1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.387
    Пол:
    Женски
    помислив и на стомачен вирус ама пред месец ипол го поминавме сите топтан. Инаку конкретно за ситуацијата, дадов медицински црн јаглен и прекина повраќањето ама наредните 4 дена имаше течна столица. Веќе човек да не знае кој крај да го фати. А еве од ноќеска сме пак со температура, 37.9 не знам што е работава 2 месеци од болница не сме излезени. Ќе мора сопругот да го носи на брис, ова може од ларингитисот ко го имаше нешто да не е доизлечено
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    @Leucadia @lia22 фала мамички ќе пробаме и ќе смениме и пелени се надевам ќе се смири, вака многу ми е жал се гледа дека го боли
     
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто како родители имаме страв од покачена т.темп. :?: Тоа е добар знак, телото се бори со инфекција и е потребно само следење и разладување. И 37,9 не е висока температура.
     
    На mommy's love, sani99 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    126.447
    Јас на пример се плашам ради грчеви:worried:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Следење и реагирање.
    Нема ништо страшно и од грчеви. Зошто се случува само кај мали деца?:?:
    Телото човечко е толку совршено создадено за да опстане, така да се си е поврзано и си има одредена функција и цел.:nod: Понекогаш само треба да седнеме и да вдишеме длабоко. На децата паничари родители не им требаат. Уште повеќе ќе се доразболат од страв.
     
    На mommy's love, lovely91 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Од мое искуство ваква температура и зелени мрсули е бактерија. Продолжи со терапијата треба време за сирупот да почне да делува. Секогаш кога пиеле терапија а имало бактерија во нос првите денови течел вака, на тој начин се чисти бактеријата.
     
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @Resana Од мое искуство веќе на третиот ден се чувствува подобрување (ако имало потреба од антибиотик или ако антибиотикот содејствува со микробиолошкиот наод).
     
    На Monche24 и Resana им се допаѓа ова.
  8. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Се согласувам . Исто така и мислам дека 10 дена температура е долг период. Сега видов моето мислење е за мислењето на @Monche24
     
    На friendy и Monche24 им се допаѓа ова.
  9. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.287
    Пол:
    Женски
    9ти ден со дијареа. Дали некоја има искуство вака долго?
    Доктор вели се додека цревата не се опорават од вирус/бактерија ќе трае. 3ти ден е со строга диета, само двопек, супа малку, банана, јаболко, малку пробиотски јогурт. Ама ете од супата морковот како се голтнат така е исфрлен, исто и останатото. Страв ми е дека ништо хранливо не му апсорбираат цревата. Има и столици кои се само жолтеникава слуз и вода.

    И нешто што прв пат слушнав од 2ца доктори на педијатрија овде, дека и бактерија не лечеле со антибиотик, чекале сам да се избори организмот, инаку уште толку ослабнувал од антибиотикот. Без разлика дали е вирус или бактерија (салмонела, норо, рота...) само се гледа детето да не дехидрира.
    Изгледа со диетата доста се намали количината на столицата, и две ноќи немал, инаку и во сон какаше неколку пати...
    Дали е нормално вака во парчиња да се исфрла храната?
     
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.511
    Пол:
    Женски
    Пред 2 недели и малата имаше дијареа. Најпрвин докторката ништо не ѝ даде,освен пробиотик, електролити и да внимаваме на исхраната. Ама после 6 дена пак ја однесов оти не престануваше и ѝ даде Ентерофурил сируп. За ден, два ѝ помина. Да прашаш ентерофурил да ѝ дадеш? Мислам нема штета од него
     
  11. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.287
    Пол:
    Женски
    Не сме во мк. Давам пробиотик два пати дневно. Инаку пробав со Perenterol junior прашок ама никакво подобрување немаше. Фала ти ќе погледнам уште што има. Дали можеш да ми пратиш слика од Ентерофурил?
    За колку дена и се среди скроз? Или после 6тиот ден веќе нормално си какаше без парчиња?
     
  12. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.287
    Пол:
    Женски
    received_505569514913004.jpeg
    Ова ли е тој сируп и како се дозира?
     
  13. DrRejv

    DrRejv Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Проливите од бактериска или вирусна етиологија обично не траат многу долго кај мнозинството деца и не предизвикуваат стеатореа (масти во столицата). Консултирај се со лекарот да се испитаат панкреасни и хепарни ензими за да се исклуче метаболичка причина.
    Исто би се посомневал и на паразитарна инфекција, најчесто ламблиаза (giardia lamblia) предизвикува хроничен стеатороичен пролив. Доколку по испитување се потврде тоа би требало да препишат метронидазол (тинидазол или слично).
    Во меѓувреме продолжи да му даваш повеќе течности и доколку немаш можеш да земиш о.р.с таблетки да му дадеш за да не дојде до електролитен дисбаланс и дехидратација од проливите.
     
