Како нова, ништо не и е денеска. Може и сончаница да ја имаше фатено Ама океј си е, не се пожали на глава и температурата и е добра.
Најверојатно е само модрица, се удирале и моиве така Чим е добра сега, не е страшно. Имаш иначе на физидерм една за модрици, па имај ја за недај боже вакви ситуации. Таа и за на други места е, баш намена има да смири модрица и оток... Малава пред година дена јако падна и од ќош ја удри опасно главата и ја дупна, ја шиеја. Но коската си беше арна... Неа мораа и да ја снимаат тогаш, зошто прилично јако се удри... Од таков удар само мора да следиш да не има потрес и сл. Да не повраќа, да не се успива после тоа и сл..
У пм остарев 100 години за 1 минута ми се чини. Сеа скоро беше како падна и ја расцепи усната. Сеа цел живот лузна ќе си носи. Абе не можам да го довардам ова дете мое. Се надевам се е ок со твојата и нема последици. Нека одат траумите по нас. Раат нема.
Верувај нема да носи. Јас како мала имам дупната на исто место образ, така го викам јас, јагодицата фактички, и конче и копче сум имала, така мама ни има кажано, белег немам само кога се смеам место едно имам 2 дупчиња на образ и тоа кај дечковци било страшно привлечно
Таа си има веќе лузна оформено на устето. Не верувам тоа да се повлече пошто е на место што не може нешто да се користи за тоа..
Мали се, ќе се среди не се сеќирај. Јас на годинаипол сум се изгорела со кафе, цело лице од лева страна, изгореница од втор степен огромна, ништо немам сега а мајка ми вика до кај 3-4 години убаво се познаваше. Мене кога почна да ми се обновува кожата на изгореницата што беше од трет степен, со гангренозно ткиво дури, онда има надеж и за Ирис. За секој случај земи и Контратубекс, треба да го има и кај вас, мачкајте.
Здраво,дали некој ќе ми помогне или не незнам , детенце од 4 год без никакви претходни алергии,два дена се жали на БОЦКАЊЕ НА ГРБОТ И МЕШЕТО,плаче силно на периоди му се случува особено на пожешко и кога е на сонце,на кожата нема никаков осип само кога ќе почне да плаче дека го боцка кожата како да му намовнува,на лицето само над уста му се појави како црвено ама на тоа не се жали дека го боцка или чеша ништо бевме на лекар прегледано се ок нема ништо како осип за да личи на алергија ќе пиеме лоратадин некој ден да видиме што ќе биде,дали некој имал искуство со алергија на сонце ама вака со боцкање ,бидејќи особено се жали кога е на сонце или на потопло...
Јас имам алергија на сонце, и да, боцка и чеша истовремено. Ама мене ми се прави и осип. Не го изложувајте на сонце неколку дена и видете дали ќе се повтори.
Мајки дали некоја се соочила со инфекција на уринарни патишта (цистит) кај 2 ипол годишно дете Малата од вчера за секое мочање плаче и кажува дека ја боли Во среда ке одам за проверка на урина ( незз како ке собереме ) ама до тогаш што смеам да и давам за да и помогне сем чај од брусница ? сте дале ли увин чај кај волку малечки ?
Сум давала Утисан сируп кој е на база на брусница, поконцентриран е, не им верувам на чаевите. Купи ќесичка за урина од аптека и ќе и ја залепиш и стави и памперс ако сте со памперс или седни ја нокширче ако не користите памперс, ќе се измочка во ќесичката и најдобро стави ја ќесичката во уринарна чаша, не претурај.
Ако е инфекција на уринарни, среда е многу касно да проверувате. Од уринарна може да дигне над 40тт, за болките да не зборам. Па дури стигнат резултати уште 3 дена чекање, предоцна е. Ако си во ск, однеси урина на дежурен во Систина, стигаат за брзо резултати. Во меѓувреме Д-маноза ќесички на Ури Ројал, тие се дозволени и за помали деца, ќерка ми ги пиеше. Брусница треба многу количински да испие, за да се исчисти. Д-манозата е поефикасна. За урина земање, ако носи пелени, има ќесички што се лепат. Штом се наполни ќесичката само стави ја во стерилна чаша без да ја претураш урината и веднаш носи во лабораторија. Ако не носи пелени, пробај да ја ставиш во када и да ѝ кажеш да мочка стоечки, па така со чашката да уловиш урина. Јас на малата така ѝ земам.
На море сме. И нормално со нас си донесовме коњуктивит од градинка. Отечени очи со зелен гној. Темп кратко само до 38.1. Ставам тобрекс. Освен што страшно изгледа, општата состојба му е добра сега за сега и изгледа како тобрексот да помага. Прашањето ми е дали да го бањам во море?
Нормално дека ќе го бањаш. Не прекинувај со тобрекс мин 5 дена. Можеш и во носе да ставаш ако му тече зелен секрет.
Da samo masta nema da ja stavas pred.idenje na plaza. I nie si dojdovme so streptokoka na more stavav edni kapki levuno mislam bea plus tobreks i si se banjase dete.
Antibiotikot go stavam vo spric i koga i davam so laziceto i stavam malku i antibiotik vnatre ne go turam vo kasata
Мајки молам за совет. Двете дечиња ми беа со кашлица, црвено грло, а на малиот му беше почнало да спушта на плуќа. Двајцата пиеја макропен, малиот две, големата едно шише. Матичната рече нема потреба од контрола пак. Ама децава не ми се оздравени скроз. Да ги носам пак на контрола или што можам да им давам? Сеуште поткашлуваат, малиот има повеќе шлајм, се осеќа. Цела година не се оздравени