Од што може да биде овај осип? Го има само на гради, стомак и грб. Се надевам убаво се гледа на сликата со блиц ми е сликан. Ситни мали точки се.
Ибуфлам би помогнал за болки во стомакот?Малава плаче и се витка веќе час и половина,мешето и е тврдо Одбива чај и топли облоги за друго немам идеја што би и дала...
Чепче глицеринско? Микроклизма? Измасирај ја со мрсна крема (павловичева). Избањај ја со пожешка вода. Нека се покисне во када.
Ако е ибупрофен тогаш е за секаква болка. Јас пијам и за стомак. Ама пробај со масажа прво, кај моево помага и ме тера да го масирам ко ќе го боли.
Масирав,капев,чајче одбива,масажи исто Не ме остава да ја чепнам И ставив некако топла облога и ќе дадам ибуфлам штом е за секаква болка,друго немам ништо за стомак Вришти од болки страшно...
Се смири од ибуфламот не знае да ми каже каде точно ја боли Мислиш на слепо црево? Уф...како би знаела каде ја боли?Не би требало да е пропратено со повраќање ако е тоа?
Слепо црево е пропратено со повраќање.Ако ставаш топло болката од слепо црево не се повлекува, пд ладно се повлекува.Некогаш немора личноста да има болка на десната страна за да е слепо црево.Може да е болка околу папокот проследена со повраќање.Ова за инфо само знам дека е вирус
Мајки да прашам нешто, може е глупо ама еве јас незнам. Какви се тие имунолошки тестови што ги спомнувате, дали е некој конкретен тест кој кажува каков е имунолошката состојба на детето, или се различни тестови базирани на индивидуална здравствена состојба? Јас овде незнам ни што ни како да прашам и побарам, или такви доктори ми се погодиле, лечат за да лечат не за да излечат. Се спремам да одиме кај имунолог, бар да знам што може да побарам.
Мајки две недели малиот неможе да се оправи Детето е добро игра трча јаде закашлува мн ретко ама и многу длабоко Пиеше Сумамед 3дена кога спие градите му хрчат страшно неопишливо хрчење, кога имаше бронхит вака не хрчеше Денес го носев пак ајде пак кс црп негативно леукоцити мирни док се чуди незнам што да правам како да му помогнам Значи си спие си дише нормално не му пречи ама цела соба хрчи од него жал мк е многу зошто така Инхалирам со вентолин
Моето беше исто после варичела, ама не ја поврзуваат варичелата со тоа. Ние често спуштаме на плуќа, баш често и отидовме на снимање за трет крајник, ни дадоа еден спреј Калменте, му се среди од тоа.
Мојот крчеше на алергиска основа неколку дена пред едно две недели. И кашлаше ептен многу. Сега се потсмири иако знае пак по малку да се накашла/прокрчи во сон деновиве.