1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски

    И мојот е таков со кашлање (не ноќе туку сабајле прилично) ама имаше и затнат нос (пред два дена дури и на уво се пожали ама брзо му помина). Правевме крвна слика за нешто друго и на крвната слика и нему му с епокачени лимфоцитите, а се друго од леукоцити спуштено. Докторот пишал нормална крвна слика (утредента беше на тренинг за што и ја правевме крвната слика и немаше проблем). Веројатно таков е вирусот. Дава мали пореметувања во крвна слика ама ништо страшно. јасс превентивно го инхалирам само со солен раствор и подобро му е кашлањето.
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.160
    Допаѓања:
    76.070
    Пол:
    Женски
    Да исто и ние со таква инхалација почнавме, ама си кашла. Пак ноќеска ништо, а сабајлево кашлала. Ќе ја носиме денес на лекар пак, уште една крвна и баш ќе видиме. А во група во градинка кај неа па никој болен не бил, вчера 20тина деца сите во градинка си биле, ама може од мене или од батко и фатила. И он ми е на Панцеф (јако воспаление на двете уши имаше), а јас со мрсули бев и си кашлав (си фатив од деца од работа нешто, сите кашлаа). Ајде што и да е, кај сите брзо да помине :hug:
     
  3. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    И кај нас така не делуваше бруфенот и го ладев во корито за да спадни, по 15 спадна, се изнаплака дете
     
  4. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    1.889
    Ти пишувам за да ти заблагодарам. Го однесов на друго мислење и кажаа полазено, во право беше. Меѓутоа пак ме оставија само со течна пудра.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски

    Доволно е, јас ретко ставам нешто, евентуално Синопен. Ќе помине.
     
  6. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Ќе ве замолам за совет или искуство.
    Антонија е 5ти ден со температура и кашлица сува, грлена. Крвна слика уредна, црп мирно, брис од грло и нос чисти. Два пати носена на лекар, чисто на гради, грло топ, минимално мало слевање од носето и тоа од денес, претходно ништо.
    За кашлицата правиме инхалации од вчера со физилошки и кортаир затоа што никако не поминува. Температура качува попладне и ја држи до 3-4 наутро после преку ден до кај 15 часот нема ништо. Матичниот вика комбинација на вирус и алергија.
    Давам Лоратадин, вит.Ц, вит.Д, капки прополис превентивно, наизменично ефералган и блокмакс за температурата, чистам носе, денес почна со прозирни вода мрсулчиња, ама еве ништо нема ефект. Матичниот ме убедува дека до утре кашлицата ќе се намали од кортаирот, а во краен случај да ја боцне Урбазон. Вика немам ни за што да поновам крвна слика кога и на гради и на грло е чиста, џабе ќе сум ја боцкала. Кажете како на природен начин да ја намалам кашлицата. А за температурата ми вика вирусно може и до 7 дена да ја држи ;(
     
  7. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Иста е и мојава, прво вироза рекоа, со тајлолкод сирип и капки за нос, и заврши на антибиотик... 3 ден пие антб а настината веќе цела недела и се фаќа, и еве темп има и вечерва, не знам што ќе беше ова :(
    два пати на лекар бевме, пак ќе ја однесам итре, се намачи детево, не знам ни јас што да и праам веќе :(

    За кашлица јас и земав сирип од бел слез, ама мојата е 3г, нз твојата, мислам највеќе и помогна...
    Од Др Тајс имаш и од тегавец за кашлица... др не знам
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.434
    Допаѓања:
    10.475
    Пол:
    Женски
    Не знам што вируси ќе беа, никогаш вака не ми се десило да не намалува со сируп и туширање, дете се изнамачи :(
     
  9. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.287
    Пол:
    Женски
    Какаше 10 минути по чепче. 40темп има, дали пак се става ново или треба да се почека?
     
  10. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    4.560
    Пол:
    Женски
    Син ми е со затнат нос, температура и се жали на болки во грлото. Температура крева на 5 саати, во 3 му дадов 5мл блокмакс колку можам да му дадам сега?
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.387
    Пол:
    Женски
    Јас во тој случај би дала сируп

    Малово (3год) сабајлево ми се поќали дека го боли меше и поврати. Како шлајм со прозирна беласта и жолтеникава боја. После неколку сати пак рече дека го боли меше поврати исто малку како пенеста плунка. Сопругот ми рече вчера додека бев на работа со големиот играле со сапуни, ги дробеле ги сечеле и вика голема е веројатноста да лапнал или да јадел со немиени раце. Но нели тоа треба после некој сат да јави реакција, вака има поминато повеќе од 12 часа
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.510
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е од сапунот.
    Има некој вирус и големата повраќа од сабајле. Има и малку покачена тт. На два пати јадеше кисело млеко и целото го исповрати.Електролити за жива глава нејќе да пие, чај од нане исто така. Пробиотик давам, витамините што си ги пие исто така. Два пати и дадов јаглен апче. Што можам друго да ѝ дадам? Кока колата за што ја давата,кога повраќаат ли?

    Минатата недела малото беше со кашлица,пролив, тт. Сега големата. Аман веќе, зимото уште не е почнало
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    На бебево му се направија како брунчиња под устата до кај брадата, црвени се и воспалени, можи од цуцлата, шо препорачувате да го намачкам?
     
  14. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Провери да не е ковид. Јас сега прележав со истите симптоми како што кажа.
     
  15. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    4.812
    Пол:
    Женски
    Од фрезидерм има една периорал не сум ја користела ама можеш да пробаш.
     
    На Leucadia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    4.560
    Пол:
    Женски
    Само шо се напи антибиотик плачејки одма го исповрати кога да дадам пак?
     
  17. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    4.560
    Пол:
    Женски
    Во мегувреме од ко исповрати пиеше вода и пак исповрати, да дадам наусолвит капки илк да почекам 1 саат?? Неможам да ја добијам матичната да прашам
     
  18. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Бевме утрово во Козле, кај 5 часот во спиење се закашла и 15 минути нон стоп кашлаше, мислев дека ќе се задави. И направија нова крвна слика каде сите вредности, и ЦРП беа во ред. На слушање рече малку спуштила, но бидејќи се мачи цела недела и даде инхалации со Вентолин и Панцеф сируп. Рече да не ризикуваме да дојде до посериозно нека пие антибиотик 7 дена, и да продолжи со инхалацијата со кортаир.
    Само што се вративме и направив инхалација со Вентолин, еве веќе саат време кашла продуктивно. Дали тоа е очекувана реакција?
    И дали на некое од дечињата им бил даден антибиотик а да имаат уредна крвна слика.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.723
    Допаѓања:
    145.097
    Да, нормално е да помине во продуктивна.
    За антибиотикот не знам што да ти кажам.
     
  20. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.287
    Пол:
    Женски
    Какви симптоми дава моменталната корона кај деца?
    Кај синко е 3ти пат ова што се заразува и за разлика од претходните два пати каде беше со лесни симптоми ден-два, овој пат повраќање два дена, пролив веќе 5ти ден го држи, грло и сува кашлица и вчера над 40 качуваше температура.
    Не знам дали имал веќе стомачен па короната е плус или проблеми со меше се типични за оваа варијанта?