Кој е за кафе/благо, частам . После блокмакс спушти до под 38 и се испоти конечно. Држеше така 8 саати и од следна доза сабајле спушти на 37 . Далеку сме од оздравување ама еден камен ми падна. Брат му исто првиот ден на 2,3 саати качуваше па сега намали доста. Како и да е ќе го носам денес на лекар, чекав да поминат демек два дена од антибиотикот за да можат да направат анализи. И уво ќе видиме, вресна вчера дека го боли десното ама после се смири (на толку антипиретици логично). Иначе Зинат пиеше 10 дена зашто многу кашлаше и мораксела и хемофилус инфлуенцае во нос.
Супер ќе се оправите. Затоа бие од денес со незнам ни како се вика дијагнозата. Ларингир, ама со продуктивна кашлица и воспалени трахеи. Доза урбазон +антибиотик+зиртек+инахалации кортаир. Плус мониторирање, ако не почне да пушта кашлицата, утре пак на боцкање урбазона. А дете триста на саат не можам ни да го сопрам да седне на газот.
Незнам веќе што е ова. Таман се опраи и мојот, четвртиот ден од градинка затнат и кашлица која не се смирува .Опет исто. Крвна слика стакло. Ама пак кортиар . Од втора инхалација се смири, ама зошто беее 2 недели неможеме раат да истераме
Исто. Во вторникот тргна, во саботата попладне почна да поткашлува, ноќта веќе почна со напади. Од вчера попладнето полупродуктивна кашлица, денес матичната вика партал и грло и трахеи. Кашла како куче. Срце ми се кине. А тој вака фит и не можам да го седнам на газот, а треба да мирува. А што раат бевме од лани од Ноември тук таму по некоја блага настинка со по еден ден тт. Згора на се ми е криво оваа недела многу убави активности во градинка. Вчера претстава, денес час по физичко во природа, утре базар и роденден, четврток во ЗОО ќе ги носат Едит: кортаир како ви дозираат?
@Ano cortair од 0,2 пола ампула , (мислам доаѓа 1мл) со пола ампула синомарин (1,5мл) , два пати дневно , насабајле и навечер.
0,25 мислош. Туку ако не најдам 0.25, какп беше од 0.5 да добијам иста концентрација за доза 1мл 0,25 да не знаеш?
Успорете малце со урбазонот и останатите стероиди кај децата. Се надевам дека сега се подобри но пазете ве молам. Кортикостероидите краткотрајно ќе му олеснат но многу повеќе може да му наштетат. Ќе си речеш се потсмири ама никој не ве информира колку можат да наштетат, особено при повеќекратна администрација. Го супресираат развојот на имуниот систем, го кочат растот, го деплетираат калциумот од коските што може да доведе и до остеопороза, проблеми со видот, регулацијата на шеќерот, предизвикуваат и промени во однесувањето како хиперактивност и иритабилност, како и низа други не сакани ефекти.
А која би била алтернативата, за дете со ларингит, кое 3 ноќи се буди со напад на гушење, и два дена има интензивна кашлица, која само се влошува?
Најпрво би препорачал да се земе спутум или трахеален аспират и да се испита за каков вид на инфекција станува збор. Па после може да се планира каузална терапија, нели целта е да се отстране причинителот не само симпоматски да се лекува. Според тоа што го наброи ми личи на акутен ларинготрахеобронхитис (croup) и најпрвин би се посомневал на вирусна инф (најчесто причинител кај децата е параинфлуенца вирус, 80%). Доколку случајот е таков антибиотикот ништо нема да помогне. Ако е од параинфлуенца најчесто брзо поминува со симпоматска терапија, а кај потешки случаи или инфекции од др вируси се даваат антивирусни лекови (оселтамивир, занамивир, рибавирин, адамантадин). Поретко може да биде и бактериска инфекција (пред се од стафилококи, но и стептококи или мораксела). Доколку се потврде дека за тоа станува збор е дури тогаш се дава антибиотик (по направен антибиограм, бидејќи голем број се резистентни на одредени антибиотици и нема да има ефект). Исто не е грешка да се размисли и на алергиска етиологија. Во меѓувреме додека да добиеш резултати и натамошна терапија ќе лекуваш симптоматски. Ако има температура можиш да му дадиш парацетамол или ибупрофен (6ч), еден млак туш или пак ќе земиш една крпа натопена со алкохол и убаво ќе го истриеш. Повтори го ова неколку пати и ти гарантирам дека ќе му ја спуштиш температурата. За кашлицата пробај со оние апаратите за влажнење на воздухот или пак да направиш пареа со топла вода/туш и седи со него/неа 10тина минути да подише влажен воздух, ќе се ублажи сигурно. Исто имам слушнато дека и ладен воздух помага за кашлица но имајќи на ум дека кај нас се е загадено незнам колку е тоа паметно. И да не заборавам давај му повеќе течности да се рехидрира. Како што можиш и самата да заклучиш доста битно е да се знае што се лекува, нема универзален лек за се. Никој не може без да испита, од око да ти тврди “аха да ваква инфекција е”. А лекарот ако ти се праве многу паметен, имаш право и сама да си побараш дополнително тестирање. Денеска има многу кои поради х причини гледаат што поскоро да го поминат пациентот, ако е таков можеби време е да си го смениш докторот. Се надевам не ти здосадив со рефератов но верувај со добра намера е.
