И мојава е родена без белег, а летово ја гледам на бутот белегче баш вакво. Баш се чудев од кај сега белег... Но си помислив да не се појавил со сончање (нешто е поразлична кожата таму). Не била изгребана, удрена, изгорена никогаш (зошто и тоа може да даде промена при сончање, различно да се сонча таму кожата). Кога не беше до волку темно исончана дури и повеќе се познаваше... 4г е она, летово прв пат го гледам
Син ми од раѓање има такво на ногата,ми рекоа хиперпигментација,дека било нормално кај деца кај некои ги има од раѓање а кај некои можело да се јави и покасно. Од сабајле се извадив од памет,син ми 4.5 год имаше свежа крв во столица и на бришење како црвено,вчера јадеше лижавчиња од црвен фондан,од торта,сега ми текна после 3 саати,можеби и е од нив црвената боја,и пишав на матичната ми рече може од потврда столица да е,нема температура,само како настинат е последниве 3 дена кашла со шлајм и носот му тече.Ке го следам овие денови,има ли некој слично искуство?
Јас еднаш јадев син фондан, па после столицата два три дена ми беше сина И оттогаш веќе не јадам фондан. сигурно е од фонданот.
Ќерка ми има на едната нога, и се појави некаде 5-6 недели после раѓање, јас бев загрижена дека се појавија уште неколку мали низ месеците но не толку приметливи, како што читав и од изложеност на сонце почнуваат повеќе да се појавуваат, ја однесов на доктор рече нормално било промени кај мали деца, не е загрижувачко. Што не прочитав по нет, а и тука прашував, јас лично доколку забележам повеќе ќе ја однесам и на второ мислење. Инаку е 19месеци.
И јас читав дека може од сонцето ама сепак некако не ми е мирна душата па да си прашам пошто со приватниве дерматолог додека најдам термин 1м ќе помине
Сигурно е од фонданот. За да стане таква црвена, којзнае колку боја ставаат... Едно цвекло знае да ја обои, а не боја...
Ако било од фонданот, столицата ќе беше црвена, немаше да има свежа крв. Пукнат капилар од напон е тоа, ќе пројде.
Здраво дали има некој шампон или некој поточни витамини за раст на коса и зајакнувањена влакното кај девојче 4 години.
Ве читам и дефинитивнo има стoмачен пo градинкиве, мoетo е сo диjареа и пoвраќање. Му пoмoгна прoлаjф, oдма прекина.
Ти благодарам чекам одговор од педијатарот...вака е супер нема растечено носе ,ниту температура расположена си е.
А без терапија би се средиле сами? Се сомневам дека може од забите да е реакција зошто вака си е супер.
Каj нас пoради oтечени краjници беа, немаше никакoв прoблем на вакцина ги приметиjа, нo самo се смири без антибиoтик.
И каj нас беше за мрп, видoа пoкачени леукoцити, па излезе oд краjници па jа oдлoжиjа за една недела. На следниoт преглед се беше дoбрo.
Oф не памтап тoчнo, благo пoкачени. Ми спoмнаа дека и спoред кс мoже да jа прими, нo не прифатив и oни кажаа демек аj пoдoбрo не да не и се влoши ситуациjа сo краjниците плус и oд вакцината нештo да има реакциjа.