1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Мајки навистина ми е итно. Малиот (3 год) од пладне па се досегa дур заспа бил уморен само барал да лежи и да спие, слабо играл и бил невесел. Чудно ми е што изгледа омалаксано ама нема температура. Вторникот сопругот го однесе на одделение бидејќи цел ден беше зарипнат и исто се гледаше дека е неарен па му дијагностицираа ларингитис. Примивме 3дена инхалации и 3 инекции и денеска навистина беше подобар но ме чуди вака. Утре ќе барам крвна слика да правиме, не знам од што може да му е вака. Некој слично искуство имал?
     
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    додека со големиот чекавме во амбуланта на детска хирургија имаше и едно дете што голтнало многу мало парче магнет. Не знам јас би пошла на лекар. Сепак следи ситуација.
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Обавезно да го чуе доктор. На другарка малиот без тт и кашлица имаше пневмонија и како што викаш, единствено што цело време бил малаксан и залегнувал.
     
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    го наслуша вчера, добар беше. Ни дадоа антибиотик за ларонгитот денес и крвна слика правев еве резултати
    IMG_20220916_103140.jpg
    Матичната вика вирусно е. Нема апетит. Од друга страна мислам да не е на психичка база бидејќи ко ќе е со мене е ок а кога треба да идам на работа ми вика те сакам многу не оди и лежи плаче му се спие....
     
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.824
    За ларингит не се дава антибиотик :!:
    Само бруфен по потреба.
     
    На marchi-cool и Pebeka им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.964
    Син ми помина ларингитис 2г има долго го држеше кашлица ама само со инхалации поминавме.
    Црп правевте?
    Кај син ми беше мирно, исто рекоа вирусно дека е. Сега валда они знаат за антиб ама чудно ако вика дека е вирусно како би помогнал воопшто ант..
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Имаме побааги вакви искуства со синот.
    Дали и претходно правел ларингити или ова е прв пат?
    Какви инекции ви дадоа?

    Нас првпат ни се случи ларингит на 6 месечна возраст. Му се случуваа додека не потпорасна постојано, во просек по 2-3 пати годишно.
    Обично немаше температура, немаше симптоми дека нешто не е добар, дека е настинат во текот на денот, освен можеби малку малаксан или малку проѕирни мрсули ќе му потечеа вечерта.
    Во тек на ноќта почнуваше да кашла многу засипнато, како куче да лае и почнуваше да диши потешко. Се будеше со плачење. Однеси го на дежурен, аха акутен ларингит. Штом кашла како куче, тоа е типичен симптом. Ќе му дадеа урбазон инекција ќе се потсмиреше во наредните часови ама наредното утро продолжувавме со инхалации кај матичната и со лоратадин 3 дена. Антибиотици не му дава, немаше потреба. Нема инфекција, нема покачени вредности на крвна слика за да му дадат. Само понекогаш како за вирус наодите (ама нема други симптоми детето од настинка без разлика).
    Не проверуваа да не е астма, и тоа не беше.
    Сите алергиски тестови негативни.
    На крај ни рекоа дека најверојатно причината не е една, туку комплексна. Дека најверојатно е комбинација од некој алерген кој не го опфаќа алерго-тестот и вирус или настинка. Има тенденција да се почести ларингитите кога е есен, кога има дожд и влага. Или на пролет кога има многу полен.
    Ни рекоа дека како ќе му зајакнува имунитетот така ќе почне поретко да се јавува проблемот и помалку да биде изразен.
    Првата помош во такви ситуации, за да не дојде до опструкција е:
    - да излезеш со детето надвор, на ладен воздух, (затоа обично им проаѓа додека да стигнат родителите до болница). Да се избегнуваат простории значи со сув и топол воздух.
    - да му дадеш антихистаминик - ние користевме аериус сируп
    - да му дадеш инхалација со физиолошки раствор (од 3 мл.). Инхалацијата треба да се повторува неколку пати во еден ден.

    Ако немаш инхалатор, влези во купатило затвори врата и прозори, испрскај го цело купатило по плочки со ладна вода, да се направи ладна пареа и внеси го дедето во раце во купатилото да вдишува.
    Заради тоа што редовно му се случуваше на син ми ноќе вакво нешто, и тоа за викенди а во нашата дежурна немаа инхалатор, ние купивме електричен инхалатор и еве уште го користиме по потреба. Го носевме сегде со нас на патување, зошто вакви ситуации ни се случуваа и на лето, на море на пр. Ако е ептен затнат во дишните патишта може во физиолошкиот раствор од 1.5-2 мл да се стави и 1 - 1.5 мл дексазон заедно да ги инхалира, ама тоа само во строго најкритични ситуации кога не може да диши, зошто лекот е кортикостероид и не треба да се користи надвор од лекарска препорака. Така да повеќе чував дома ампули со дексазон за секој случај, него што ги користев. Урбазонот го има истото дејство ама и тој е многу штетен за внатрешните органи, некои не го ни препорачуваат за деца туку само за возрасни.
     
