Мојата е пет години и ставам чепчиња кога има температура. Многу тешко соработува за сируп. Земи чепче.
Синко од сабајле со 39т, повраќа сируп, вода, не сака ништо... како да му давам течности, страв ми е да не дехидрира... до сега му немам давано чепчиња, за 2 г, колку се става?
лепчињата се дозираат сопред килажа. Барем јас така знам. Ако не ти се носи на лекар прашај во аптека. Штом е и со повраќање вероватно е стомачен вирус
прво смири го желудникот па потоа давај електролит по една мала лажичка на 15 мин, вода исто и ладен чај од нане, температурата спуштај ја со чепче стомачен вирус е , поминаа и моите за 24ч совет од педијатар ми беше травелине или драмина, (одма се смири повраќање) иако давав и наусолвит капки, немапте ефект... п.с консултирај лекар за дозирање
Благодарам мајки. Синоќа имаше од 37 до 37.5, не давав сирупи. Исто и денес го држи околу 37. Кашлицата стана по влажна, ама не кашла толку често. Носот си тече. Крвна слика правевме, нема ништо, леукоцити се 5, а ЦРП е 9. Лимфоцити и гранулоцити исто во нормала. Фала Богу најдовме добар матичен лекар. Претходниот без врска даваше куп лекарства. На секое разболување антибиотици и кортико, без крвни слики и брисеви, па бев принудена сама да одлучувам како ќе го лечам. Сега матичниот новиот, вика не треба антибиотик, ќе помине без терапија, ми спомна ако сакам да земам некој сируп за искашлување или евентуално инхалации само со физиолошки. Негде на форумов имав прочитано дека сирупите за искашлување поголем проблем можат да направат, па не сум земала уште сум на мисла.. Инхалаторот не ми функционира, чекам резервен дел веќе 2 недели откако е порачан.
Пред неполна недела го касна инсект на рачето и му потече цело. Матичната ми рече да мачкам само камагел, да ставам ладни облоги и 5 дена сируп за алергија (алвотадин). Вчера заврши со сирупот, отокот од рачето му спадна, само местото на убодот е тврдо како топче. Денес стана од спиење потечен на средина на челото како да се удрил на нешто. Гледам, пак убод има. Поим немам од што е каснат на два пати, претходно бил каснат од комарец, му се правеа такви топчиња на местото на убодот ама оток не. Не можам да ја добијам матичната, на одмор е. Освен камагел шо можам да правам друго? Вчера дадов 5ти ден од сирупчето, пак да давам уште 5 дена? Синопен смеам да мачкам, 14 месеци има?
Прочитај на упатство колку време се пие. Ама по логика лекови за алергија може да се земаат подолго време. Син ми е поголем и пиеше 2 месеци за сосема друго. @Annath @Spidy @Alishan30 ги тагирам кога е во прашање лекарски совет. Најдобри се, секогаш ми одговараат штом ке видат. Синопен беше за над 2 или 3 години.
Во упатството на сирупот пишува само дозирање, а времетраење по препорака на лекар во зависност од типот на алергијата. Имам и синопен дома, во него пишува до 1м да не се мачка, ама некаде имам читано/слушнато дека до поголеми не се мачка и немам мацнато ништо освен камагел и коцка мраз (колку шо дозволува да држам). Ми е жал шо го гледам, цела фаца му е деформирана од отокот.
Јас не сум стручна ама малата кашлаше подолго и матичната ми рече сируп за алергија да и дадам (зиртек) 7 дена да пие. Кога завршија тие 7 дена се слушнавме и рече дека ако почне пак кашлањето ќе продолжиме со сирупот и дека деца долго време го пиеле као со месеци. Е сега вака ми кажа она сепак најдобро со стручно лице што му веруваш да се консултираш. Поздрав
Сируп смееш да даваш уште, синопен ако се чеша може да мачкаш. Земи нешто против инсекти да спречиш вакви убоди, дома ставете комарници, евентуално апаратчиња за инсекти.
И ќерка ми е со отоци кога ќе ја касне нешто, некои деца едноставно се поосетливи. Ако даваш сируп, обавезно повеќе дена, од еднаш ништо нема да постигнеш, ама јас повеќе ефект сум видела од локално мачкање на синопен додека не спадне црвенилото и отокот. И нон стоп се шетам со спреј за комарци, превенција е најдобра работа.
@IRBBB може и подолго сирупот, плус витамин ц давај капки и локално камагел и антикорт ако можеш да најдеш на фрезидерм. За синопен не дека не може, ама овие може и подолго да се мачкаат
Малата има стомачен вирус е сега ме интересира по колку капки се даваат наусолвит јуниор 2 год и 3 месеци има. Беа на доктор ама не му кажале на мм за дозирање. И кој пробиотик да го земам.моментално давам waya..дали со него да продолжам или некој подобар да и дадам.
Фала ти...само ушт едно да те прашам, мислам дека си докторка...имам бебе 2 месеци ..дали има шанси него да не го фати вирусов или многу е заразен? Ќе полудам од грижи
Ми иде да си акнам еден шамар.. како не ми текна да земам Виранто уште на почеток. Денес ќе земам. Детево е ок, нема температура, ама многу лошо кашла и хрчи некако. Се плашам да не симне на плуча. Не соработува за ништо. Нема јадено ништо, а некој ако покаже грицки, чоколади и гумени бонбони трча да грабне.. Од сабајле 4 оброка му спремив различни, за ништо не се согласи ниту да проба. Со сила му давав, плукаше.. И така многу е слаб, сега уште толку ќе изгуби килажа.. Хемоглобинот е на ниска граница, ќе полудам.
Bebe 15 mes mi e bolno so temp kaslanje i gurelki na okoto. Ke odime utre kaj maticnata nego ova e prva bolest otkako ne cica pa ne znam bas kako so tecnostive. Cel den si piese voda super, e sea nokva sto da i dadam pak voda? Ili da ja ostaam taka? Eve sega dadov blokmax za temp, ama odma si zaspa posle sirupot ne pobara da pie nesto. Drugo prasanje ova hidratonot kako se rastvara i sto vkus ima, go pijat li decava ili os start da spremam spricot ?