1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Мене лично и на син ми инхалациите ни се спас при затнат нос. На детето дури и му решив инфекција што не помина после цел месец терапија со различни антибиотици, со инхалации со кортико и антибиотик.

    Како мала одев во амбулантскиот дел на ОРЛ секој ден на инхалации за решавање на проблем со хронични синуси. Уште ја памтам машината за влечење мрсули и машината за инхалација. Ендата како голем усисивач, другата како домашните инхалатори ама поголема и побучна. И го памтам вкусот и изгледот на растворот за инхалација.

    Сега за мене а почнат проблеми одма инхалации си применувам (зашто и јас одма од затнати синуси добивам болки во уво и такви копмпликации).

    За дете секако во консултација со лекар применувам се, иако ако е викенд знам да го инхалирам само со солен раствор. Обично многу му помага и неколку пати до сега имам спречено од вирус да ми развие бактерија.
     
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.964
    Никогаш не сме добиле инхалации а често од мрсулав нос воспаление на уши добиваше. Го гледаше педијатар (3ца различни) и 5 различни ОРЛ специјалисти вкупно. Сите поединечно ги прашав за инхалации ми рекоа не и затоа не почнав до сега немам направено. А прашував затоа што и ја мислев ќе се исчисти со инхалација полесно.
     
  3. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Lek za suca kaslica? 16 m e deteto.. na lekar nisto ne ni dadoa samo soleni kapki. Isto vaka kaslase pred 2 meseci na more i se sredi se. Probuvam so pregoren seker i so kromid svaren so jabolko ne pomaga kasla po cel den najveke navecer i ne moze da spie
     
  4. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Јас давам чоколадо, тоа ја смирува обично, ако не ја смири 2мл Аериус сируп.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Чудно дека се спречува со инхалација да се развие бактерија, оти со инхалацијата бактериите од носот се разнесуваат кај што не треба. Никогаш не сум инхалирала деца, иако матичната ми дала два три пати совет за инхалација со кортико, ама не по секоја цена. За олеснување на обично затнат нос никогаш не би инхалирала, макар само со физиолошки раствор. Пошто баш од орл специјалисти ми е тоа дека инхалацијата може поголема белја да направи ако се користи и кога треба и кога не треба.
     
    На eta, Coco31 и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. Ds7

    Ds7 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Zdravo majki
    Dali nekogas imate dadeno na vasite deca antibiotik Cefaks ?
    Se raboti za 2 godisno dete
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Кај мене и кај детево ако не третирам вирус со инхалации и често испитаме се лепат бактерии.
    А со инхалации ја со кортико и антибиотик комбинирано имам и кај мене и кај малиот излечено упорна бактериска инфекција (скриена позади крајници) каде што системски антибиотици не успеаја да решат проблем. Претходно пиеше Амоксиклав (бактеријата требаше според Анти биограф да може да се третира со ова) па стававме капки Тобрекс и уште нешто, па пиеше Сумамед и на крај инхалиравме со солен раствор, пулмикорт и Гарамицин. Од инфекцијата и слухот му беше намален.
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    35.876
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека е ок
    Ме потсети на мојата, со сунѓер и средство за купатило ја чистев кадата за да се бања во неа и сунѓерот го оставив до неа, кога приметив дека се бања со сунѓерот, а до неа седам цело време ама не знам како не приметив кај ми беше паметот, може и неколку секунди само го имала сунѓерот ама јас ептен се испаничив и неа ја исплашив и ја измив убаво ја извадив од када, ништо не и беше.
     
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    21.554
    Пол:
    Женски
    Ништо нема фала богу.
    Изгледа ја имаше сепак убаво исплавено чашата, зошто деновиве сакаше да научи да мие садови. Па и реков се додека има пена да ја плакне ахахах....
    Ама ете беља работа извади чашка некористена кој знае од кога, и реков мораш прво да ја измиеш....
    И така, дека малце стресови имам периодов.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angela>>>red25

    angela>>>red25 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки...син ми отежнато диши при мал замор одма забрзано диши и се поти вода се прави целиот..направивме ехг на срце добро е тоа,но на ренген и на слух се слуша некоа влажност на плуќата,и покажува секрет во плуќата многу сум загрижена пред две недели пиеше сумемед имаше бактерија.. со голема тепература беше и лоша крвна слика...утре ќе правиме крвна слика..повторно,матичната вели само инхалиции дали има некој искиство за ова? Ме загрижува тоа со плуќата и дишењето да напомеменам немал ни кашлица ни секрет во носот..
     
