Мојот не го отпишаа само најавив дека ќе паузира ради вирусите. И не ги отпишуваат ако си пишува и во договор и се. Пред некое време се расправав со одоговорен на градинките за ова, за тие што од чиста мира чуваат место
Мојот кога беше така на ургентно го носев дека викенд и му ставија инекција за да стане да не го мачела температурата пошто 2 дена не симна асално а за дома ми рече докторот да ставам 2 чешниња од плавите и едно розево ама не сум ставала да ти кажам дали има ефект
Во нашиот договор пишува ако не оди два месеци дека се отпишува. Никој не веруваше, но отпишаа дечиња.
@monik55 @AngelOfArh фала дечки... многу ми значи што пишувате. Паника сум, па ме смирува кога читам. Дадата е супер, уште кашла ама веќе проаѓа. Малово кашла кога е будно, кога е расплакано само. Температура нема. Генерално е мирно бебе. Весело е. Почна и да гуга, да се смее. Кива бајаги и секретот лета буквално плус го чистиме. Накосен спиеше мирно. Кога се буди тогаш само у нос хрчи. Температура нема. Не ни качи. Да, ми рекоа ако омлитави одма да идам, да го следам. Освен аспирација на нос, ништо друго не ми дадоа. Иначе ептен детално и убаво го прегледа. Многу ме смири докторката.
Ич да не се секираш,малава се роди во јануари лани,големата ми беше прваче,во сред корони ,кога беше март тоа најјакиот бран одеше во школо,еднаш беше во изолација дома онлајн,па не се разболе од било што ни она,ни на бебе донесе.Така да поголеми се,имаат имунитет од градинка.Мене сега малава од градинка ми ги носе дома вирозите,од неа и јас и големата знаеме да се размрсолавиме
Со помин Теди. Од ова имам најмногу страв. А знам дека ме чека и мене, неизбежно е. Ако треба носи го секој ден. Многу брзо спуштаат. Синко ОК за саат време откако дојдовме дома, хрчи. Супер се во Козле, ама можеш и кај матичен да носиш. Одма ќе познаеш ако недај боже спушта, хрчат дека се малечки. Ќе помине , мора и низ тоа да се помине.
Фала Ели. Се надевам дека ќе познаам ако спушти... мене од тоа ми е највеќе страв- да не не го приметам нешто.
За стомачен вирус што давате? Утрово во 5ипол од спиење скокна и почна да повраќа. Повраќаше на 40мин ,па му дадов капки наусолвит,потоа после 2 часа поврати. Растворив и орс ,да стане ќе му дадам Прв пат се соочуваме со ова. Ќе качи ли тт,ќе има ли пролив?
Прати го како дише, ако дише од гради е ок, ако почне само мешето да се крева а плуќата не тогаш има спуштено. Тоа дишење е кратко отсечно, и буквално стомакот само се движи. Се познава. Прати го само одвреме навреме.
Ти гарантирам дека одма ќе знаеш ако спушти. Моето спушти на 2.5 месеци одма го приметив, плитко дишат, ќе знаеш. Не мисли лошо, ќе пројде.
Може, а и не мора да качи темп. Зависи што има закачено, ама оди и пролив најчесто во пакет. Син ми имаше пред 2 недели 1 ден поврќање и 3 дена пролив, без температура излезе ковид . Лани фати рота, поврати еднаш и имаше 2 дена пролив со висока темп (ама вакциниран е за рота). Давај течности и не го терај да јаде ако не сака. Најважнп е да го следиш да не дехидрира.
Кај мене и малава качи температура и почна да кашла, направив и тест и невалиден е, се разлеа розево и кај C и кај Т околу, а црти нема Ќе ја носам кај матичната после и ќе барам еден од нив да тестира. Има ли сега термини?
Леле ти ковид мислиш? ... уште толку се секирам сега и на тоа... ама па и ковид да е, ова им е терапија. Ние во Јануари/ФевруАри имавме. Големава никаква реакција немаше, а бебе беше уште во меше.
Син ми на Сумамед е што чекав 3 дена да помине само, со бронхопнеумонија. Малава одма ќе ја носам денес да ја видат. Мене ми е дека и јас се осеќам омалаксано (дигитален ми покажа 37.6, сега мерам со живин), а плус баба и дедо живеат со нас во куќава...
Да Ние во Ноември, ептен лошо... не бе ќе тестирам еден од нив, мирна да ми е главава. Овој денес од аптека невлиден е, не сакам да фрлам пари џабе, ќе барам матичната да тестира.
Треба да има термини или можда ваков они ќе му направат. Е моиве и двајцава пројдоа/проаѓаат без температура. Бев пак за бејби на матичен - терапија цицање и инхалации со физиолошки. Викаат добар е. А и тоа чувство и инстинкт што ме мачеа ми се смируваат, па следам совети ... Уште еднаш ви благодарам на сите од темава што не ме игнориравте