Ќе им помине и да е ковид, нема ковид сила како порано, многу ретко прави компликации. Има многу други вируси што кружат, RSV, адено.. на толку паднат имунитет кај сите, сите сме болни.
Дај боже да е друго нешто.. Ќе помине што и да е, само не сакам да поминам пак низ тоа опаѓање на косата Ама ако не снајде тоа е, битно да сме подобро..
@TeddyGrey ќе помине знам ама првпат се среќавам со висока температура и многу се плашам. @Milkiway @Cherry79 @AngelOfArh многу е висока од вчера и денеска никаку не се спушта. Скоро цело време и е 39, 39-5, кога и давам сируп или чепче максимум се спушта до 38.. по 2 часа пак 39-5. Бевме и на доктор и земаа брис за корона сигурно е тоа И јас сум позитивна денес сама се тестирав … Незнам до утре треба да чекам резултат за неа..
Јас не сум во мк, ја носев и јас и вчера навечер, денес кај матичниот.. ништо не даваат овде сируп или чепчиња и ништо друго..
И да е корона ништо ќе помине. Само дали и кс слика напрајвте и бактериско нешто да не е? А што ти вика доктор за темп?
Никаква крвна слика, и зема брис ќе чекаме утре резултати па потоа ќе видеме дали е корона или во грлото вирус. Ништо.. вика давај наизменично од едниот можеш по 3 часа од другиот сируп. Значи утре да барам за крвна слика да провереме, сама ќе побарам па колку ќе дадат овде незнам..
За 48 саата ќе помине. Форсирај течности и електролити и симнувај ја температурата макар и со физичко ладење/често туширање.
И да е колона не се секирај 4 дена мојот го држеше со температура вака го омалакса ама помина друго ништо не јави
Дојдов само да кажам со лесно на сите и побрзо да поминува, ве читам и не ми се верува што вируси кружат. И мојов пред одмор беше ужас со носето и кашлица, тргнавме со неотворен антибиотик ама среќа некако стана подобар. Страв ми е да се вратам.
Па... статус кво. Не е влошено,не ни проаѓа кашлањето. Чистиме носе. Другиве дечиња како се? @mariz @girl__20
Синко уште не е чист на плуќа, има на двете страни, ама нема температура и подобро ми изгледа, кашлицата е посмирена, 5 дена сируп па од понеделник ќе видиме.. Малава само температурата ја држи и денес, не оди висока 38.3 највеќе. Синко пола ден температура имаше, она тера од вчера, качи, симни.. Корона не е, им направив нови два теста вчера
И малиот денес ко омалаксан ми е, температура до 37.5, друго ништо нема. Еднаш се пожали од стомакот, ама нема јадено многу. Има таков вирус некој или подоцна ќе појави симптоми? И колку мл се дава сега сируп ако има вечер повисока, само Далерон имам, а немал температура 2 години не знам доза. 22кг е. Или да земам некој појак сируп за негова возраст, 6 и пол години? Друго што да му давам за освежување, алвоген имам електролити.
Малиот пред две недели вака беше. Се врати од градинка и се пожали дека има температура. Имаше само 1 1/2 ден тт од 37-38,3 помина само со една доза ефералган ноќта зошто беше кенкав и се жалеше во сон. До наредниот ден до вечерта и тт ја снема. После тоа не појави никаков друг симптом, како ништо да не се случило. Не успеав ни кс да направам од што многу брзо се крена. Се надевам и кај вас ќе помине со лесно. За дозата не би знаела да ти кажам, мојов е 5 години и околу 15-16 кг
Здраво ми треба совет малото денес се накашла како зарипнат, како длабоко ми дојде ко да му смета нешто во грло, до сега не сум го слушнала така, а бабаму го чуваше и неа грлото ја боли и е зарипната. Не усоеав да го прегледа матичната, денес само прва смена работеле Што можам превентивно да дадам да му ублажам тој вака си е весел си јаде си игра нема тт 1год е
Спрејче бејби диво оригано и можеш да му земеш сирупче Viranto Forte, тој е Cold & Flu, за кашлица, суво грло.
majki blokmaks davam po 4ml sega dadov na 5h ima vrska? se davase na 4h ili 6h? mi krena vo meguvreme temp i dadov na 5h...
Вчера малку подобра беше, и се намали температурата од 36,8 до 37,1 а, најмногу до 38 и одеше. За жал позитивна е и таа ни дојде резултатот од тестот. Само со лесно да поминува кај сите дечиња па и кај нас.
Пред 10 дена прими мрп ревакцина. Овие 3 дена е страшно кенкава. Се и смета. Плаче дека нешто сака, кога ќе и дадеме плаче оти сме и го дале. Си има таа бубачки и така, ама овие 3 дена душата ни ја извади дома. И ништо не јаде. Ништо! Дали може да е со вака променливо расположение како реакција на вакцината?