Ништо не е, мојот се напи од градски базен Во нашиот и ние ставаме некои средства (не сум сигурна што) и од таму се има напиено, се беше ок.
Кај мене Алекс изгоре од тт 3-4 дена, честа столица, сега после недела сеуште со кашлица и шлајм. Вики и Ели еден ден кашлица, делуваше дека се полни шлајм, другиот ден веќе буквално никаков симптом.
Аааах бре, болни беа и двајцата пред 2 недели и уште коронава им фали сега. Маж ми веќе е супер, поминаа кај него 7 дена од првите симптоми, а 2,3 дена е без ништо. Јас сум веќе 2ри ден со температура до 38 и мн јака болка во грло и затнат нос. Вчера тестот од аптека негативен ми беше скроз ниту бледа линија, денес пак направив жар линии. Сега сум ептен заразна или нема врска тоа?
Тука при проверка на пцр тестот ни дадоа една вредност спрема која се следи дали сме во пикот на заразност или веќе опаѓа. Искрено вака не би знаела да кажам. Кај нас високата тт не уништи. Еве сега мерев, во „супер„ стање, 38.1 е
Најверојатно зависи и кој сој е... Ноември кога имавме многу полоши симптоми имав јас со висока температура (и тоа 2 недели имав) и сите можни други симптоми (гадење, повраќање, дијареа, болки низ тело, главоболка, кашлица, изгубен мирис...). Сега за сега мислам дека подобро поминувам Маж ми сега беше со ден температура само, не висока, болка во грло и на крај мн јаки болки во нозе и кичмата, на 5ти ден веќе се опорави. А првиот пат па само мирис и вкус изгуби. Децава во ноември Тео само потешко, 5 дена висока температура, кашлица, високо црп и беше и на антибиотик... а малово па подобро 2,3 дена температура не мн висока и малку да кашлаше. Кога да очекувам кај нив симптоми... (кај маж ми од 26ти почна, јас од 30ти)..
Ќерка ми има 5 години и цел месец де ќе настине со температура до 37.8. и сама и се спушта, весела е. Ќе ја оставам дома два дена и штом појде во градинка, пак истото. Со носот си фрцка, де и тече, де не. И правев крвна слика со црп во вторникот, матичната ми рече блага вироза, ништо страшно, но јас сум загрижена веќе. Дали е од градинката вака? Совет некој.
Уфф, и јас истото сакав да прашам. Може ли децава да поминат без никаков симптом или мора да појават нешто??? Мажот ми од 28-ми со симптоми, на 30-ти се тестираше позитивен. Кај него сите можни симптоми. Првиот ден температура 39,2. Вториот ден, пак имаше температура ама пониска. Исто има треска, главоболка, омалаксаност, болки во мускулите, од вчера почна да кашла. Јас сношти качив 38,5 денес цел ден ми е 37,7. И јас истите симптоми како мажот ми. Кај ќерка ми, две години е, кога да очекуваме симптоми? Само се молам, барем она без симптоми да помине Инаку прв пат сме позитивни.
Првиот пат кога прележавме, 2 дена после мене и двајцата одеднаш пројавија симптоми... Сега за сега нема ништо кај нив. Дури си мислам тоа пред 2 недели што беа болни да не беше сепак корона. Маж ми од нив, па јас на крај.. Ќе видиме деновиве..
И јас два дена после мажот ми фатив. Дај боже и кај нас да биде така. И нашава нон стоп е со нас. Носиме маски, ама мислам дека што и да правиме, штом сме во ист стан, не е можно да ја заштитиме. Плус деновиве како лепак е по татко и.
И маж ми два дена после мене. Маска пробав да ставам, малата се исплаши и ми ја тргаше. Немаше смисла носењето.
Еве ја и малава денес качи 38,5, два дена после мене. Дадовме долерон, се симна на кратко и за два саата пак качи.
Здраво малата се поти многу има бујна коса и претежно се поти во главата ама кога се поти имат јако непријатен мирис дали е тоа нормално? Isto taka i se pojavi osip na gradite i na grbot ja cesat ve molam za mislenje