Мајки како се дозира ноусолвит за повраќање за 1 годишно дете ? Бевме на одмор и до Грција и до Србија , и од вчера повраќа и сабајлево исто ( претпоставувам дека е од промена на климата а 2 дена беше во градинка само ) ... И што да му давам да јаде, вода ич не пие ? само сака да цица и ништо друго
Iskustvo so vadenje na site 3 krajnici kaj dete pomalo od 2 ipol godini.mojata e 2g i 3 m ne sovetuvase Orovcanec na vadenje ni pravat problemi so bronhit,bromhopevmonija...
Здраво мајки,детето е 10 месеци и од сабајле има покачена темп и гасови во стомак...одбиено е од цице пред 5 дена сега е на млеко тетрапак....му давам блокмакс но никако да му падне темп.има 38 со 8 му спаѓа до кај 37 со 5.....што да направам друго,дали да му ставам пола чепче ефералган од 150 мг...бебе има 11кг
Чим паѓа до 37.5 добро е не ти треба чепче. Истуширај го со млака вода, разлади го, соблечи го по пелена. Како се однесува вака? Може има гасови од млекото или стомачен вирус види земи ад бар до 12 мес пр хип комбиотик пробиотик
Мене ми излегуваат често, си ставам од геловите за непца за бебиња и бргу ми поминуваат и не болат толку, гелот лади.
Фала ти...бев до аптека и купив некоја маст од фрезидерм.. правела како облога на афтата за да не ја боли многу.
Ми изгледа ко да имаме сипаници, 12 и пол месеци сме.. има некоја искуство, дали лесно поминавте? Не треба да се бања така?
Од градинка? Обавезно бањање и на крај ќе поливаш со хиперманган. Ќе сушиш со тапкање само да не откорнеш некоја. Мачкање со течна пудра и пена има некоја.
значи 3 дена во градинка и од вчера вечер стомаче ја боли и повраќа Од ноќеска и температура дигна до 38 со 5 и дадов далерон сега дреме до мене си спие и треска имаше .од сабајле само јогурт испи 1 ипол чаша и само што касна 2 гриза банана се исповрати пак :/ дали некоја има искуство со локомотив и реглан сирупите како се даваат и кој е поефективен ??? и сем тоа и електролити што друго давате во ваква ситуација ???
Реглан никако. И за возрасни не е добар , за мали пак уопште. Локомотив е доста добар , или нешто друго на база на ѓумбир побарај. И електролити Алвоген орс најзадоволна сум. Пробиотик исто можиш и тоа е , полесна храна течности да внесува најважно
Има и јаглен капсули а внатре прашок. Или да го истолчиш, сеедно. Инаку можеш и со сок и јадење. После одмор на син ми столицата му беше потечна, така ми кажаа во аптека. Една капсула дневно.
Се ми повраќа. И голтка вода. За електролити нејќе да чуе. Наусолвитот капки ми ги повраќа. Го однесов на лекар не е дехидриран ама да го пратам. И ниска темп има. Сеа јадење ми бара а поврати пред 5мин последно...
Дај му да јаде, ама давај по малку и лесна храна. Под малку подразбирам едно залче / лажиче на 5-10 мин. Електолитите пробај во храна пијалок било што.
Со помин. Неколку доктори дум слушнала дека за супа од петел обична велат менува инфузија. Лажиче по лажиче од водата. Јогурт. Чај од нане е многу убав за стомак. За ден поминува, многу деца го фатија.
Мајки ви се случило ли дете да ви појави ваква флека на телото? Наеднаш му се појави незнам дали е од сонцето летово пи плажи што е или што е... не го боли не го чеша ништо ко белег од раѓање изгледа а му се појави сега на 22м
Значи две ноќи по ред малата крева 37.5, и се буди со осип по телото, како пликови црвени што потсеќаат на каснато од комарец. Првиот ден на клиника ни викаат алергиски осип, сирупче земавме, и помина. Ама утрово пак исто, преку ден нема тт, јаде, игра, ама еве осип пак, ама почна поинтензивно да ми кашла. Да ја тестирам за ковид? Матичната е на годишен, замената е хаос, во систина да ја носам? некоја мајка со слично искуство, со прележан новиов ковид да пише