    На Bupalu и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Здраво, малата синоќа поврати 2 пати обилно. Денеска какала нормално а сега имаше течна столица како пролив. Со јадењето само ручекот не сакала да го јаде.
    Дали е можно да е стомачен вирус со вака слаби симптоми? Или можеби е почеток на вирусот па можно е да и се влоши состојбата?
    Немам искуство но мислам ако е стомачен вирус повеќе ќе повраќа и веднаш и пролив ќе има, или можеби сум грешка |(
     
  9. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    мојата керкичка пред 2 недели имаше првиот ден обилно исповрати некочку пати следниот ден еднаш само ама дигна температура до 39 со 7 едвај со чепче се спушти 3 ден немаше темп само малаксана беше и тоа беше се на се ......кај секое детенце различно ама да може да е стомачен
     
    На TiniMini му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.263
    Колку мл Далерон сируп треба да дадам за дете 3год, 13.200кг?
    Screenshot_20220916-215909_Gallery.jpg
     
  11. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Мајки на колку време може да дадам Далерон? Утнав доза на 14,5 кг 6мл му дадов, никако да симне еве веќе 2 саати.
    Обично давам Блокмакс ама овој беше неотворен и за секој случај него го понесов ( во Грција сме).
    И друга опција за симнување? Најдов оцет ставивме на чорапи, малку симна ама еве уште е на 38. Ракија исто има ама не знам што со неа. Туш не помогна.
    Цел ден бев на штрек, како топличок беше а на топломер до 37. Си шеташе гол и му пријаше да се бања во според мене ладното море :worried:.

    Ако знае некој дали постои отворена аптека (во околината на Лептокарија) ве молам кажувајте, барем следна доза да е бруфен
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    не знам, јас малку пати сум имала ларингитис со зарипнатост да не можам да се чујам ни кога шепотам ама искрено не се сеќавам на терапијата.
    и мене не ми е јасно како докториве на вирусно даваат антибиотик. Напротив ем неарно ем ќе му намали имунитет антибиотиков. Освен тоа и инхалации ни дадоа и лоратадин.
    прв пат му се појавува ларингит. Урбазон на детско одд ни рекоа најдобро е да се избегнува зашто моментално дава ефект а не трајно лекување и потоа болеста ќе се повтори. Искрено не успеав да прочитам што ампули ставаа во инекциите, дали линдацин беше... И уште 2 други. Инхалации два пати на ден со дексазон и физиолошки. Ни спомна матичната да направиме алерго тестови, сакав и за тоа нешто да прашам ама ќе видам прво да најдам соодветна тема.
     
    На Cosmic Girl и Milkiway им се допаѓа ова.
  13. viniMini

    viniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Ако ептен не спушта можеш на 4 часа. Разладувај,туширај со млака вода, течности многу.
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Мајки за време на викенд каде можам во скопје да однесам дете на доктор? Малиот уште од неделата ми јаде ептен малку (колку да не е без ич) а од вторник попладне почна и стомачен вирус т.е повраќање и ајде нели ке помине ден, два, кога од вчера попладне почна и носето да му тече и да се жали на болка во нозете ( покажува во пределот на мускулите под колената), а од сабајлево ми е полузамижен и постојано му се прават дрљчиња кај окцињата. А да и еве неколку дена се жали дека го болело стомачето ниско доле, мислевме од стомачниот вирус дека е ама веќе ми е на мисла нели стомачниот вирус трае отпрлика 2 дена. Така да ако знае некој да ми каже кај да го носам или да си го фатам патот во систина?
     
  15. black car

    black car Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    На клиника, ама ако имаш можност подобро директно во систина. Од искуство ти кажувам. Со помин
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.263
    На детска клиника сме го носеле за викенд.
    Овде имам прочитано дека и во Јане Сандански поликлиника има дежурен педијатар
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    За црвено грло кај деца што помага најмногу? Освен лижавчињата од др таис. Некој спреј или капки прополис да земам? И зарипнат е во гласот.
    Таман го оздравев да тргне у пон у градинка...
     
  18. lenysto

    lenysto Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки како давате декортин таблета на дете .. многу е горчлива одбива да ја пие ... ако некој има искуство нека пише итно ми е ❤️
     
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Rastvori sekerce so tabletata vo spric ako e malo, ako e pogolemo sto znae da pie tableti vo nesto blago mali se tabletite kje go izede taka
     
    На lenysto му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.263
    А температура има?
    Мојов од вчера е со темп до 38, кашла засипнато и крчеше. Матичната ми пиша виранто,оперил,синомарин и лижавчиња. Има и други за грло,ќе прикачам слика.

    20220917_235059.jpg
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.