Да,прснав спрејче. Нема потреба на таа темп.на доктор,следија да не крени повеќе. Два дена е до таква темп.
Малата е 2 год и последниве неколку дена е нафрлана по лицето ама некако како внатрешни да и се точките значи само испапчени по малце не се многу црвени некогаш воопшто не се ни приметуваат ама кога ќе ја загледаш се забележува исфрлено значи на обравчињата и денес видов и едно на челото од што би можело да биде? Дали може да е од често бришење со влажни марамици или од нешто нечисто или пак од топло(често се поти)? Имала ли некоја слично искуство ако продолжи вака мислам да с еобратам на лекар. Сигурно ќе прашате дали има и на друго место но фала богу нема само по лицето е. дека е лице незнам со што смеам да ја намачкам и дали воопшто да мачкам нешто или да чекам само од себе да помине.
Зошто ја бришеш по лице со влажни? Немој те молам, секаква хемија има во нив, за лицето само измивање со вода. Ни креми, ни ништо, посебно сега како се стоплува кожата треба да дише а не да се спурува. Такви поткожни од тоа излегуваат, од затворени пори.
Со ништо да не ја мачкаш туку со вода да ја миеш. Влажни употребувај ептен ако нема избор, во парк сте, нема вода, мада и тогаш носам шишенце со вода, ептен се замачка, ама одма после мијам со вода. Мани ги тие влажните, не се толку корисни.
Ме интересира дали за црвено грло се дава антибиотик? Малата сабајле ми беше со тт и малку носето и тече. Бевме на лекар, крвна слика ок, ама грлото малку црвено, антибиотик не ни даде докторката, само витамин ц и антипиретик доколку качува тт. Дали можеби требаше сируп за грлото? Некако се плашам да не биде полошо.
А крвната слика како ви била? Инаку и нам ни давала претходно ни дава на црвено грло антибиотик, ама леукоцитите биле покачени, а сега беше ок.
Во јануари му беше малку црвено грлото. Крвна слика океј. Не му даде никаков антибиотик. Ми кажа да земам од Зигин од лижавчињата детски за црвено грло. 2дена по едно лижавче на ден и толку. Ова доколку дете знае и има искуство со лижавче. Му купив и навистина за два дена беше океј. Ако знае малата да лиже лижавчиња земи и. Ама прво консултирајсе со вашиот педијатар. Му давав и мало лажиче мед со малку ѓумбир или лажиче мед со малку куркума и трошка црн бибер исто така. Инаку витамин Ц му давам од есен до пролет. Со лесно и верувам нема да качи тт. Кога почнува да качува туширај ја со помлака вода, расоблечена не многу облечена и дома да не ви е многу топло. И пиша дека не ти јадела, ја боли грлцето остај ја нека јаде колку сака и што сака. Течности нека пие повеќе не се плаши се ќе биде во ред, ќе и помине.
КС ако е ок, нема потреба. Еве мојов денеска кс со покачени параметри (леукоцити и други 2-3 нешта) а со ок грло, уво, нос...излезе дека е бактерија и мора антибиотик. КС, евентуално брис е показател, а не секогаш општа клиничка слика.
Јас давав капки се додека на малипт на клиника кига лежеше не почнаа пливит табчетки да му даваат. И ги прифати добро,па продолжив со нив
@gjoker4e , мајки, тој сирупот од варен кромид против кашлица со кромид сосе лушпи го праите? Се откорна детево од кашлање, ај и тоа да се проба.
Детево мое има мака со кашлица, што алергиски, што од бактерии, па и чести вирусни инфекции. Генерално, има осетливи дишни патишта. Поучена од икс искуства, не практикувам ништо на своја рака, па макар било и најприродно. Сепак, неопходно е стручно мислење, утврдување на кашлицата (причинител пред се) дали е сува, зрела или не знам каква, пред да се даде било што. Најдобронамерен совет.