Син ми гурелки му се појавија кога имаше бактерија и ушите му се воспалија после тоа. Иначе бил на ад т.е. уште е 22м има. Сум давала стандард 2 ад преку ден течности ноќе никогаш не сум му давала.
Мојата исто крена температура од никој на никаде, ни кашлаше ни ништо. Еве од вчера со тие гурелки исто се оправаме. Ноќеска ужас беше очињата залепени а од сабајле подобра е ок е. Неможам да сфатам ни гурелките ни температурата зошто се појавија ? Ви кажаа нешто вирусно ли е тоа или? Матичната нема некој конкретен одговор. Да се едитирам колку време не ги пуштате во градинка кога е такво окцето или се додека скроз не се исчисти
кај нас кога и се правеа гурелки на брис во јзу испадна бактерија стрептокока во очи и носе. испитајте
Cekame rezultat od brisevi. A za toa sto se budi od bolka za da se isprdi rece imalo takov stomacen, uredna stolica ama teski gasovi. Dali nekoj koristel flonivin probiotik? Ima sistence i kesicka u pakovanjeto, se istura.li kesickata ne vo sisteto? Vo upatstvoto nema jasno navedeno
Најчесто е бактериско. Нас стрептокока во око ни беше. Со локален антибиотик, капки или маст, проаѓа.
И кај нас идентична ситуација. Крена 39 од никаде, од очите жилт секрет, од носот мрсули. Матичната претпоставѕва дека бактерија од носот со рачињата си ја пренела во очи, и дека три дена ќе трае ова со тт. Чекаме рез од брисеви, а во меѓувреме ни дадоа капки тобрекс и хлорофеникол маст. Од градинка ни е дефинитивно… Инаку нема да ја пуштам цела оваа недела, дур не се среди, ризик ми е и за другиве дечиња…
Инаку кај нас коксаки излезе. Во јануари имаше сега еве пак. Од петокот горе доле температура немаше еден ден, вчера и приметив точки и еве сега поинтензивно искочија насекаде и еве не со 39 температура. Значи се шашардисав
Па нели викаат полесно коксаки се поминува втор пат. А во јануари како пројдовте? Син ми скоро помина ми е страв пак да не закачи... Сигурни се дека не се морбили овој пат?
Можно ли е од мала инфекција на око да качи температура? Вчера нешто и влезе во око, се чешаше со раце го фаќаше, денес 37.7 качи. Не и е црвено малце како потеченко. 22 месеци сме..
Па вика докторката не се, а и не се чеша цела е исфрлена исто како првиот пат. Ќе видиме ноќва како ќе помине. Првиот пат тешко ептен многу брзо качуваше температура. А ништо не спомнаа во градинка дека некое дете има обично кажуваат. За првиот пат сите скоро го поминаа од група.
и ние денес по втор пат коксаки,и јас се изнервирав ептенннн исто во јануари прележаа,еве гледам сега помалку е нафрлано ама малата има 38 тт,големата само нафрлано...се си мислев траен имунитет има од ова чудо ама ете
Во која сте? Мислам сум читала дека сте од Аеродром? Кај нас излезе Moxarella,локално ќе ја третираме со капки помешани со доза декстаметазон. Очите излегоа чисти на брис, исто и грлото.
Коксаки колку што знам излегува само на дланки, стапала и уста. Така и се вика вирусот, Hand, foot and mouth disease. Во последно гледам на докторите се им е коксаки, а баш е типичен осипот, не се точки.
Ne ne vo centar sme koco racin. Isto moxarella vo nos stafilococu aureus vo oko...kapki ni dade i za vo oko i od istite vo nos. Nekoi si levuno kako.kapnav prekina sekret okoto da sobira
Син ми качи темп 38.5, дојде од градинка ми се виде топол, измерив. 37.8, весел си игра, јадеше,не дадов сируп,сега му мерам 38.5, уште е весел, трча,скока,го пуштив сега да се бања со мм,се шлапка,не е ни малаксан ниту се жали на болки Рече малку глава дека го боли.Вчера завчера имаше афта на устата.Што може да е ова,каков е тој вирус коксаки,на трудници се пренесува ли,јас сум плус бремена? Има ли некој вирус само со темп?Не повраќа,нема пролив, само носот му беше затнат малку.4.5 години има
Ваков вирус син ми помина со 39темп ама на нога цело време. Ни нос, ни кашлица. На кс се покажа вирусно дека. Помина за 3 дена. Се надевам истото ќе е кај вас. Коксаки ако има на дланки, стапала ќе го приметиш како плускавци се појавуваат. Кога син ми го имаше ме прашаа дали сум бремена така што јави го утре на педијатар.
Малата денес од нигде никаде качи температура, варира од 37.6-38.5. Никакви други симптоми ама повремено вика дека ја боли мешето. Не повраќа, нема пролив засега. Нема нос, кивање, кашлање. Отрчав по тест од аптека, не знам дали добро успеав да и земам брис, тњстот за ковид искочи негативен. Што може да е ако не стомачен вирус или ковид со овие симптоми? Значи само тт и се жали на стомак