1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.012
    Пол:
    Женски
    Moraksela imase moeto u nos nekoi kapki stavavme rekoa ne e strasno stom padne imunitet znae da se zakaci. Ako nema simptomi ne se tretira bar taka zapamtiv
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.900
    Допаѓања:
    123.133
    Јас го носам кај Гоце во Капиштец Аудио бм. Идев и кај Мери, секој ден само нешто правеше и идпод 1000че не поминувавме за да на крај на клиника завршиме. Докторов работи и со мој термин и приватно и така и така не примал, мене Мери искрено перална за пари ми е , има вработено и друга докторка ама иста песна се

    @Ano каде одите , на клиника? Минатата недела синко имаше таква кашлица што не се сопира , дури стигнавме на лекар веќе почнал да спушта :doh:
    Панцефче, кортиар и вентолинче :party:
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    40.198
    Пол:
    Женски
    Кај мали беше баш напад на гушење. Воздух не можеше да земе и како нешто да му беше зафлавено. На детска клиника бевме, го преслушаа на плуќа немаше ништо, класично ларингитичен напад му беше.
     
    На mal.ecka и eli25 им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.905
    Допаѓања:
    26.027
    Можеш во Козле на дежурство или детска. Козле подобро за белодробни заболувања.
     
  5. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Мајки совет дали некој поминал низ исто.
    Од синоќа ќерка ми е со таква кашлица, на секоја минута кашла, страшно. Бевме во козле ја боцнаа урбазон, додека има дејство добро , после пак исто. Ни инхалации помагаат ни лоратадин , ништо. На плуќа чиста. Памет немам веќе, неможам да ја гледам колку се мачи. Ова вака за првпат ни се случува.
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.900
    Допаѓања:
    123.133
    Кај син ми обично кашлиците се такви. Почнуваме со инхалација декса или кортиар , ако по втора не се смири ни вклучуваат и вентолин. Пробај со зиртек, подобро дејство барем кај нас има од лоратадинот. И сируп исландски лишај.
    Консултирај се околу инхалациите.
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Не ми беше ни мене Мери по кеиф. Пролетта она работеше во сабота и таму ги однесов еднаш. После среќа успеав да дојдам до термин кај Македонка од Систина. Вчера му ставив Тобрадекс во увото, па еве ако го носам сега брат му таман ќе му ги ѕирне педијатар барем.

    Големиот исто како твојот, од поткашлување до луда кашлица па и со температура ја зачини. Пошто брат му заглави со тт и излезе бактерија во нос му проверив и на него и ете и @Katanaaaa да ја спомнам двете бактерии ги има.
    Само заради антибиограмот Зинат му дадоа и очигледно лоша одлука зашто ноќеска пак качи температура после 4 дена. Мораксела прв пат закачуваат, ама со хемофилус инфлуенцае многу заглавивме, раце ми се тресеа кога видов дека пак ја има. Исто инхалации со кортеир и вентолин, во голема мера се смири ама уште многу изгледа има пред нас :( @Katanaaaa Какви симптоми има твоето?

    @karibian трпение, инхалации со вентолин плус треба да помогнат и евентуално антибиотик. Кај мојот прв пат сега имаше предлог за антибиотик без дополнителни испитувања само заради кашлањето. Повеќето болни дечиња се со истите симптоми, се изнапија антибиотици на вирусот.

    Вие што имате по повеќе деца, дали и како успевате да ги заштитите од заразување едно од друго? Дали исклучиво користите различен прибор за јадење, шише за вода, спрееви, аспиратор...
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Katanaaaa

    Katanaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Еден ден крена температура 38 кашла нос му тече и беше нафрлан по цело тело ( после 4 дена се повлече ).
     
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.433
    Допаѓања:
    10.475
    Пол:
    Женски
    Мене за црвено грло, температура до 38.5 и кашлица ми дадоа одма цефалексин, и спреј за грло се мислам дали докторката избрза со антибиотикот? И кај вас ли е таа процедурата?
    Немаше ништо спуштено, си велам ај да не се правам многу докторка, ама гледам кај некои со Виранто сте поминувале. Да бидам искрена не сум имала ваква мака до сега освен со температура, за која не трчам секогаш на доктор затоа што за помалку од 24 часа е поминувала.
    Кога најчесто добивате антибиотик?
    Знам дека се мора некогаш, ама црвено грло ако има на две недели зарем се со антибиотик ќе бидеме?
     
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со осип? Вчера имаше на пеленската регија и околу вратот, прво помислев дека не се поврзани, и дека веројатно се исфрлил на пеленската регија поради тоа што сменивме на нови памперси. Ама денес гледам буквално по цело тело е исфрлен. Ситни се, розеникави, особено по стомакот се најгусто изразени. Не се чеша. Тука нема болница, матичниот не ми е достапен, не знам дали да го носам во друг град. Дали на дерматологија или на друг оддел???
     
  11. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.320
    Допаѓања:
    5.229
    Пол:
    Женски
    Да не сипаници нешто такво.
    Носи го на дежурен/итна, во амбуланта.
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Заспа сега, кога ќе стане ќе видам шо да правам. Не се жали, не покажува дека нешто го мачи. Според гугл излегува дека е roseola. :^) Сигурно од градинка го фатил.
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Дали направивте детална крвна слика? Без крвна слика никогаш не ни дал антибиотик
     
  14. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    Roseola не се фаќа од градинка.

    После висока температура знае да се јаве таков осип-Roseola.
    Ако се како меурчиња тогаш е сипаници.
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Не знаев. Не е имал температура. Не се како меурчиња.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.433
    Допаѓања:
    10.475
    Пол:
    Женски
    Не, фаќаше викенд, петок вечерта отидовме и не ни даде. И јас се зачудив, знам дека некогаш мора ама антибиотик, ама зарем секогаш така даваат..
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски
    А од каде се фаќа? Розеолата е типична вироза во градинките кај деца до тригодишна возраст.

    @nevermet18 ако немал температура, можеби и не е розеола, да не е алергиски осип. Немате дежурни служби кај вас? Не мора да е болница, некоја амбуланта, мислам дека мора да има дежурен.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Дознавме, алергиска реакција било од сок од ананас. (facepalm) Обично не му давам сокови, ама вчера јас пиев, се влечеше да проба и му дадов неколку пати зашто ептен му беше убаво.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    Јас така знам.
    Можеби е така и со градинките , не викам не , но не е толку чест случај.

    Биди претпазлива посебно со купечките сокови , полни се со се и свашта.
    Кај мене малиот од кечап што сакаше да проба од на сестра му тостот се фифна сет на лице па и како пликови му беа
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Предложете некој сируп или некој лек за полесно исфрлање секрет од грло и нос, незнам више што да им дадам на двете деца, кашлаат продуктивно не многу често и носот никако да престане да тече.