Не ми вика буквално кога ќе ја земам туку кога веќе ќе имаме поминато неколку минути, а ни остануваат уште неколку до дома. Кога ја земам и прашувам дали била во вц или сака да оди или после градинка има одма како шума дали сака тука да мочка вика не и после секогаш наеднаш и текнува на истото место дека мора да оди во вц, а тука е главна улица раздвижено кафичи и нема каде да се мочка надвор. Само еднаш рече мојава дека не сакала да кака во градинка дека после гола морала да оди до групата и да рече на некој да ја избрише. Од колку години треба да знаат сами да се бришат? Не знам дали можеби заради тоа трпи и го имаме овој проблем. А еднаш ми има речено дека ако пие вода ќе и се моча. Вчера воопшто не пиела од флашата, денес ептен малку. А на 4 исто трпеше надвор цело време. И стомак се жали дека ја боли. Можеш да ги прашаш како го решиле проблемот и кога?
Мајкички на детево мое му се појавија брунчиња уште пред три месеци прво неколку беа ситни сега веќе има бааги на образите бевме на педијатар и рече дека ќе поминале сами од себе ама не поминуваат само се шират и кога ќе плаче се вцрвуваат , дали имате искуство или знаете дерматолог за деца кај да го однесам.
Мајки денеска беше супер, сега спие го сетив како да е малку топол дури да му измерам го гледам испотен малку и не е топол. Нормално е сама да му спага темпратурата?? Прв пат вака ни се дешава, ноќеска крена до 38 чекав ако крени да дадам сируп но за брзо му спадна сама по себе. @Alishan30 мислење?
Прашав. Му збореле му објаснувале дека к*** ќе го боли, стонакот, ќе се разболи не е добро тоа итн. Дека е голем за во гаќи ако се измоча. Ама вика он и понатаму трпи и оди многу ретко па сега ќе видат од септ како ќе биде. За во градинка им збореше на негователките им трубела буквално да го носат во вц пред излегување. Ама они се блиску на 2м до дома па одел дома. Во школо и понатаму не сакал затоа што не знаел сам му било срам, па му облакаше тренерки само до ластик за поедноставно да се соблака сам. Срам му било да праша за во тоалет и не пиел ништо чај, вода, сок. Кажа во урина имал некое покачување на некој параметри од држењето, според доктори не е опасно и не треба да се следи само да се тера да не држи долго. Е сега кога се надвор другарите негови мочкале по грмушки и така некако он почнал да бара да оди со време.
Детево завчера фати алергија. Прво почна со црвенило на левата страна на лице, потоа и потече окото и увото. Јадеше обланди со таан, па се сомневам да е реакција од тоа. Невме веднаш на лекар, рече дека не е од храна туку полазано. Ни препиша Авил сируп, 3 пати на ден по 3мл. Отокот се повлече уште пред да почнеме со сируп, црвенилото се повлече со прва доза сируп. Но повторно се јавува. Еве како на сликава. Црвени точкичиња, рапави, на образ и позади уво. Се јавуваат и на десен образ. Има некој искуство? Кога да идем пак на лекар? Загрижена сум ептен. Не била до сега ачергична на ништо. Се сомневам на таанот, има мед па да не е тоа... 19 месеци е.
Таанот ако е чист, нема мед, туку е паста од сусам. И сусамот е алерген. Ама, алергија од храна се јавува околу уста, на врат, на гради, стомак... На око и уво не баш. Можно е да е полазана од нешто, евентуално нешто контактно, на пример, некој крем, прашок за перење, парфем, шминка...
Се мачкаше со филот што беше со таан баш по лице т.е кај шо и се јави осипот, затоа посомневав на тоа. Сусам има јадено многупати до сеа, не јавила реакција. Од истите точкичиња што и се на лице има и на врат, по грб тук таму некое. Многу работи се сомневам, жешко, прашок, инсекти, животинки. Дојдени аме на гости во село апетит има, весела е ама и нервозна заради осипот оти ја чеша. Не ја прегледа докторот убаво, од нога шо се вика, и го препиша сирупов и доза кажа, а не кажа колку време да давам. Фала ти на одговорот.
Јави се и прашај го колку време да даваш, јас немам искуство, не сум давала кај моиве. Инаку вакви брунки ми личат баш ко нешто да ја полазило, а и да се мачкала со филот ќе се јавел поситен осип, само како рапавка и црвена кожата, не вака. Бар моето искуство со алергиски осип од храна е таков.
@kanella Можно е и да е од некоја друга состојка на обландите, некој конзерванс може. Инаку ако е од нешто што јадела се појавуваат црвени брунчиња по тело по неколку пати додека не се исчисти алергенот од телото. Така баш исчезнуваат па пак се појавуваат и тоа на различни делови. Околу три дена треба мислам за да исчезнат сосема. Во меѓувреме избегнувај преработена храна. И да е контактно покриена е се сируп.
Мајки на изненедно повраќање во млаз во спиење што да очекувам? Прв пат ни се случува, во спиење одеднаш седна и почна да повраќа во млаз. Сега малку крчи со носот и ептен е ладен. Пребледе кога повраќаше. Го истуширав и бараше да му мерам тт, ама ладен е. Има ли некоја искуство?
Ние така бевме пред 4.5 дена..на спиење. Ја носев на лекар,крвна слика во ред се,капки наусолвит и дадоа.,потоа не се повтори.
Истото се случи синоќа млаз поврати, течна кака ( не пролив) и гасови има мириса. Качи 37 8 сам ја спушти сабајлево нема темп, јаде пие нормално и нема повратено
Колкаво е твоето? Уште е во истата градинка? Да не им е вирус од таму, моиве спомнаа дека вчера некое другарче викало дека му се повраќа и дека го боли меше.
Има некој стомачен вирус деновиве, многу ми се пожалија Доколку повраќаат повеќе течности и електролити за да не дехидрираат, и онака е топло
Да ама твојот веројатно уште е во јасли. Иако секако се мешаат сите таму Обично не реагирам да прашувам по други зашто вируси секако има ама прв пат се случи поголемиов да поврати а од друга страна ништо друго нема, само во спиење поврати и сега пред да спие некако омалаксан ми беше. Не можам тт да му измерам зашто од синоќа е како со ладна пот. Ми поминаа триста мисли што може да е, ама веројатно вирус ќе испадне