И моево закачи стомачен вирус од саботата почна со пролив, па поврати неделата, денес кога стана не и се правеше ништо, нерасположена беше , и се лежеше, и се извадив од памет зошто никогап не била таква па поврати и среќа и олесна.ја носевме на лекар ни рече електролити да и давам доколку пак поврати. И лесна храна. Освен банана, јаболка , макарончиња , ориз што може друго да и давам?
Добро е, се накашлува чат пат и кива ама така правеше и предходно пред да се разболи бато.Носето нема секрет, цица,спие ваљдаве ок.
Малата има 2.5 години. Вчера бевме на доктор и има црвено грло, носот и течи и кашла. И препиша само сируп Лихен Форте. Врела и давав и денес почна да има продуктивна кашлица а како што видов сирупот е за сува кашлица. Прашањето ми да е дали да продолжам да го давам или да прекинам?
Се слушнав денес со матичната и ми рече да го продолжи...аптекарката ми ги помати сметките оти ми рече ако смени кашлицата во влажна да го прекинам сирупот и пак да ја носам на доктор.
Дете од 18.09 е настинат само носот му течеше и некој ден кашлаше,Во овој период 5 дена носот течи, 3 дена не и така во круг. Крвна сл ок беше. Се до вторникот вечерта крена 37,7 само му се гади и само плука, без други симптоми, вчера крв. Сл. Бучкуруш. Матичната вика или корона или инфекција, а трет крајни не е. Ни даде сумамед ако не се слези тт до вечерва да го почниме. Друго мислење од доктор вика не е корона ова е само третиот крајни почнете го сирупот. Чекаме термин за приватно на орл, но до догаш што да правам? Ваше мислење за крв. Сл.
А секретот од нос проѕирен му е?па црп му е 3 не му е ни покачено малтене за сумамед. Како знаат дека е трет крајник? На Орл секако ќе го прегледаат, уши да не се и слично. Да не се правам лекар, ств немам поим од кс, ама чудно малце. Денес е четв од вторникот вечерта навака е со темп? И рано сте направиле кс бар на 3ден од темп ќе покаже. Не ми е јасно заштп ако има и вечер темп да почне да пие...? За сумамед ако е бакт црп во вис ќе е @24.07 да те тагнам не сум стиснала риплај Тоа што кашла сигурно се слева од нос. При корона често хемоглобин дава низок валда и при други вируси...
Кога ти е терминот на ОРЛ? Иди попладне, после 19ч на државно на ОРЛ, дур чекаш, имаат дежурна амбуланта ќе го видат. Не ти треба упат.
Да проѕирен беше, сега не му течи. Дете имаше проблем со трет крајни пред околу 3 години го лечевме со трицеф две дози.Затоа се сомнева на третиот крајник и за тоа да сме го почнале сумамедот. Знам дека рано ја направивме кр. Сл. Ама веќе ни се смачи од тоа што е болен цел месец. Мене ми е дека и леукоцитите се кренати, а лимфоцитите паднати. Сега се разбуди дете нема тт. Не сум од ск, кај нас во болница има еден доктор и тој работи некогаш на повик и нема апарати.
Оффф мислев од СК си. Имате приватно ОРЛ? Дека и воСкопје едвај се наоѓа и на државно и на приватно термин, а на дежурна амбуланта ОРЛ на клиника примаат без упат, така сме оделе.
Мене оваа кс не ми е за сумамед, ама јас не сум медицинар, од општо знаење и од искуство. Да ти кажам дека го дадов, очигледно многу малку сум дала минатиот пат зошто ми се фати една недела да давам. И му помогна. Јас давав сега на дете и многу му помогна. Од сега само овој ќе го зимам зошто ми личи најприроден и му помага стварно.
Добро утро Син ми има скоро 4 години, оди во градинка. Вчера качи темп 39, и во текот на денот повремено качуваше до 38/38.3. Се пожали прв пат и на болка во грлото. На преглед кај матичната таа утврди дека има стрептокока во грло, му зема и брис и со брз тест сензитивен на таа бактерија, рече дефинитивно има стрептокока бетахемолитична. Му препиша Оспен, прв пат го пие. Ова му е 3 атб досега, откако е роден. Ја прашав дали има потреба да одиме во лаб за брисеви и антибиограм, рече не, зашто се лечела со Оспен или Амоксиклав. Од синоќа почнав да му го давам сирупот, 3 пати по 3.5мл. Непцето му е со портокалово-црвени точки, јагодаст. Од синоќа од 22ч наваму нема качено темп, засега. Сакам да прашам, дали секогаш се прави гнојна ангина од стрептокока во грло? Немам искуство ич до бактерии, прв пат фаќа син ми. Матичната рече откако ќе ја испие терапијата, после 3-4 дена да отидеме кај неа пак, веројатно пак ќе му земе брис? Сега ми рече нема потреба од кс. Овде читам за АСО дека се испитувало? Преку крв е тоа? Дали треба јас и мм да направиме брисеви, да ја лечиме и ние ако сме позитивни? Овде прочитав и да сменам четката за заби на синко после терапијата? Друго нешто што треба? Пријавив во групата во градинка, не ми спомнаа дезинфекција и слично. Не знам ни дали треба да направат за оваа бакт?