Мајка, не е тоа решение. Мојата има 5 години и ќе почне и во школо. Не може да не оди со месеци. И во школо тие болести ќе ги поминува. Ќе видам утре, прво крвна слика ќе и направам.
Zdravo feminki, imam edno prasanje mozebi nekoj ima iskustvo so ova. Kerkami ima kaslica koja I se povtoruva veke po 3 pat. Dobiva napad na kaslica koja izgleda strasno dva pati primase inhalacii I sirupce za kaslica ama tretiov pat ne pominuvase t.e dva dena kaslase strasno i morase da e bocnat urbason. Plucata I e cista. Dali nekoja od vas ima iskustvo so ova? Nikogas ova ne mi se slucilo.
Кој ти кажа колку мал период? Кај мене синчето знаеше да фати таква кашлица и мин на 10 дена антихистамини го ставале (Лоратадин или Аеирус). Еднаш 3 недели пиеше по препорака од доктор. 2,3 дена не се ништо, таман сте смириле... она пак почнала да кашла на алергиска база. И смени прашак, омекнувач, може да е од нешто такво. Ама може и да е нешто од надвор (нз што цвета сега).
Ko ke I pominese I prekinuvav se. I pak I se vrakjase. Sega dve inekci urbazon i dadoa I da prodolzam so ajrius treba. Se nadevam ke se sredi.primase li urbazon?
Не дошло до урбазон зошто не му прекинував терапијата така за 2 дена, пиел по 10 дена обавезно. Убаво прашај колку да ја пие терапијата со антихистамини, да не дојде пак до повторување кога ќе прекинете...
Колку дена трај вирусот со температура? Малата има 2 год и 2 месеци... 39.4 темп дадено еферслгам сируп. Еве по три саати веле пск крева и моментално има 38.2 а сигурно уште ќе крева. Што да правам дури дојди време за следната доза сируп?
Тт два дена и пролив само што дојдовме на одмор другиот ден крена ,давам далерон и му паѓа електролити и пробиотик, чајче нане ама еве два дена веќе го тера и ме фаќа паника
На 4 часа ќе комбинираш Бруфен со Парацетамол.Најизменично. Вироза не поминува за еден ден. Хидрирај. Ќе помине.
Дадов после четири часа блокмакс и темп не се спушти под 38 ..па морав и туширање..по неколку часа од сирупот се спушти..денес се жали и на мешето а нема дијареа и повраќање. Трет ден денес..
Има и стомачни периодов, има и вирози со висока т која тешко паѓа. Болка во стомакот дури и стрептокока знае да даде. Ако имате и утре темп носи ја на лекар , за кр слика. Најверојатно до денес ќе биде.
Фала ти..пратам ситуација...сега ми рече и матичната да и дадам пробиотик.електролити и наусолвит џуниор па се надевам дека ќе помини. Ептен страшен вирусот...не очекував дека на даден сируп не паѓа температурата. Се надевам дека бебето нема да го фати.
Јас да се самоцитирам , денеска завршивме со антибиотик минатата среда ја носевме на доктор поради тоа што ноќта крена т, ја прегледуваше, немаше ништо освен кашлица и носот што и течеше, по сирупот што го пиеше и капките во нос што и ги ставав, престана да кашла толку и престана носот да и тече. Денес ми се јавуваат од градинка кренала т 38.6 и директ на лекар пак ја однесов. Овој пат имаше гној на крајниците и и пиша антибиотик. Ја прашувам има ли врска тоа што кашлаше еден месец , вика не , сега закачила нешто друго, така е со градинките
Само еден ден имаше темп, веке не се пожали на мешето, но уште има некоја инфекција изгледа мириса како на риба, што да правам дојдени сме од одмор дали да ја носам кај матичната
Едно прашање, пиеше антибиотик во 20 часот, може ли од утре да почнам во 9 да и го давам,? На 12 саати се пие. Овие денови секако не ја праќам во градинка па да не ја будам рано.