Поболна сум од нив после тоа. Па и страв од грчеви имам,цело време со тахикардии сум кога е болна малава.
Мислам дека ништо не помага. Мојата лани падна цела во коприви, ја намачкав со камагел ама психички да и помогне, затоа што викаше намачкај ме со нешто. Мислам дека освен психички немаше друг ефект. @Black girl а да пробаш со сируп со шприц, од чепчето поспоро спушта. Со мокрачата што направи?
Нема во урината ништо. Излезе бактериска инфекција, црп високо и леукоцити исто. Температура 40.7., ставив чеп Неофен, ќе полудам мислам. Денес почнавме и со Панцеф. Малаксана е, тешко соработува за пиење сируп.
40.7. и измерив. Ова првпат ни се случува во овие пет години, да е олку висока температура. Памет немам веќе.
Едно девојче се тркалаше по еден рид и директно во едни огромни коприви не знаев како да помогнам многу плачеше а мајка и прво и викаше па после ја однесе со вода да ја мие кога и пројде ми олесни греота детето ама секогаш мора да се гледљ накј детрто значи што дупка огромна ако имало таму или змија било што уффф се препотив целото отиде барем малку фа се ижураше а вака цело тело а по лратки тоа
@Black girl немој да паничиш тоа е најбитно сега. Наполни и коритце со млака вода да нема голема разлика со нејзината температура, стави и играчки и нека игра нека се лади. Јас исто така мачкам и со алкохол. Ако ти вели дека и студи немој да ја покриваш, само лади ја. Мојата се тресеше и помодре цела. Расоблечија. Нека се лади. Ќе почни да делува антибиотикот за ден два ќе намалува температурата.
На нас првото разболување ни беше со толкава температура, можеш да замислиш. По цела ноќ стоев со него на тераса до следна доза сируп. Мораш да собереш сила уште некој ден да делува антибиотикот и ќе помине. Имајте лесна ноќ
Имам дигитален топломер на Гератерм, мерам кај малата и ми покажува 38.5, а оној под пазуви 37.5. Зошто така? Претходно меревме само со дигиталниов, но си велам ако не бил точен
Дифиталниот секогаш ми покажува повеќе отколку под пазуви. Јас рачунам минимум 0.5 од тоа што ќе измерам или ептен ако е сомнително мерам под пазуви.
Јас имам таков и точен е. Обично кај дигитален се оди со +- 0.5 степени. Ама, ако детето има 40, покачена е секако Т, не може до толку да згреши. Ако дава 37.5, земај со резерва и води се според детето.
Ми покажа точно на двата, сменив батерии. Инаку еве јас сум избезумена. Трет ден ми е со температура, оди над 39. Ќе спушти малку и пак качува. Според кс е бактериска инфекција, втор ден пие Панцеф. Има пет години и прв пат сме вака. Пред инфаркт сум мислам. Кога ќе дејствува Панцефот?
Ќерка ми(5 год) четвртокот крена тт 38,4. Пред тоа се жалеше како и студело многу во градинка, пошто тука ги форсираат децава на било кои временски услови да си играат надвор. По мое ,беше прикладно облечена, имаше и патики на нозе место сандали и дукс носеше, ептен беше температурна разликата меѓу средата и четвртокот. И дадов сирупче ,спадна и цела ноќ ја пратев, креваше максимум до 37,4 и сама паѓаше. Петокот се пожали на болка во грло. Вчера забележав дека има две афти во устата и грлото и беше жар црвено и има мозолчиња со бел врв како гнојарци на крајниците... прв пат го гледам ова... гуглав дека коксаки изгледа така ама нема повеќе тт освен тогаш, нема ништо ни на раце и нозе. Или гнојна ангина изгледа така? Утре планот е кај матичната да одиме, стварно не знам што можат да бидат мозолчињава... Некоја идеја што може да биде од поискусниве мами?