Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Ambra20

    Ambra20 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    И ние закачивме стомачен вирус. Цела ноќ повраќаше, денес е само со тт до 38 и ништо не сака да јаде, пие само хип електролити и едвај малку банана со ориз касна. Колку држи вирусов да не знае некој?
     
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Мојот беше така во петокот, ноќта имаше само тт, сабота веќе немаше тт, ама ништо не сакаше да јаде, апсолутно, само јогурт, и тек тук чајче, недела пак не сакаше да јаде, тек од понеделникот повеќе. И мене со него ме фати, па на двајцата по околу 3 дена ни беше
     
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    37.206
    Пол:
    Женски
    Во право си ама чај од кромид е
    Во право си за се. Ама да не даде чај од кромид на своја рака е исто како да не даде чај од нане без дозвола од педијатар.

    Со се лушпи @Biljarkata. Црвен кромид. Ако ставиш 100 мл вода, да поврие додека да дојде до 50 мл и потопол се пие по малку.
     
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила...
    Еве прост пример, исто со чај.
    Чај од бел слез демек за разводнување на шлаем.
    Пред скоро 2 год мислам го предозирав детево, до тој степен не само што го повраќаше шлаемот, туку уште толку сум го иритирала да кашла, едноставно кажано, сум му го мачела организмот.

    Слично и со инхалациите.
    Нам ни се спас во икс ситуации.
    Но, во случај на бактерија не се препорачливи, можела да се прошири, поголем обем да зафати.
    Затоа и инхалирам, по претходен совет на лекар.

    Во случајов велиш да го дава чајот потопол.
    Што доколку детето има ларингит, а мајката не знае, не може да го препознае, не била на лекар.
    А, во случај на ларингит, топло никако не е препорачливо.

    Ова се само неколку примери дека и една навидум обична кашлица не смее да се третира во стилот сам свој лекар.

    Пред 2 год од три поткашлувања, завршивме во болница со бронхопневмонија, а отидов на лекар чисто инфо, знаејќи дека детево брзо спушта.
    И епилогот беше хоспитализација.
     
    На Lady*Bug, M&M, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    221.352
    Пол:
    Женски
    И јас на своја рака ништо не давам. Нит чаеви нит оцети не мачкам нит алхохол како ми каже доктор така.
    Тоа дека претходно се имаме изгорено во фамилија со темп и со оцет и со алхохол и со чаеви.

    Прашајте си матичен за се. Така е најсигурно.
     
    На Sexybaby86 и PUPICA им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.420
    Допаѓања:
    108.213
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право, ама не можеш за се нешто на лекар. Јас на моево често му го давам и брзо делува.
     
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Па, да, меѓутоа од нашето искуство, го носам.
    Не сакам да ризикувам...
     
    На Alishan30 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    37.206
    Пол:
    Женски
    Во право си.

    Ама јас друга мака имав. Два пати по ред на лекар бев кога кашлаше и ми рекоа само проспан да давам и два пати бронхитис и салбутамол. Третиот пат не отидов и си го лечев по старо со кромид и за еден ден оздраве. Ама ете можеби среќа додека го натерав чајот се ладеше па ете да било ларингит може ќе сум направела полошо. Јас ја следам мојата интуиција.

    Исто кога педијатарот ни препиша антибиотик за воспалено уво го прашав дали мора одма, дали може да почекам. Ми рече ако сакам да почекам. Му помина со отривен, бањање и свеж воздух. Тогаш сите ме советуваа во темата да дадам одма да не се играм, почитувам сечие мислење, но ја послушав мојата интуиција и не згрешив. И педијатарот после ми рече браво што сме успеале без антибиотикот.

    Многу пропусти има кај педијатрите и немам доверба. Првиот не ми дозволуваше да користам физиолошки раствор. Кога му спомнав за капки за грчеви ме направи ненормална. Ниеден до сега не ми рекол со антибиотикот давај и пробиотик. Случајно го слушнав Сајковски на тв па од таму знам. Еден ми има речено кога бев на приватно од мака што не јаде детето со сила да му бутам.

    Значи консултација со педијатар, форум и мајчина интуиција па заклучок.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.420
    Допаѓања:
    108.213
    Пол:
    Женски
    За увото не си во право. Незалечени ушни инфекции може да доведат до прскање на ушно тапанче, сериозни компликации, од лично искуство ова ти кажувам. Кај внука ми се потврди. Секоја ушна инфекција со топло и со ОтолХ ја лечеа, кога наеднаш толку се воспали увото та дури надвор и беше црвено, стигнаа до пеницилин. Кај уво играчки нема. Додуша и со кашлање, бактерии и слично нема, ама можеш да контролираш, има мајки кои си ги распознаваат веќе децата како кашлаат и знаат. Јас знам секогаш кога кашла знам дали ќе спушти или не, го распознавам, во комуникација со педијатарот ми има укажано на што да пазам и така.
     
