За респираторни болести е Козле, за се друго на Клиника - Педијатрија, а има и на приватно Систина на пример
Истото ни се случи и нас, добра крвна слика ама детето не беше добро, премногу кашлаше и онака малаксано ептен, не дадовме антибиотик и многу згрешивме, спушти на плуќа и не задржаа во болница, го иструја со антибиотици….
Кај мене матичната инсистира до три дена температура е вирус, после три дена уште ако качува висока температура ако е направена кс и нема ништо да се почни антибиотик
@Neda997 не знам кој ти кажал дека детето има проблем со синуси, ама не е логично имајќи предвид дека тие шуплини во коските кај децата не се развиени некаде до 12тата година од животот. Друго, освен ако не е нагласено од имунолог, дете не треба да се пази и чува премногу, да не се ограничува со јадење ладно, директно од фрижидер, излегување на секакво време и многу облекување, оти тоа обично има контраефект. Друго е ако влагата ѝ смета, ама не мислам дека е само до тоа. Од она што го гледам околу мене, децата кои премногу ги пазат да не настинат се обично поосетливи и лесно настинуваат дури и како возрасни. @Leucadia од вироза температура може да трае и до 7 дена. Кај нас најчесто даваат антибиотик после три дена оти им е страв, и да се покриени. Ако крвната слика покаже вироза, зошто би дала антибиотик?
Што им давате да јадат кога имаат пролив? Малиот е веќе 6ти ден со по 6-7 обилни столици, дење и ноќе... давам двопек, јаболко, јогурт, банана, ориз, морков... што можам друго, да го засити ама да не му ги оптеретува цревата?
Најверојатно од страв како шо викаш да не напрај бактериска инфекција и да се направи полошо или да спушти на плуќа.
Малку можда е глупаво прашањето, ама не знам шо да правам. Кашлаше, вчера дури крчеше, го носев во итната ми кажаа дека спуштил на гради и го боцнаа урбазон. Ми рекоа да давам антибиотик и во пон да испитам крвна слика (матичниот не ми го кажа ова иако и кај него бевме во петокот). Денес е подобар. Не знам дали утре да испитам крвна слика, дали да го пуштам во градинка или не. Вие како би постапиле?
Бактериска инфекција од ладен сок и газирано не се прави. И да, децата кои се преслакаат на секои 10мин игра испотени, не им се дава ладно недајбоже сладолед, газирано строго со шеќер еден тон ко да е малку шеќерот во него, се туткаат со алишта несоодветно на временските услови, се поболежливи. Јас зимно време многу ретко носам капа, и тоа строго само главата, да не ми е покриено челото, шал никогаш, а не па преку уста, се облекувам нормално во 2 слоја максимум 3 и за да се разболам треба стварно да закачам некоја бактерија или вирус од некого, од прехлада многу ретко се разболувам. Исто и детево го чувам ко себе и да не се вирусиве стварно ретко кога е само прехладен, грло не фаќа скоро никогаш. Маж ми за разлика од мене носи маици долни преку цела година, спие по долги зима лето, нон стоп се тутка нешто и вечити е рашмркан, врв ми е кога навечер ќе го видам со капа зимска дека спие, му студело на синусите. Ладниот воздух е здрав, топлиот воздух е одлична подлога за бактерии и вируси.
Никако во градинка. Нека ја испие терапијата, нека ујача па после градинка. Спуштено на плуќа не е шала. Не знам зошто не ви направиле крвна слика пред антибиотикот. Да спуштат може и од вирус, а таму антибиотик не помага...
чим има спуштено мора антб, претпоставувам сте почнале чим е подобро. не го носи во градинка зошто бетер ќе залегне.
Како ќе го пуштиш со антибиотик и спуштено на плуќа?! Ни под разно! Бронхитис порано лечевме по 3 недели дома, сега не е до толку ама бар 1 недела нека поседи дома. Плус ќе си го испие антибиотикот, ќе се опорави па ќе го пуштиш. Не брзај. Он и така е со намален имунитет, од антибиотикот уште толку и ти го носиш во легло со вируси. А кс здравје откако ќе испиете терапија, сега џабе е.
Луѓе ме нападнавте како да сакам јас да си го пуштам детето во оган. Според матичниот е вирус, нема ништо на плуќа и на грло, ако сакам да давам антибиотик, ако не не мора. Шо не ми е логично за вирус да давам антибиотик. Затоа и не дадов. Тој ми препиша лоратадин (?) и оперил спреј за носе. Во итната ми рекоа дека има спуштено на плуќа и обавезно антибиотик, после ова почнав да му давам. За инхалации никој не ми спомна.
не те напаѓам, таман раб. ама кога детето е болно му треба одмор, чиста површина, редовни мали оброци и терапија. ваму може и некоја бактерија да фати при паднат имунитет и бетер беља да си направиш.
Тебе сум те цитирала, општо се обраќав на сите. И јас мислам дека не е за во градинка, матичниот вели дека може да појде.
Не не Чим пие антб и има спуштено на гради, не. вирус не се спушта на гради. горе си стои. има некој воспалителен процес. после втора пиење антб одма се осеќа подобро, зошто реагира лекот. Но мора до крај да се истера како што треба за да нема последици. Пробиотици верувам даваш, ви кажале и тоа сигурно. Нека си поседи дома, лесна храна, многу течности и после ќе е топ.
Не знаев дека вирус не се спушта на гради. Фала на информација. Не ми кажаа, ама давам пробиотик. Ќе си поседи уште малку дома додека се оправи, ќе ни годи малку повеќе гушкање и на двајцата.