Истиот тооломер го имам и јас од 3 мерења сите различно ми даваа, малку ако мрднеш толку. Така да не се секирај може и до тоа е ниска темп. Ако дозволува со живин мери и. Сируп првите пати исто само на сила со плачење ама мора жал нежал. Кутро дете па се навикна веќе од толку што беше болен стално...
Мајки имате искуство со слепо црево кај дете 6 години? Не е премало за ова? Дете изгоре од болки сакаа итно да го прават операција ама имаше вода пиено па несмеело. Го спремаат за сабајле. Преплашена сум Како сте поминале со толку мало дете, колку време трае операцијата? Кога ќе ми текне за анестезијата крв немам во мене. Во болница сме. Утешете ме.
Jas za da ne zboram nesto sto samo sum go slusnala, se posovetuvav I so Google, pa sega mozam da ti pisam deka voopsto ne e retko vospalenie na slepo crevo da se slucuva kaj deca, pa duri I kaj bebinja. Sega normalno e da si isplasena , ama sama znaes deka se ke bide ok.
Добро што сте го фатиле на време. Имам колешка детето и имаше три години кога му се воспали, тоа нема разлика мало големо се случува. Не се плаши од анестезија и од самата операција знаат што прават рутинска операција е тоа. Ако е лапароскопски побрзо е заздравувањето, ако има можности за тоа. Пак ќе речам на време е и тоа е одлично. Hugs.
Проафтол за афти, од лично искуство. Мене многу ми помага, а и на големата кога ѝ се прават, од него ѝ ставам. Јас знам и деца на три години оперирани од слепо црево. Не се секирај, може и лапароскопски да го оперираат, ќе биде на нозе за неколку дена.
Мажот ми е уште помал правен операција од слепо црево. Знам дека не е возможно да не се грижиш ама ќе се опорави брзо.
Слободно, само не ако имате докажана алергија на пеницилин. Во тој случај може да се замени со Макропен.
Мајка дали сте подобро? Што излезе на крај дека ја предизвикува температурата? Моето 14 м дете е со висока температура од сабота и има само Т, без никаков др симптом. Проверени урина, грло, плуќа, се е во ред а он цело време со температура до 39.8С.
Тестиравте да не е корона. Малиот мој ја прележа само со два дена покачена температура и ниеден друг симптом. Само кај него не одеше толку високо
Ви благодарам мајки на сите за одговорите и поддршката. Веќе го оперираа се опоравува сега сеуште е поспан. Гној рече хирургот имало собрано дека средил убаво и се надевал да нема никакви компликации. Се надевам и јас да помине лесно и без големи болки.
Nemas drug nacin malo e da se razberete baska ako i e prvpat ne im e jasno. Moeto isto so spric sirupi ama veke imala 2-3nastinki i prvite nekolku pati se buni ama veke se nauvi stom go vidi spricot i vikam mora mama za da ozdravis i kvici ama otvara usta
А во градинка не оди? Ако е мирна к.с. секако е вирусно и немамшто друго да се прави. Само спуштање тт и многу течности за побрзо да се крене?
Со деца да не си раат. Големиот вчера вечер јадел попара јогурт и тоа што останало го оставил на биро в детска место во кујна. Јас на работа денес па дома обрски не ни видов в детска што има. Малото од истото вечерва си го најде и си лапна една лажичка. Ми вика мамо ова кисело е. Ко појдов да видам косата ми се крена. Сама сум крива што не проверив порано што има и кај има оставено. Ми иде да се изедам. Има поминато скоро еден саат. Се си мислам да не го заболи мешето да не фати труење од храна.... Аман више! Дали има место за паника или ништо не му е? Се тешам со НИШТО НЕ МУ Е ама толку страв имам да не се затруе....
ја пројдовме ноќта лесно. Ништо не му беше ама јас со едно око спиев. Тоа е. Благодарам на одговорот.
Ќерка ми (23 месеци) во 10 часот имаше температура 38,8 и ставив чепче и после саат ја симна. Сега после 3ипол саати има 37.3. кога смеам да и дадам сируп? Како да и ја симнан темп? Скоро цел ден и е така никако да се нормализира. Страв ми е да заспијам.Има загноени крајници и пие амоксиклав