1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е иста. Додека има оток, пие Аериус. Цело лето всушност ние сме на Аериус, со паузи помеѓу. Од лекар ни е препорачан и е као најбезбеден за подолго користење.
    Инаку, ја мачкам со синопен, камагел, џинџира, фенистил (ова ни е ново) и со течна пудра со анестетик :worried: Наизменично, не се одеднаш :D
    Ако е голем отокот, знам и кортико да ја намачкам, афлодерм најчесто.
    Ја имам носено на дематолог и ова се совети дадени од таму. Првите 3/4 дена се ептен мачни за детето, потоа се смирува полека, па полесно им е :(
    За заштита од комарци јас ја мачкам со крилен крема, прскам со жолтото против комарци од зегин (не ми текнува како се вика) и исто секогаш носи алка против комарци. Кога е вака опремена, нема гајле. Најчесто на почеток на сезона ја каснуваат, кога не е намачкана. Инаку, во Неи пори бевме вака опремени, и помина без убод.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    Тебе те читам ко за мене да пишуваш. Алергија е тоа на убодот. Јас бев цело лето со Летизен, цело, без прекин, иначе отекував во главата дури. Првично се деси во Дојран да ме искасаат многу наеднаш и од тогаш така, предозирање со отровот и тоа е. Е сеа од тогаш барам алтернатива да се заштитам и ја најдов во најбаналната работа, капки етерично масло од лаванда директ мачкам. Можеш да си раствориш и во масло некое па ем да негува кожа ем да се штитиш, лаванда дома насекаде врз поголемо купче сода бикарбона, ставам во мали садови сода и одозгора 10-15 капки лаванда, лаванда црепови низ двор, босилек црепови и внимавање дома многу на отворени врати прозори да не ми влагаат. Надвор лавандата. Е сеа смрдам на бабин плакар повеќето од времето ама ми е гајле. Сега во бременост не ме пипкаат, не знам зошто, ама се мислам ова во мешето некое љутиче ќе биде и ни комарец ме нејќе да ме штипне моментално. Иначе 1 комарец да беше во градот мене ќе ме најдеше. По нозете бев ко од војна излезена, во школски сите ме знаеа по нозете изедени, вчера ме гледаат чисти нозе, што е вика ова... Значи трк у ДМ по масло од лаванда и шлакај по кожа, можеш и директ нема никаква штета, не е опасно, а можеш и на алиштата да капнуваш на неколку места, врз чорапчињата, на шорц, фустанче на рабовите и ќе мириса ќе ги одбива.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    21.555
    Пол:
    Женски
    Ја не знам како можеше на мене да е...
    Ќе пробам фала ти многу.
    Мене лично како мала ништо не ми помагаше.
    Престојував претежно на село и се што наброја сум имала и користела.
    Ама што викаш еден комарец да е во градов баш мене ќе ме најде
    Ама детево, вчера три убоди и три отоци, од кој едниот на стапалото кај зглобот и тоа преку чорапи и патики.
    Сирото дете,ќе осети па и сама се прска.
    Знам дека има мака и многу ми е тешко. IMG_20220530_191302.jpg
    Ова е од пред некое време. Не знам како газеше на ноџето.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    Леле јадно дете, ова чеша убива а на незгодно место којзнае која мака ја има. Јас ко мечкине се имам драпано на ѕид од мака. Врв беше кога ме искасаа во глава во коса, леле мајкоооо, тоа тек колку чеша, тоа е страшно ко мислиш вошки имаш. Најверојатно во коса ми се имаше закачено и од мука касал парче ме напраил.
     
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    21.555
    Пол:
    Женски
    Ужас ... Ќе се стаам после по алка и за на нога и за на рака жими се..
    Прежално ми е да ја гледам. Се чеша у спиење, срце не може ни раат да спие.
    Јас еднаш кога отеков така, трудна со неа, маж ми цела ноќ дежураше, на поместување негово во кревет вриснував од болка
    Кај чеша, гори, затега, па и болка некоја чудна.
     
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    21.555
    Пол:
    Женски
    IMG_20220620_190549.jpg
    Неможам да едитирам, мислам се гледа, уште едно има вакво на другата подколеница...
    Вика сега не ја чешале, ваљдаод сирупот.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    Исти вакви само рачунај кај мене имаше и поклопување на неколку каснати. Кај каснатото тврдо топче. Тт ми гореше бутката, мајка ми ациди борици ми ставаше.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Мамички, за проблемов итно ми е бидејќи сум навистина многу загрижена. Се работи за дете од 9 години. Хиперактивно е но навечер ко ќе спие "како мозокот да не мирува туку работи" некогаш знае да зборува во сон некогаш да се превртува некогаш да станува од кревет... Загрижена сум зашто не сум сигурна каде да го барам "чарето" дали на Невролог дали на психолог дали на бајачка ... Не можам да го оставам сам да спие којзнае што може да направи. Доколку некој се нашол во слична ситуација ќе ве молам да сподели искуство.

