А вака ок е детето? Јаде ли ? Мош и не е коксаки, ама викаш и во градинка има. Околу устата и пеленска регија има ли? Мојата само таму имаше.
И ние пред 1 месец пројдовме. Не се мачка ништо на точките, ќе си поминат. Температура качуваше мојот едно добри 4-5 дена по ред. Среќа немаше афти во устата како што имаа други деца од градинка, ама секако мнооогу слабо јадеше. Само гледај да е хидрирана, ако неќе да јаде не се нервирај, нормално е. Со лесно да проаѓа.
На моево само првата доза од Сидерал му помогна, после тоа пиеше пак и тоа 3 дози и за џабе. Сега нарачавме Малтофер па ќе видиме.
Jade, vcera i denes malce poslabo ama pa i pekol e nonstop ispotena. Inace pak se 3 obroka 2 uzinki. Temp nema niti osip okolu usta i na pelenska...a vo gradinka nekolku prijavija varicela ali toa go projdovme i edno koksaki...taka da ne znam stvarno. Kako i da e mrp ke poceka a ova koksaki ili ne eve proagaat na stapalceto tie. Epten se pogodi u isto vreme i bosa na pesok i novi gumeni sandali i koksakivo od gradinka
Здраво, малата е 5 год, неколку дена по ред на гаќичките има некој жолто зелен секрет, а прееска се пожали на мешето многу ја болеше, па и се потсмири. Сега качи и темп. 38.5,на одмор сме, можно ли е тоа да е од некоја бактериска инфекција, со што да ја мачкам?
Мајки, немам памет со детево мое. 5 години е Цел месец де и протекува носот, па ќе качи температура до 37.7 и ќе и помине само од себе, давам Виранто тогаш. Ќе се опорави и ќе појде во градинка и пак исто. Еве сега од едната ноздра од носот и протекуваат погусти мрсули, а пред тоа беа проѕирни. Има температура 37.7, а весела е. Сама и се спушта на 36 со 8.9 Пукнав.Совет?
На ногата личи на уртикарија, на рачето личи на егзем. Алергиски е нешто, дали е од некој инсект или тревка не би можела да кажам точно, прашај матичен дали да дадеш нешто за алергија.
Здраво мајки. Ние од вчера попладне цела вечер и сабајлево се мачиме со проливче. Ништо поразлично не е јаден исто ко и секој ден. Далк има некој вирус и совет што да му дадам никогаш до сега сме немале проливче две години имаме ????
Мојава па ноќеска три пати се исповрати и еве цело сабајле е како малаксана и спие повеќе. Има сега стомачни вируси овој период. Електролити давај и пробиотик. Можеш и ентерофурил сируп. Јас давам и чај од нане за мешето. Диета обавезно и тоа е. Ќе мине
Дали е можно стрептокока во нос да прави проблем, а детето има преневар примено? Само што ќе појде во градинка почнува проблем со носот и температура никаква 37.2, 3, оди до 38 и сама се спушта, детето е весело. Еве сега има и како жолти мрсули. Очајна сум веќе. Зарем само со антибиотици ќе се труе. Утре ќе ја носам на лекар.
Брис направи ли? Антибиотик каков пиеше? Вакцината е за полесно да се справи организмот, а секако може да прави проблем. Кај синко од нос на уво се прошири инфекција.
Не сме, викенд дека е. Утре. Јас се сомневам на бактерија. Инаку пиеше во април Панцеф поради стрептокока. Знам дека може да фати и вакцинирана и не и правеше и тогаш некој проблем, само носот и беше полн со секрет. Барем да не пие антибиотик зашто во градините постојано ја има. Еве сега нема температура, а носот де проѕирни мрсули, де како жолти, но не се многу густи.
Кја моето беше така 3 дози превенар, почна во градинка и цело време стрептокока во нос и со температура... На крај направи и бронхит од тогаш не се осудив пак да го пратам еве месеци и кусур помина