Фала. Толку и му дадов 5ml. Не знам ни јас дали треба повеќе. @Alishan30 Ако е битна кг., мојот е 13.8 кг и е 19 месеци. Трети пат дига месецов тт, до сега комбинирав далерон со блокмакс, но немаше некој ефект. Се надевам со сирупов од Алкалоид ќе е подобро.
И кај синко е вака исто и кај маж ми. Обавезно и отечено од страна Онојпат внук ми беше лом баш како што опиша И чеша, многу чеша
Зависно од кг, 13,8 по 10 на кг/тт, излегува 138. Може и 6мл да се даде. Затоа распонот е од 5-10мл. 5 може и на 38,5 да се даде, а ако е повисока може и 7мл, па и 10.
Пред еден месец падна синко од велосипед си ја дупна главата, на лекар го залепија и му ставија едни фластерчиња ми рекоа додека да падне само да не ја водена раната. По 9 дена си ја удри главата раната се отвори повторно истата процедура значи лепење па фластерчиња да не се водени и да падне само. Сега поминаа скоро 3 недели, фластерчиња се малце пододлепени од страните но не се паднати скрос веќе се и прљави од надвор. Од горната страна денес погледнав може да се види линијата од повредата што претпоставувам можам да ги симнам, но мислев некој ако има искуство да ми пише дали сам паднал фластерот или сепак треба малце и јас да го тргнам?
Фластерот ако е стери стрип, се лепенчиња кои заменуваат конец, и обично 7-10 дена се носат и се вадат, треба доктор да ви ги извади ако процени дека раната е заздравена
Мене ми рекоа само ќе паднат дека не треба пак на контрола, ме плаши што првиот пат на девети ден ја раскрвари и кога ги извадија и го исчистија раната беше отворена. ( Не сум во мк, таму претпоставувам и антибиотик ќе добиеше тука само ми рекоа пази ако се црвени и го боли донеси го) незнам дали се тие под нив ставија буквално лепак како брз и одозгора тие. Ќе се јавам утре кај матичниот ама дали ќе ми даде термин за ова незнам, затоа и прашувам.
Рана заздравува за 7 дена, незнам какви фластери ви ставиле, ама 3 недели се доста и премногу за носење. Утре најдобро ќе ви кажат Спојлер Ова се лентите за кои ви зборувам
Детево втор ден е со растечен нос и сува кашлица. Две годинки има. Температура вчера немаше. Ноќва му мерев, околу 37 е, утрово исто. Ама повеќе кашла од вчера. Вчера се слушнав со докторот, рече ништо да не правам, само оперил и солен раствор во носот. Ама вчера беше во ред. Сега ме загрижува температурата дали ќе ја покачи.. Неговата братучетка е помала, она само температура покачи, на доктор им рекле црвено грло.. Со исти играчки играат, веројатно вирус е. Искрено многу се плашам. Кога се разболува син ми температурата многу високо му се качува, и заради тоа го повлеков од градинка.. Веќе неколку месеци не го носам. Е сега дајте ми совет, бидејќи морам на работа од 9 да одам, ќе го чува свекрвата.. Вчера тетка ми вели намачкај го со Expulmo на градите и грбчето. Ама не го намачкав зошто претходно доктори имаат ми кажувано дека тоа загрева и не е пожелно.. А и триста филмови си направив да не му створам бронхит од Expulmo (Павле балсам го викаат)..
37 ne e temperatura nudi tecnosti neka seta po cist vozduh , nekoja ovoska i ostavi go neka se izbori organizmot.
Немам давано сируп. Само пропоназол спреј во носот му ставам. Постојано трчам по него со вода или сок. Само се плашам да не ја искачи многу висока температурата...
Не се секирај за температурата само обавезно оди да го прегледаат штом викаш повеќе кашла. И најважно, чисти го носето да биде проодно. Вирус некој е најверојатно, ќе помине за брзо.
37 не е температура покачена. На 37.5 се смета за покачена. До 38.5 ништо не се дава. Нуди течности и постојано чисти носе. Expulmo е супер. Го пушта носот. Не загрева многу а олеснува дишење ноќе.
Нагло покачивме температура 38.8... Докторот одреди 10-11мл доза парацетамол ако давам на 8 часа, а ако давам на 6 часа 7-8 мл. Луѓе не можам да опишам.. Тројца му дававме сируп, се живо исплука, два пати го исповрати. Поим немам колку испи колку исфрли, дополнив уште еден шприц, и пак исто... Не сака никако.. Доктор го виде рече вирусно е, антибиотик не треба, ама за секој случај утре крвна слика со ЦРП. Според докторот вечер ќе качува повисока температура, ми кажа да спремам живци и да гледам блокмакс да дадам 6мл кога ќе ја покачи. Ќе полудам.. Преку ден беше добар, весел, играше... ама сега ептен е малаксан.. еве заспа дури и без цуцла. Многу сум загрижена... Претходниот пат до 40 температура креваше, 8 дена не ја спуштивме со ништо....
Чепчиња земи штом повраќа, вака не знаеш колку си дала, колку испил. Имало некој вирус со висока температура 3 дена трае, имаше некој син ми го фати до 38.5, а има и ковид. Имајте лесна ноќ.
За вакви деца чепче е решение. Земи од 300 и мир и мирна глава. И моево правеше така. Пробај парацетамол со вкус на јагода, не е лош. Мачкај и со разреден алкохол.