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    35.876
    Пол:
    Женски
    Целосна крвна слика има направено, вклучувајќи и тироидна жлезда tsh?
     
  12. angela>>>red25

    angela>>>red25 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Железо добро..тероида немаме испитано..Можно е тоа нешто да е? Да барам упат од матична?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Мора да го види специјалист пулмолог, не оставајте така. Не треба матичната да го лечи, нека ви даде упат за специјалист обавезно. Баџакова во Систина е одличен педијатар пулмолог, ако можете, одете кај неа, нагласете дека е итно.
     
    На angela>>>red25 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  14. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Го користела ли некоја мајка овој пробиотик? Го купивме во Грција кога снемавме и ми се виде ефикасен. На него пишува еднаш по 8 капки ама мојов од вчера е со проливче и сакам два пати да му дадам. Смеам, така?
    @koritsaki
    20220902_135138.jpg
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Педиjатар ни има кажанo така за линекс капките кoга биле сo диjареа/пoвраќање два пати на ден наутрo/навечер.
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.417
    Допаѓања:
    105.704
    Пол:
    Женски

    Да да , јас го имам користено, два пати можеш :)
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Majki mi treba sovet...kerka mi ima 2.5god, na godina ipol pocna vo gradinka i po nekolku dena odenje dobi bronhitis, pa cel mesec bese doma pocna da odi pak 2dena i fati pnevmonia ,pa pak 6meseci doma i sega pak pocna 3 dena i zatnat nos so opstrukcija,oteznato disenje,svirenje na gradi... temperatura ne kreva nikogas, ni kaslanje zatnat nos i za nekolku casa oteznato disenje...nikogas pred gradinka ni vremeto koga sme doma ne mi se razbolela, a ja mesam normalno so deca nikogas ne sum pazela...bela e plava, plavi oci dali e nezna dali se spusta odma na pluka dali e genetski neznam... sekoj mozen vitamin probiotik i sirup davam...preku glava veke od inhalacii ventolin,pulmicord...prasanjeto mi e dali e najdobro da ja otpisam ili da ja prakam organizmot da se bori, me plasat tek doprva zima virusi.Fala majki
     
  18. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Kerka mi temp kacuva veke 5 dena po red. Kaslase do vcera i vadi zabi plus. Sega na 5tiot den ni dadoa antibiotik go pieme samo eden den. Megutoa mn se sekiram zosto temp ima ete 5 dena. Se ima li sluceno i kaj drugite tolku dena? Jas se poveke mislam deka temp kacuva od zabite otkolku od virusot. Preku den e mn nervozna se gleda deka vadi zabi
     
  19. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    941
    Колку качува темп.? Кога им растат заби може да имаат благо покачена темп. ама ако е над 38° тогаш е др. 5 дена не е баш малку.

    Како прима антибиотик а има вирус? Ако е само вирус се зема парацетамол и ибопруфен (сируп) најчесто и тоа може во вашиот случај да се земаат најизменично на 3 саати. Секако консултирај се за ова со вашиот педијатар, ова од наше искуство. Вака темп. траела кај малото макс. 3 дена.

    Пожелно е и електролити да прима и колку може повеќе течности, ама стварно мн. течности.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.964
    Дали ги има уредно сите вакцини примено?
    Како што ми кажаа док оди или на уши или на плуќа кај деца секое разболување. Ние со ушите вака се мачевме. Цело време на антиб по мене ти треба добар доктор пулмолог/специјалиста штп ќе те води и ќе ти даде добра терапија.
    Јас не го отпишав, ситуацијата се среди откако го најдов вистинскиот ОРЛ специјалист.

    И уште нешто зошто после пневмонија 6мес седела дома? Така ви кажаа треба или?