Јас отидов во Козле ... само ние бевме. Ни кола у двор, ни некој внатре. Влегов да видам дали воопшто работат. Чист е на плуќа, ама кс покажа вирус. Аспирација на носе и да се следи.
Што ти се вика мајчина интуиција. Секогаш слушај си ја. Лесно да поминува, сега од даде се ќе фати, само со лесно да е.
15 месеци ми е ќерками. Прв пат е вака болна, 39 температура и ставам чепче и на 3 сати пак качува а смеам да и ставам на 6. За тоа време што да правам кажувајте зашто ќе полудам веќе. Бев на педијатар и ми препишаа исто парацетамол сируп, и други за болка… Ама сега незнам што да правам намеѓу времето од 6 сати.
Ставај чепне па за 4ч сируп парацетамол па за 4ч чепче. Место на 6ч чепне на 4ч ќе е покриено. Чепче е ваљда ефералган или неофен.
Стави мокри чорапчиња на нозете, разреден оцет. Расоблечи ја. Течности нека внесува. Некои препорачуваат и туширање со не многу топла вода. Можеш и легенче со вода да и ставиш ноџињата ако ти седи. Давај парацетамол на 4ч.
Се од тоа направив ама ништо не помага, само со чепче или сируп се стури до 37 и нешто и пак нагоре..
За над 39темп само блок макс му помага на син ми. Консултирај педијатар ако и денес има дали можеш тоа да дадеш
37 е ОК , остави ја со таа температура немој да се трудиш да ја спушташ уште да не направиш поголема беља. Температурата "војската" која се бори ја предизвикува. Инаку секогаш правам и крвна слика кога качува температура. Без тоа не излегувам од ординација, мора да се знае дали е вирус или бактериска инфекција.
Покачена температура се смена над 38.5, до тоа остави дете да се бори. Соблечи ја, откриј ја ако е покриена, истуширај ја, чорапи со оцет, мачкај телце со разреден алкохол ама не и глава, а парацетамол на 4ч давај редовно.
Носи го пак кај матичната да го слушне јас во дежурства немам баш поверење многу. Ако има секрет тапкај го по грпчето да не спушти и на висока перница да спие. Не се води по температурата мојот не качи температура а разви бронхиолит. Ќе се набилда и он како мое бебе со имунитет.
Премало е за на висока перница, може да искоси цело душече под агол, перница на новороденче не. @TeddyGrey како е бебе? Дада? Ако нешто треба кажувај, ќе помагаме.
Било што и душече да е и перница да е. Сигирно нема само да го остави на перницата па да се случи нешто. Бебе мое во болница лежеше па перница имаше под него. А и еве лично јас кога е болно од бебе и двајцата неможам да ги оставам во креветче мора да си се до мене.
Абе тоа да, ама новороденче нема мускулатура да се задржи како големо бебе, ќе се излизга, затоа најарно е цело душече да е подигнато. Јас ставав под душек книги тврди и душекот идеше под агол, па ќе приближев креветче до мене и така спиевме, јас на даската. Уствари која мајка спие бебе кога е болно де. Муабетот ми е дека ова е ептен мало, нема ни 40 мислам, да го легнеш на перница млитаво е, може да се преврти, да се изврти. Нема помачно од новороденче болно, големо па ќе му дадеш нешто, ќе го накренеш, ова минијатура иди спастри ја.
Мене се мие јасно ама мека перница одоздола потврда ќе се намести и нема да се лизга. Јас зборам за бебе кое беше дупло помало од на Теди 16 дена беше. Во болница да видиш како ги ставаат и не се лизгаат. Еднаш така викам да не се лизне и го спуштов доле лом ме направија. Многу е битно да е на високо и да се тапка.
Со лесно да поминува. Како сте сега? Леле мене уште сега ме фаќа страв. Мојата ќе има 5 години кога ќе се роди бебе, па градинка, па ако донесе нешто. Уффф...
Абе ај градинка не е задолжително нема да го пуштиш и ај, а моево прваче ќе биде, у декември/јануари, ќе биде весело. Ама тоа е што да праиме. Па поиздржливи ќе бидат бебушите после. Кумата не ја пушташе 2м големата ама после мораше да тргне и кога бебе тргна во градинка минус немаше, прв пат го сопре кога се изгоре со чај на рака и уште еднаш кога дупна уста на ќош, болест не знаат што е. Така да се надеваме и за нашиве џивџани.
3 месеци не го пуштај. Многу е опасно новороденче да се разболи. Јас направив таква грешка и кажувам од искуство.