Гоогле вика 15mg/kg по доза, е сега зависи колкаво е детето дали пие суруп или може и апче. Јас во неколку наврати кога имал висока тт малиот(9ипол год, околу 27кг) тогаш по совет на педијатар и цело апче парацетамол од 500mg пиел.
И дадов 14 мл и ѕвонев на матичната, не ми крева, не би требало да направам беља...7 ипол години е. Фала ти сепак
По кг е и блокмакс. Парацетамол пола од килажа, бруфен пола килажа - 2мг. На 20кг, 8мг бруфен, 10мг парацетамол. На педијатрија вака ми објаснија кога се чудев зошо не му делува бруфенот, а ја по години давав.
Dali aktiven jaglen ste davale na decinja preventivno posle odenje na plaza za da ne fati stomacen virus? Znaci po edno jaglence posle plaza.
Превентивно пред и дур си на одмор се дава, ради промена на клима, вода и слично, ама не активен јаглен туку пробиотик. Јагленот нема да направи штета ама ќе те извади од памет црната столица и нема да има никаков ефект.
Јас сум презадоволна од Хемофарм пробиотикот, на дете давам за возрасни веќе, истурам капсула во јогурт а за нас го пиеме капсули. Најефтино а најдобро решение.
Ni toa ni toa i davav i sea i vo juni. Se iznalapa morska voda i pesok. 15mes e. Brca race vo more i lize....ednas imase lebce u raka u more go brcase j go jadese
Како му давате апче парацетамол на дете? Сируп го пие кога сака тој, чепче остава ама голем е за чепче скоро 6 год. И матичната ми вели голем давај му апче ама како кога не знае да го голтни. Вчера едвај витамин ц испи.
Да знам, затоа што најчесто се слична килажа децата. Кажувам само што ми кажаа на детска клиника зошто моето дете на нецели 3г има 21кг и е 110cm висок, па не му одговара дозата по години @24.07 искрши го со лажичка и така дај му го.
Deteto mi se izgreba od sajka, ne bese zargjana. Eden mi vika sega treba tetanus da primi. Ste imale vakvo iskustvo?
Има рок тетанус вакцината, по ново рачунаат 10 години. Малиот зајче го касна летото, матичната провери кога е примена последно вакцината и ми рече нема потреба. Кај возрасни се прима вакцина и серум, ако се поминати повеќе години. Ако беше дома шајката не може ништо да е, од земјата е опасноста.