрчењето и закашлувањето и по некое кивање само кога е будно. Немаше за ништо ова да прашував ако големава не ми се разболеше. Ама паничар...
Уф без везе ситуација. Јас би отишла. Паничар сум и би била помирна да ја слушнат. На другари мало бебе како твоето спуштило на плуќа и ги здржаа во болница.
Тоа не знам. Само знам дека екстремно брзо спуштаат и дека прв и втор степен се слушаат со стетоскоп само. Од трет се слуша она свирење што го знаеме. Ова ми е кажано од педијатар. Е сега, пак ке кажам дека синко баш фрфореше со носето, ама дека немаше болни околу него и мали деца, ни корона и лето плус, не се сомневав дека е болен. Лошото е што ке го носиш и ке има болни деца, а вака ни сама не си сигурна. Кај бебево кашлица имало доста јака.
А зошто на здрави деца не си го однесеш ако има термини за здрави новороденчиња кај матичниот. Чисто да го слушне, објасни му ситуација. Новороденче е, верувам ќе ти излезат во пресрет, не мора во термин може на крај на работно време или слично.
Подобро утре отколку да одиш во Козле со купишта болни деца. Мое мислење. Пробај да ја дистанцира малата ако можеш.
Јане може ти е подобра опција мислам дека има дежурни педијатри. Провери сепак. Ама пре би таму него козле. Инаку за хрчењето јас природно се породив хрчеше можда 2 месеци. Мислам можеш раствор солен да ставаш,исечи кромид во собата. Може од секрет се закашлува. Ако спушти тешко ќе дише, ќе свири.