И јас да верував само на матичниот сега ќе пиеше мали антибиотик за ништо. Даден беше само затоа што температурата траела повеќе од 3 дена и ради кашлица, но чиста плуќа, па ми беше кажано "ако качи и вечер(4ти ден) почнете го обавезно 7 дена алмацин" по направена кс која упатува на вироза, иако др кажа дека кс не е лоша. Темп качуваше следните 2 дена, но антиб не дадов. Сами напрајвме брис локално третиравме стрептокока која не правеше проблем, ушите беа воспалени и за 3 дена без ништо се повлече воспалението со редовно чистење на нос. Без инхалации, само имунобор, витамини и течности и локално цитерал. Сами(пак) повторивме кс за 4 дена која беше уште подобра и се уверивме дека антибиотикот ќе беше за ЏАБЕ. Го следеше ОРЛ специјалист и не' водеше цело време што да правиме. Внимавајте многу и прајте анализи сами. Ја грешев што и порано не правев одма кс и брис. Ова само надоврзување на постот претходно ете како пример.
Благодарам за исцрпниот одговор. Малиот е 5 години и прв пат му се случува да развие ваква состојба. Матичната секако посочи ако не дај боже после ова се повтори ќе се прават дополнителни испитувања дали можеби стануба збор за алергиска состојба или друго. Моментачно мислам дека станува збор за недолечена состојба, зошто пред 10тина дена имаше исто ларингит, ама тогаш многу поблага форма и лесно помина. Но, детето ми е оперирано од срце и кај него вакви специфични состојби мора повнимателно. Во моментов за среќа нема температура, кс само со благо покачено црп, ама сосотјбата на грлото е ужасна и кашлицата е ужасна, јас се изморувам што го слушам, а можам да замислам како му е него иако за чудо он не дава слика дека не се чувствува добро. Во секој случај уште еднаш благодарам и ќе го имам ова мислење на ум за во иднина ако не дај боже се повтори.
Мајки на син ми (16месеци) приметив денес дека има рани на газето. Се извадив од памет го боли неможе да се движи убаво. До сега сме немале ваков проблем, не користиме влажни марамчиња, после какање под туш е, во денот му менувам 6-7 пелени и стварно не ми е јасно од што. Еднино му сменив пелени од пуфис на виолета ама па од тоа да има ранички ми е нелогички Што да му ставам за побрзо да му помине? Го намечкав со судокрем а штом упи му ставив и бебешка пудра
Само пудра бебешка не мора судокрем ќе се исушат раничките. Ако е црвено многу павловичева многу помага.
Mila jas koristev pampers premium,pa kratok period violeta,potoa dolgo vreme pampers activ za da neznam shto mi pritekna u glava zemav violeta air dry se napravi ranichki na gazeto koi koga ke go doprev regirashe so kenkanje. Pochnav po obilno da mu stavam weleda za pelenska regija i si se vrativ na activot za 2 dena veke skoro i da pominaa ranichkite.
Ако имаш од малите тубенца еден месец може да стое отворено колку што знам. Ама нека потврде и некој друг , јас до сега неколку пати сум инхалирала и најчесто со монодози.
Мајки, синко има 10 дена веќе температура 38,5.Се спушта само со антипиретици. Претходната недела правевме брис од нос и грло, чисти беа. Според матичната- настинка, вирозичка било. Викендов почна многу лошо да кашла, го однесовме во козле, го слушнаа и кажаа полесен степен на бронхит, терапија ни дадиа панцеф со инхалации вентолин. Втор ден панцеф нема подобрување, носот тече како чешма, само со зелен секрет температурата иста. Инаку за крвната слика кажаа дека им личело повеќе на бактериско, матичната вика не можам да кажам дека е бактерија, а тос што се слушало на грсдите било од секретот не дека имал бронхит. Веќе не знам кај да терам цел месец сме дома затворени, ковид кога имавме подобро поминавме..Ме плаши да не се искомплицира, многу долго трае температурата...