1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ако е зарипнат оди на лекар. Моево така 3-4 дена се мачеше и откако зарипна и одбиваше секаква храна а воедно се жалеше на болка во вратот мораше да го носиме на лекар. Ни дијагностицираа ларингит. Инаку за грло прскав прополис
     
  2. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    474
    Мајки дали осип (црвени точки на јазикот) на едното раче, малку на ногата и под пазувите е сипаница или коксаки? На јазикот е од денес а на др места е од пред 10 дена. Сега се направени како ранички набабрени. Од синоќа качи 39,6 температура. Грлото е во ред. Утре ќе ја носам на педијатар и кс
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.263
    Не ми личи на сипаница
     
  4. katarina5

    katarina5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Што ви дадоа за ларингит? Моето ги има истите симптоми да му земам од аптека до утре да му олеснам па ќе одиме на лекар. Прскам спреј во носето го мачкам маст на гради и грбче и виранто му давам, се мислев да му земам сируп од тегавец.
     
  5. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Ниска темп имаше кратко.
    Во грло прскам прополис ќе земам и лижавчиња.
    Почнав и инхалации со кортаир.
    А каде е зимата еј не знам што ќе им правиме на децава....
    @marchi-cool што ви дадоа за ларингитот?
     
  6. madam puff

    madam puff Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Дали некој дал трицеф на дете алергично на пеницилин? Два пати кажувам дека е алергичен и на две различни места ми даваат трицеф демек место амоксиклав пошто имал пеницилин. Во составот на трицеф колку што можам да разберам и прочитам не се спомнува пеницилин, а во упатството вика да не се дава на деца алергични на пеницилин.
     
  7. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Мајки денес имав преглед за децата кај доктор Хематолог овде во Германија
    Прв пат доктор да ми рече за син ми кога го преслуша дека имал нешто како точка или вдлабнатина на срцето која шушти незнам и јас како да објаснам и ми рече дека не е ништо страшно дека тоа секое трето дете го има,и ми рече дека мисли дека е тоа и да си барам упат за кардиолог да се утврди што е точно
    Зборот ми е син ми е 6год досега 100 пати е преслушуван никој досега ми нема спомнато вакво нешто
    Дали некоја знае за што би можело да се работи,бидејки знам дека термин сега ке чекам после 4-5месеци како и овој денес што го чекав многу долго
     
    На mal.ecka и Larahappy им се допаѓа ова.
  8. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Најверојатно мисли на незатворен форамен овале. Нормална појава е и кога ќе се роди треба да се затвори. Но во одредени случаеви не се затвара
     
    На mal.ecka и Larahappy им се допаѓа ова.
  9. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш шум на срце еве и нас пред 5 дена ни кажаа дека има малиот и дека треба да го однесеме на кардиолог,а детево е 3 години. Ни кажа како најчесто се приметувал кога било болно детето, дека не било за паника ама мора да се однесе на кардиолог да се види точно што, како е и да се следи се додека не се затвори. Јас чекам малиот да ми оздрави бидејќи моментално е болен, па планирам да го носам во систина ( таму ми препорачаа докторка што била стручна во тоа) така да ако сакаш ке ти пишам тогаш поточно што ке ми каже докторката околу оваа работа
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Неможе докторката да каже точна дијагноза затоа и ми рече да го носам на кардиолог
    Рече дека се слуша звук и тоа треба да си види доктор од таа област
    Но со оглед дека тука многу се чека затоа пишав и овде дали некоја имала ваков случај
    Ви благодарам и баш ми пиши што ке ви речат во Систина
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    инхалации и инекции 3 дена потоа продолживме со антибиотик уште 4 дена. Во меѓувреме сите тие 7 дена пиеше лоратадин и инхалации два пати на ден.
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    лоратадин и инхалации со дексазон 7 дена, прскање прополис и 3 дена инекции 4 дена антибиотик
     
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.504
    Пол:
    Женски
    Сигурно е шум на срце,најчесто е физиолошки, не е страшно, со годините исчезнува. Голем број на деца го имаат. Најверојатно матичниот лекар овде што го прегледувал сметал дека не е нешто загрижувачки и затоа не ти кажал. Се прави екг и ехо на срце и ако е се добро, значи тоа е тоа, не е опасно и загрижувачки. Го има и малата од раѓање, имаше моменти кога на преглед не се слуша, па пак го имаше, еве сега е болна и пак го има. Екг и ехо ѝ правија уште од бебе, се беше во ред, наредно ехо ми кажа докторката кога ќе наполни 3г бидејќи до тогаш треба веќе да го нема шумот.
     
    На mal.ecka и Ivana-Iva.94 им се допаѓа ова.
  14. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    За почеток на настинка освен Виранто од кој сируп сте задоволни за 5 год дете?
     
  15. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Koja doktorka e
     
  16. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Слична ситуација и ние, ништо не и е, а кашла растура...излези надвор те гледаат ко мрднат... кај нас појави нешто алергени ама тие не можеш да ги избегнеш....пиеше и зиртек место аериус ... пробавме и со хомеопатски лекчиња не знам дали и помина од тоа или со време ама имаше подобрување
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.083
    Допаѓања:
    101.728
    Пол:
    Женски
    На син ми на 3г му дијагностицираа алергија/интолеранција на лактоза и кравји протеин, до сега давав или преретко млеко и тоа разредено 30/70 млеко и вода или не давав, откако почна во школо ајде викам да пробам да му давам одвреме навреме 0.9 кравјо да видам. Дали се поклопи со настинкиве, дали е од млекото, кашла како луд. Поминати се еве 3ипол години од кои скоро 3 воопшто млеко не давав, и сега ова. Дали имате вакво искуство?
     
  18. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 20 месеци. Веќе извесен период приметив дека има болка под стомакот. Цело време сака да седи на колено и се турка надолу. Правефме уринокултура и се е ок. Ве молам за совет
     
  19. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Посета на матичен да ја види и доколку е потребно да ви даде упат за ехо на абдомен и мала карлица да направите.
     
    На **MajkaE ** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    @**MajkaE ** мене керка ми е правен операција од кила
    Исто подолг период се жалеше на болка на десна страна може 5-6месеци се влечвме по доктори колку пати крв само и земаа и на хирургија ја носев никој ништо не виде,се додека само не и се појави тогаш веке ми беше јасно дека е тоа
    Е потоа веке кога јас си видов упат и за Скопје таму проверија се и за неколку недели ја оперираа
    @AngelOfArh исто керка ми на 1 ипол незнам колку беше релевантен тестот излезе алергична на млеко и млечни производи
    До 3г не конзумираше ништо млечно потоа сакаше само к.млеко и јогурт
    Млеко никогаш не прифати повеке,пиеше оризово млеко до скоро 6г потоа одби и не прифати друго
    Потоа немаше никаков проблем
    Нека му помине настинката па потоа проби пак
     
    На **MajkaE ** и AngelOfArh им се допаѓа ова.