  14. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.287
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот. Пред 2 недели почна всушност се, кога 2 дена повраќаше и имаше гадење од храна. Потоа 2 дена беше ок, и тогаш почна проливот. Во меѓувреме татко му даде симптоми на корона, и излезе позитивен а и кај син ми во ист ден почнаа (висока температура, кашлица, болки во грло). Сега е останата уште кашлицата и проливот кој сите овие 9 дена си трае. Доктор вели веројатно 2 инфекции цревна плус корона истовремено, бидејќи и таа давала стомачен проблем кај деца.
     
  15. DrRejv

    DrRejv Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Па да, најверојатно се работи за респираторна и гит инфекција истовремено. Меѓутоа не гледам ништо лошо да се испита за метаболичко нарушување и за паразитарна инфекција. Сепак 9 дена пролив со масти не е малку време за да се посомневаш и на друго освен корона.
     
  16. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    @eli25 @Ano на моиве порано им даваа 1мл од 0,25, сега сите доктори 1мл од 0,5 препишуваа.

    Инаку го однесовме вчера големиот,, лошо кашлал (стандард штом го слуша нова докторка остро дише) и му испита плус имуноглобин Е. Крвна слика добра, ептен намалени еозинофили и високо црп. Имубоглобин Е низок. Колку што разбрав отпосле тоа било за алергии ама и отпосле ми текна дека он до пред некој ден пиеше Рупафин. Ако знае некој кажете дали е веродостоен резултатот. Се надевам не била џабе драмата со зимање крв од вена :sweat:
    Следно уши му виде ептен воспалени и ај Амоксиклав 10 дена.
    Малиот го слушна дека реков влоши кашлање, не ми вика, големиот повеќе кашла он е супер. Он и дека немаше тт премногу енергија стварно не личеше на болен. Уши му ѕирна имало маст нешто не се гледало сто посто ама не видела никакво воспаление.

    Ама не ме држеше место и денес на орл. Големиот крива А, мало воспаление од вирусот, ништо страшно.
    Мм запна штом одиме и малиот да го видат. И имаше што да видат, крива Б и Ц плус вика допрва собира. И ај антибиотик до понеделник двајцата па на контрола да видиме до кај се.
    И сега на мисла сум. Тераат со температура, големиот смири кашлица, малиот влошува, затнат нос се гуши, повраќа. Според се е вирус и сега пак антибиотик :x. Големиот вчера и сабајле пиеше антибиотик мм убеден дека од тоа се смирува и одма ноќта се испоти, мене некако не ми е верно.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    40.198
    Пол:
    Женски
    Леле вие ептен мака мачите со уши:(. Јас трауми имам уште од тоа кога заглавивме со мастоидит, па уште и цефчиња мораа да му стават:worried:.

    Кај мали позитивно е што нема температура, кс супер само благо покачено црп. Ама вчера попладнето стварно јас се изморив слушајќи го како кашла :sweat:. Ми е малку криво за антибиотикот, ама имајќи ја предвид неговата историја. Плус матичната не ни е паничар, ама она штом рекла лоша слика на дишни патишта можам да замислам колку му е се партал.
    Фала богу денес после втората инхалација еве да не го подречам прилично мирен, ама цел ден се караме по дома да седи на газот и да не зборува и вика.

    Инаку и нас ни пишала 1мл од 0.5, ама мм со аптекарката нешто се уплеткале.

    Дај боже да не повтори, ама ако повтори ќе оспитуваме и ние и алергии или од што е. Само нека помиува.
    Таман помислив дека стигнавме некаде со имунитетот, од лани од ноември наваму супер си беше, а и градинка и се тераше супер. Дали е постковид или општо се испоразбудија вируси незнам.
    Планирам да му вклучам една доза протект џуниор и цинковит една доза.

    Инаку прееска читав дека има лош респираторен вирус, козле по незнам колку приеми и прегледи имале деновиве.
     
  18. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    @Ano некој гаден вирус е, да не се повтори.
    Не знам кај вас како е ама моиве премногу брзо го фатија и раширија, еден ден разлика се двајцата, јас некој саат покасно од големиот (антибиотикот за процес во заб што го пиев ми го реши имунитетот, со раширени раце го пречека) внучка ги чуваше сабајлето пред јас да имам симптоми па сабајлето и она.
    И мене грлото ми е партал, кашлам со гушење не можам воздух да земам, уште и се затнав никаков спреј не помага. Не можам ни да замислам на маливе колку им е тешко |(
     
    На mal.ecka и Ano им се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    40.198
    Пол:
    Женски
    Со лесно и кај тебе. Јас само се мислам кога ќе закачам нешто од мали сега дека и бремена:worried:
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Кажаа на канал5 во вестите преку 150прегледи имале во Козле
    Имало вирус све од градинките
     
    На mal.ecka и Ano им се допаѓа ова.