И мојот има таква чудна кашлица од пред две недели. Ни кажаа дека е на алергиска база. Ден два му давав антихистаминик и се подсмири малку. Потоа прекинав и еве уште знае да поткашла. Некогаш суво некогаш влажно. Нема никакви други симптоми и јас лично мислам дека нема потреба од испитувања па не го ни носам на испитувања плус.
Опасно е да голтне жива макарона? Што да правам? Што да очекувам? Што да преземам? Пола голтна од малите вртените. Таман се исчистивме и викам да здивнеме и тропа нешто во уста. Додека изреагирав ја голтна се беше во дел од секунда. Кај ја најде ќе се изедам жива само што усисисав се.
Мислам дека нема место за паника... сепак се работи за храна,не е предмет.Ке се свари во желудникот и ќе се исфрли низ организмот.Мојата малечка кога имаше 3 години изеде одеднаш 5 мастики Чунга Лунга.Испаничивме дома до бескрај...одма на лекар појдовме...ни рекоа да ја следиме столицата 2-3 дена,ќе ги исфрла Така и бидна
Во 19:00 ја голтна, сега приметив дека не ми се постирало мислењето. 21:00 заспа, не плаче ама страв ми е да заспијам...
Мајки малиот ја удри керка ми силно со телефон во главата и отече како орев топче големина и има една шарка црвена ја боли при допир седе сега не плаче Позади ушето малку погоре ја удри Дали да ја носам на лекар или да почекам
мене детето ми се удри на плочки и му отече главчето ама на допир меко,све ми помина низ глава дури до тоа да не има внатрешно крварење,сепак глава е. И го однесов на лекар. Не би да паничам ама сепак глава е во прашање.
Јас имам пишувано дека по препорака на педијатар во Словенија, дете со воспалени уши, температура 14 + дена и црп 29, лекував со свеж воздух на море, овошје и зеленчук. Оздраве луѓе. Тоа беше после приман антибиотик по рота кој го сотре имунитетот. Од тогаш антибиотик пиеше само за стрептокока и за заб. Две години не дадов скоро. Друг пример, татко ми доби шеќер, на рутинска контрола скоро 20. Неколку дена сам се стави на диета, мерат 13. Докторот го стави на диета и ако паѓа нема веднаш терапија. Се водат по правилото што помалку апчиња. И ете, кај синко има резултат, кај татко ми ќе видеме иако тој си го има во фамилија Тип 1. Така лечат надвор, да не ве чуди. Може подолг е процесот на заздравување, ама долгорочно подобар.
За одредени работи, да така е. Ама како што кажа. За рота мора. Антибиотик не треба никогаш да е прв избор но секогаш треба да е избор за кога станува збор за нешто кое не се лечи со витамини и минерали.
Колку живи макарони и шпагети имам изедено ко мала. Сигурно нема ништо, пченица и вода се, се варат во желудникот.
Малата 2 год има осип на лицето розеви точки нема ништо внатре кожата делува како сува во тие делови. Педијатарот препорача еуцерин црвена крема мачкам денес втор ден, во некои периоди од денот изгледа многу подобро скоро и не се приметува, по некое време пак е црвена и така се вртиме во круг. Точките некако како да се намалија беа покрупни сега се поситни но како да се побројни. Мислам дека се повлекуваат но сепак не сум сигурна. Докторктата рече дека е некоја алергија од нешто што допрела знали контактно било зошто само на лице. Има ли некоја со слично искуство да ми каже по колку време би се повлекло целосно? Само два дена мачкам но ме загрижува тоа што некогаш е подобра некогаш не а најголемиот проблем е што незнаеме од што е . И кремава некој дали ја има користено за нешто слично. Секој совет би бил добредојден.
Ве молам за совет. Ќерка ми е 21 месец, вечерва испи млеко и ми заспа во раце(така заспива секогаш) и после 10 минути се закашла, не можеше воздух да земе(како од плунката да се задави) и исповрати и сега пак така заспа(не сакаше да се напие пак). Ми се случило и претходно така иако поретко. Совет? Се случило кај некоја од вас?
Мене и се има случено, ако касно му била вечерата па му дошло тешко. Не сум форсирала одма ново млеко зошто и онака стомачето било оптеретени, сами малку водичка. Па ноќта ако се разбидел му нудев мала доза млеко.
Ми се случило. Или му било тешко или се шлајмови во прашање. Обично млекото им ги разводнува па после ги повраќаат. А може и само му се вратило млекце па се закашлал и извадил се.