Дадено и блокмакс, ја спушти само до 38,4. Измасиран и со разреден вински оцет, ништо. После 4 саати од блокмакс дадено парацетамол, зашто имаше пак околу 40. Парацетамолот ја спушти, сега нема. Инаку резултатите од детска клиника се 33 000 леукоцити, покачени неутрофили 26, лимфоцити и моноцити благо покачени. Прокалцитонин минимално покачен, на граница е до 0.35, резултатот е 0.37. Црп мирно 2.5. Прв пат качи температура вчера попладне, одма висока 40. Ковид негативно. Крв испитано после неколку часа на клиника. Креваат раменици на клиника, погодуваат само, веројатно се ушите или некоја бактерија. Грло чисто, плуќа чиста. Малку само поткашлува и носето му тече. Терапија панцеф 10 дена, 1×5мл. Кога му спаѓа температурата он си е фул расположен, си игра, не е омалаксан. Ќе може ли мислење ? Благодарам.
Мене ми асоцира на бактерија, ама црп-то е ниско и тоа малку ми е нејасно. Нека пие антибиотик, не се малку покачени леукоцитите, а и температурата е висока.
Мајки да ве прашам може има некоја мајка слично искуство. Значи од кога е роден дали 5 лажичка има испиено сируп без разлика каков. Нема шанси да му дадам нешто да пиине ни со сила. Му отворам устата ставам стегне грлото и плука и никако не бива. Инаку 4 години е. Денес има температура пред еден час мерев 38.5 ама пак не успеав со сируп и му ставив вински оцет на нозете и малку смали. Прашањето ми е дали има некој друг начин освен со сируп и чепче. Ме е страв за вечерно време.
Дали некој имал искуство со укочен врат кај дете? При играње вчера некако (не видовме како), он вика дека само се завртел некако и му се преметна некоја вратна жила изгледа. Неможе да се заврти десно со главата, го боли. А и на допир го боли. Го масирам, мачкам со една природна течност за топлење на местото... Ќе помине ли само од себе или ова за на лекар е?
Убеди го со зборење. Нека лапне и нека затне нос. Голем е ќе го натераш некако. Дај му награда отпосле.
Цело време зборам на почеток божем разбира и кога треба да му дам иста песна. Инаку ковид е премногу сум исплашена.
Нема друго чаре. Како што ти кажаа со шприц и ќе го пушташ лево/десно по образот да не се засркне, а да не може да плукне. Едит: со шприцот ќе му го притискаш јазикот
Сега бев до аптека ми дадоа хексалгин капки биле подобри од аирупот. Бараше кока кола незнам дали требаше да му дадам ама во сокот му ставив капките и така неусетно ги испи и нив. Со сирупот немаше шанси така. Сега ке видиме дали делуваат
Му се има случено на малиот, за неколку саати му помина му се намести само, ама лежеше и му се пушти. Исто десно му се преметна кај вратот назад. Ако не му поминува однеси го утре.
Јас мислев ќе помине до денеска, ама стана пак укочен. Дојде золва ми, знае да масира и малку го фати, па како мааааалку да е подобро. Ќе одиме сега во двор и да поплива во базен, па може и така ќе се поднамести..
Да, му се има случено на син ми на вратот. Многу го болеше, не можеше да мрда и почна и главоболка неподнослива. Во суштина домашното лекување опфаќа: Ладни облоги Одмор Лек против болки Во првите 2-3 дена од повредата, особено ако има оток на местото, подобро е да ставате ладни облоги Може да држи на местото на пр. ќеса мраз или смрзната храна замотана во платнена крпа, за да не е директно допрено и да направи изгореници на кожата. Загревање на местото повеќе се препорачува понатаму, кога ќе почне да заздравува местото, за да се подобри циркулацијата и побрзо да заздраве. Масажа не помагаше, дури и не знам колку е препорачливо ако е многу болно на допир. По совет од физ. терапевт - син ми пиеше антиинфламаторен лек за болка (ние дававме бруфен) и тоа редовно во првите денови два, три пати на ден ако треба. Првата вечер му дадов и седатив (исто по препорака) заради тоа што трпеше јаки болки во вратот и главата и голема згрченост на мускулите. На почетокот, во првите денови, не го движеше многу вратот, но после неколку дена, кога почна да олабавува болката, му рекоа дека треба да го раздвижува пополека и колку може.
Здраво мајки Ќерка е 18 месеци, досега се нема разболено, иде во градинка Три дена е со висока температура до 40ка оди, ќе и дадам далерон, паѓа до 35, се препотува, како хипотермија да има Отидовме во систина, брис од нос и грло земено, резултати во среда Крвна слика многу лоша, црп 90 Ни препорача венска терапија ама прво да пробаме со антибиотик Препишана терапија панцеф антибиотик Ни кажа докторката дека неколку ноќи ќе е со висока температура. Марисол спреј за носот прскам, пробиотик исто давам Мене ме загрижува што спушта многу ниска температура.
Големиот лани се укочи во вратот - му се преметна жила и ми кажаа да мачкам маст блокмакс. За 2-3 дена помина со редовно мачкање
Со дигитален мерам, микролајф Точно е дека се поти, баш ќе видам дали е до тоа Дали имате некаков совет за давање сируп, вчера со шприц и дадовме едвај, ја легнуваме, ја држиме и така вришти. Ептен ми е жал, барам некој друг начин, да и биде полесно, да не се плаши и мачи.