    (Ако коментаров е за во друга тема префрлете)
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    101.604
    Пол:
    Женски
    Mене ме испратија на Неврологија да ме снимаат. Доктор, мислам беше Врчаковски, не ме фаќај за збор, ја испрати мајка ми со муабетот Мајка детето расте, пушти го да расте и не го малтретирај, какво снимање, какви бакрачи. Јас имав некои 7-8г, се сеќавам ко бел ден, одев по дома навечер, зборев многу, се тепав... И ден денес знам да направам некоја таква работа, ама не толку често. Колку сум поуморна толку повеќе зборам, правам глупости, ќе станам и седам само во темница или барам духови низ соба, дури и хрчам кога сум уморна. Пробај некој час пред спиење да го смириш, пример туш, да му дадеш да чита или да си муабетите навечер пред спиење, не од надвор одма на спиење да оди. Малку е потешко кај големо дете, тоа претпоставувам веќе и со телефон е нон стоп, а многу е важно час два пред спиење да се изгасени екраните, да се смири мозокот едноставно. Така да само мирен одмор од најмалку 1 час пред спиење може да ти помогне.
     
    На marchi-cool и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Со деца не може човек да е раат. Малото попладнево кренало температура. На лекар чисто грло чиста плуќа крвна слика високи леукоцити. Отворив на гугл да прочитам, згрешив, искрено се исплашив. Мислење за високите леукоцити? Е за загриженост или не? Досега ваква ни се случило еднаш откако прими вакцина.
     
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Најчесто е знак за бактерија, ама ако се направи прерано крвна слика може да се и кај вирус покачени. Ништо страшно, скоро кај сите ко ќе се болни се покачени леукоцитите. Не се прави прв ден одма крвна слика.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.963
    За 3 дена пак на лекар
    Син ми скоро од бакт 1 ден качи темп во нос му беше. 3 дена седеше дома ништо не третиравме и помина. Напрај брисеви утре
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.402
    Допаѓања:
    9.277
    Пол:
    Женски
    Од што може да е ова на мајки?
    Има само на усните и не ја чеша,пече...
    Да мачкам нешто на своја рака или за доктор е?
    Два дена го има,судокрем мачкам.
     

    Прикачени фајлови:

  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    21.555
    Пол:
    Женски
    Мојата беше вака од антибиотик.
    Мачкав флогоцид.
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.410
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски

    Да се самоцитирам, од вчера ноќта почна да пие по 2,5 мл сируп Проспан, два пати дневно, дали имате искуство со сирупов? Денес почна многу почесто да кашла и си викам дали е од него :worried:
     
  16. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.402
    Допаѓања:
    9.277
    Пол:
    Женски
    Ништо не примаме моментално,а и не сме во скоро време.
     
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Многу веројатно. Претходниот, а и сегашниот педијатар на мали се против сирупи на база на тревки токму од овие причини, што кај деца не се знае како ќе изреагира, а може да направи поголема беља со секретот.
     
    На KuklickaSk, mal.ecka и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.410
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски

    При кашлање се слушаше дека има шлајм, изгледа сирупот прави така да ја тера да се искашлува и шлајмот на некој начин да се одлепи и исфрли. Ама се засекирав зошто почна да кашла така често , ќе видам деновиве се надевам да се смири. Веќе три недели само докторкава ни дава различни работи да пие ,и никако да престане нос да тече и да кашла..
     
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Знам мачно е. Малиов околу велигденот беше така. Скоро цел месец се помачи. Само кај него во почетокот беше сува кашлица првите две недели. Се беше мирно на кс, само мораксела во нос, што матичната инсистираше да ја поминеме без терапија. Вклучи инхалации и се омекна кашлицата. Само зишто многу долго го држеше на крај вклучи само локална терапија во нос и се среди.
    Сакав да кажам некогаш лечењето е подолго, ама понекогаш подобро така отколку одма агресивна терапија.
     
    На koritsaki и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.135
    Допаѓања:
    45.373
    Пол:
    Женски
    Нормално проспанот ја смирува кашлицата,ама последниов пат кога го примаа моиве како терапија ептен се влоши,стана продуктивна кашлица со шлајм. И јас мислам дека е до сирупот.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.