Абе не се сеќирај, сите сме биле на твоето, сме имале недоумици. Според мене смени си го матичниот. Спуштаат на плуќа за пола саат, тоа не е спорно. Синко во 2 немаше ништо, во 5 веќе имаше и опструкции. Антибиотикот е веројатно даден на тепка, со Амоксиклав колку ќе се изборите не знам, кај мојот не делува. Ама со оглед на тоа што е мал и не се разболува често за почеток ок е. Сите сме ти биле во чевлите, така да слободно прашувај. И вирус да е, дете со вирус дома треба да седи, не да го шири во градинка. Спуштањето не е од вирусот туку реакција на вирусот, секундарна инфекција, како да речам да не згрешам зошто сепак не сум медицинар. Нека поминува со лесно!
Алмацин пие. Ќе видиме колку ќе делува. И јас сум за менување, ама нема друг во градов. Среќа што постои итната за второ мислење.
Абе види и на докторот мислењето дека е чист на плуќа држи, проблем е што со вирус ве праќа во градинка.
Вирус спушта на гради и те како. И од алергија може да се спушти. И јас се чудев ама во Козле ми објаснија дека почест е вирусниот бронхит. Инаку син ми кога спушти немаше ни кашлица, ни тт туку одеднаш осетив чудно струење во градите. Крвната слика беше супер и рекоа дека антибиотик е џабе. Така и беше...
едно е вирус друго е наод на гради. вирусот останува горе, наодот е резултат од вирусот. исто е ама не е исто. со антб не се лечи вирусот. туку наодот.
Многу не си во право ама ај. Јас ти кажувам дека во Козле бронхит од вирус не лечат со антибиотик, туку исклучиво со инхалации. 3јца лекари од таму ми го имаат објаснето истото. И малиот ми се излечи само со инхалации.
Вирусната инфекција и тоа како може да спушти на гради. И не се лечи со антибиотик, ама па кај нас се препишува за што треба и не треба, па не ме чуди, ете кај ковид ги убија пациентите од сумамеди, па и превентивно, дека ако дадеш антибиотик ќе превенираш да се спушти во долни дишни патишта Не е мое да се мешам, ама @nevermet18 направи крвна слика. Детето во градинка ќе го пуштиш ако е во добра општа состојба. Ако не е добро, нема што да го пуштиш. Од лекар ми е кажано дека дете не оди во градинка ако има температура, пролив или повраќање, ако е омалаксано и залегнато. Секоја друга состојба е ок. Ако го чуваш дома уште недела, две, три после оздравување, никогаш нема да ојача имунитет. Моите оделе во градинка и со пиење антибиотик, ама ако биле добри, не ако биле омалаксани. Ако малиот има спуштено на гради, носи го кај лекар да го следи на два три дена, да види како се развива ситуацијата.
Болки во глава (челото) и во нозете се нормална појава, така? Или треба да ме загрижи? Не знам што вирус ќе е со вака висока температура што се спушта само на 2, 3 саати Јас мислам дека се е индивидуално. Поголемиот на 40ден од вирус направи бронхеолит. Во Ремедика одма штом спушти му препишаа антибиотик. Кога се искомплицира и останавме да лежи во Козле продолжи да го пие антибиотикот. @Annath втор пат имаат тргнато во градинка со по уште ден два антибиотик (од десет дена за секој случај) и 10тиот ден се со нешто ново
Болките се од температурата и се нормални. А за последното, па треба време, и моиве не ојачаа преку ноќ. Првата година кај двајцата беше така така, со тоа што малото малку поспремно имунолошки тргна во градинка, оти брат му си одеше во градинка кога се роди. Варичелата кај големиот многу го падна имунитетот и таа година раат не видов, а малово нема прележано уште, но и кај него таа втора година во градинка беше покритична. После стана полесно, ојачаа.
Се слагам со се освен со дете со вирус да пратиш во градинка, ама свесно да пратиш. Не е етички, тој вирус се шири, и твоето дете се разболело од друго па сега и оно ќе шири, некаде мора да прекине ланецот па нека е кај мене тоа. Инаку после 72ч најчесто, добро одреден антибиотик веќе не шириш зараза (збориме ако има бактерија нели па пие антибиотик, не за вирус) А за вирус секој си има свој период на инкубација, така да не може да се има еден став за сите. Сум лечела и бронхит само со инхалации за да се олесни дишењето, а ни давале и Зинат/Трицеф во зависност од тоа колку е јака инфекцијата предизвикана од состојбата. А со оглед на тоа што детето пие веќе антибиотик не знам колку е валидна кс сега.
Јас одев според советите на матичната. Вирусот најчесто е во телото додека трае температурата. После не е активен, не е детето заразно. Сигурно нема дете со температура да пратам во градинка? Со бактерија се позаразни ако гледаме така, и покрај антибиотик. Макар што после 72 часа веќе не е толку јака бактеријата да се пренесува.
Кај мене и малиот летоска корона почна со вакви симптоми, главоболка и болка низе тело. За среќа беше пропратено само со по два дена ниска температура и после 2 ден како ништо да не било.
Maliot 3 god, se udri od kose na masa pozadi na glavata, krv tecese no ne premnogu. Hidrogen, pudra, se smiri tecenjeto, posle saat vreme kako pak da imase krvce, pak pudra, srebrena voda i sprej. Vreme mu e za spienje, ispi mleko i zaspa. Krv za sega nema. Dali da panicam i odam vo hitna ili da go gledam cela vecer da ne pocne da tece pak krv? Nemam iskustvo zatoa prasuvam, mnogu mi e strav sto neznam sto moze da mu se desi? Sovet?
Следи го да не поврати, буди го на 3ч, тоа ми кажаа мене кога падна синко на глава. Фала богу ништо не му беше.
И мојот се има исто удрено на таа возраст, со крв и оток. Јас го чував 2-3 саати буден, после пазев да не повраќа и да се однесува нормално. Мој совет залепи заштитници на масата или покриј ја со нешто меко, кај нас ги вадеше заштитниците и со јорганче масите ми беа долго време покриени, неколку пати се имаше убаво чукнато пред тоа.
И моиве така ја поминаа само со висока тт, среќа што беше еден ден само. Сега ќе видиме што ќе испадне. Реков да не го малтретирам толку брзо на лекар ама не знам дали да чекаме до сабајле. На 38,9 му давам сируп и он качува до 40,5. Бројам минути до време за блок макс, него му се надевам, друго не знам. А до вчера сабајле пиеше Зинат