    На mal.ecka и IvanaCS им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    37.206
    Пол:
    Женски
    Така и јас знаев дека има простор да помине без антибиотикот за разлика од првиот пат кога било многу воспалено и мораше антибиотик. Е тогаш да не дадев ќе имаше компликации ама јас тоа го знаев. Значи има ситуации, подситуации, најразлични состојби. Затоа велиме дека секоја мајка знае што е најдоброто за своето дете!

    И самите педијатри тука не даваат од дома антибиотик ако нема потреба. Прво препишуваат капки Отривен. Сведоци сме на педијатри што дале превентивно антибиотик на дете што му тече нос, а можеби станува збор за обична настинка.

    Јас постапив правилно. Доказ е здравјето на моето дете.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.043
    Допаѓања:
    188.008
    Еве сум јас пак со кашлицата. Добро како за еден ден поминува? Колку чај од кромид се дава на ден?
    Инаку, не ми е мало детево, скоро 5 години ќе напраи, ама или сум забораила или е ова најчудната кашлица евр. Ден е сува, ден е несува... Се јавив на педијатар, нормално, третиот ден, ми ги кажа сирупите што ги имам и капките. Главно се антихистаминици а ко ќе прочиташ несакани дејства, од губење апетит, дијареа, повраќање, до бучење на срце:headbang:... Тераме засега со тој што и го убива апетитот, инаку детево мое слон знае да изеде, денес и супата и беше проблем, не и се јадело.
    Да ја носам на лекар, да проверуваат бактерија од грло, има ли поента и дали воопшто може да биде бактерија? Ништо друго освен кашлица нема, ни нос затнат, ни грло црвено.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Може да е бактерија, што да не...
    Мојов сега има бактерија, а освен еднаш што крена тт 39.3, немаше никаков друг симптом.
    Велиш не јаде, можеби ја боли грлото, иако не е црвено.
    Ако има 5 год може и да каже, ама и не секогаш им се верува на децава]:)
    Јас пак ќе речам, би пошла на лекар и кс и брис.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.764
    Пол:
    Женски
    Ако е алергиски, чај од кромид нема да помогне. Инаку сите лекови имаат несакани дејства, ама кога се неопходни, подобро да се земат. Ја боли грлото?
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.043
    Допаѓања:
    188.008
    Нит ја боли грло нит ништо, само кашла суво, како кутре;(. Бевме преѓе надвор, ми се чини поубаво диши надвор и како посодржајно, дома само суво:?:
     
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.764
    Пол:
    Женски
    Може да е алергиски. Дај хистаминик, ако се смири, алергија е. Нема врска што дома ѝ е подобро, може да е прашина или некое цвеќе што го чувате. Ние имаме дрва под прозор, секоја година тројцата нѐ фаќа алергија.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    37.206
    Пол:
    Женски
    Чајот од кромид е за исфрлање на шлајмот најчесто преку кака. Штом не поминува крвна слика.
     
  17. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Малиот е од вчера со температура, а денеска се нафрла на дланките, рацете и нозете. Бевме на лекар ни рекоа коксаки вирус дека е, а покрај тоа и гнојна ангина има, па ни даде сируп оспен, а за осипот ништо, вика само од себе ке си помине. Има некој искуство со овој вирус? Колку време трае? И може ли потешки компликации да направи.
     
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.764
    Пол:
    Женски
    Обично сам поминува, без посебно третирање. Појачај витамини и ако го чеша осипот можеш да мачкаш со бела пудра или има една пена, покс клин.
     
    На Alishan30 и kalinaka им се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Вирусот дава и осип на грло, може не е ангина. Исто беше и кај моето и докторката кажа дека лесно се греши и се препишува антибиотик, а вирусни се топчињата на крајници. Кај нас и грлото и вирусот поминаа за неколку дена, без посебна терапија само далерон.
     
    На kalinaka и NarCis@ им се допаѓа ова.
  20. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    И јас помислив на тоа, ама веке го почнавме сирупот и ке го терам 5 дена, шубе ми е да го прекинам. А крвната слика леукоцитите мирни, а црп 78.