Да, Коксаки се фаќа повеќе пати. И ние ко имаше малиот немавме никакви симптоми дома, најчесто деца фаќаат.
Да да, среќа. Сега се врати мм , аптекарот помешал две различни капки за нос во едно шише. Треба три пати да и ставам на ден по една капка. А пипетава како што е чудна нема шанси една капка да излезе
Веќе ги порачав малтофер а како се дозираат за година ипол дете? Матичната е на одмор не ми враќа на порака ..
А зошто баш Малтофер барате? Не делуваат Sideral Gocce ?. Чисто онака ме интересира зошто голем број Малтофер ги бараат а тешко се доаѓа до нив.
Дали може коксаки да го повтори одма после прележување или има имунитет? Мојов меѓу првите во групата фати минатата недела, а неделава гледам почнуваат да се множат деца. Сакам следна недела да оди во градинка, сигурно уште ќе го има вирусот меѓу децата. Безбедно е или да се снаоѓаме уште една?
@Cherry333 не верувам одма, подолго после симптоми останува во телото колку што знам. И да фати втор пат по подолг период полесно поминувале.
Шарлах од бактерија се добива, повеќе пати може. Ова е вирус ама има разни видови, како грипот, затоа нема имунитет траен.
Мајки, овде ќе прашам. Син ми (8год.) од пред малку почна да се жали од увото, дома ги имам овие капки. Маж ми ги има донесено од Мк, ниту упатство имаат, ниту знам дали може на деца и по колку и како. Некој ако знае да помогне?
Јас ова не би ставила. Затопли, ако не се смири носи на итна. Моето е со воспаление на уво и заврши со антибиотик еве веќе 10 дена, уво не е играчка, вакви капки, без никакво име, не ми е безбедно.
Втор пат нема ни да приметите дека имате коксаки о да се заразите. Може да се заразиш, нема да развиеш симптоми или сосема минимални затоа што телото памти што поминало. Како и да е, се префаќаме од децава. Ја у последни 10г не сум била толку болна вкупно како во последниве 2. Мислев супер имунитет имам, тоа само немало кој да ми кива во лице.
@KuklickaSk исто особено во бременоста сега, зимата тој само носот растечен, јас сто пати префатив. Стомачен од ко се роди не знам колку пати сме фатиле со него, а пред тоа не знаев што е..
Рок имаат ли? Може се некои преточени батали ги. Тобрекс ако имаш можда и можеш. Дај му парацитамол ако го боли па утре на лекар. Види на стискање дали го боли, дали зуе да не има вода влезено...ако го боли на стискање воспалено е сигурно.
Abe da ne pisea vo grupata od gradinka nemase da znam...ima nekolku tocki na stapalata mislev od pesok sto gazi prvpat ili od novite sandali neso se isfrlala. Na drugi mesta nema. Ne znam kako da se potvrdime toa li e ili ne. Sakav da ja vakciniram posle odmor so mrp
Рок имаат уште една год, и уредно се затворени ама сепак не му ставив. Му ставив топли облоги, му дадов парацетамол и за еден час му се смири. Не знам дали има врска, пред два дена се вративме од одмор, вода да му влегла или да настинал, и на малата почна уште таму носот да и тече, уште не и престанува.