Непцето е од бактеријата такво. Кај нас дезинфицираа кога пријавив стрептокока. И сите деца и учителките на брис беа.
Она лаични што знам, нели би хрчел, дишел на уста ако има проблем да е толку затнат и ос отечен трет крајник. Само гласно размислувам, се надевам ќе најдеш орл поскоро ама да има апаратура син ми со камерче преку нос го снимаа за 3 крајник
Скроз истото ни се случи нас пред 3 дена. Исто син ми 4 години. Ние почнавме со амоксиклав но втората доза ми ја поврати и ептен омаласка па право во систина. Грлото партали црп 80, исто ни рекоа дека таа бактерија, 3 дена е на инфузија и ант преку вена, сега моментално сме тука 3ден, после на контрола докторката рече ке продолжиме лекување дома со друг антибиотик, ке видиме кој. Амолсиклавот моево дете не го поднесува. Но се гледа разлика ептен е подобар Прв пат и кај нас вакво нешто.
Ние и лежевме една недела, па не ја гледаа. Други работи да. Добри се докторите, тоа што немаат некогаш доволно мал отоскоп, за детски ушиња, не се криви они.
Заборавив да нагласам дека цел месец носот затнат и хрчи ама не секоја вечер има некој вечери спие мирно. Само незнам кој ќе го држи, тогаш беше 3 години се држеше некако. Сега маже треба да го држи..... чекам денеска да ми кажат за термин.
1 ден . Значи сабајлето неделата качи 37.5 , весела беше најнормално се ,нормално јадеше, само што беше топличка. Цел ден на топломер, 37, па 37.2-3, максимум до 37.5 и си ја спушташе сама .Ништо не дадаов само мн течности,домашни сокчиња од портокал,цвекло,лимон,јаболко и цедев. Ја спушти накај 6 попладнето и не качи повеке, толку беше.
И овој од сабајлево е така ама до кај 37.9 качува друго нема ништо се мислам дали да го однесам да го зирнат роденден му е задутре да не стане бетер, од 1 ден градинка и ова бидна.
Ве молам кажете што да и ставам на ќерка ми во нос? Пукнавме со тој нос веќе. И тече и кашла плус. Се додека тече не се смирува кашлањето. На секои 15 дена ни се случува ова. 5 и пол години има. Матичната што не не оправа, не не оправа. Давам виранто, ставам марисол и септаназал пред спиење зашто не може да спие. Се е џабе.
Да го чистеш со физиолошки во шприц? Ќе дозволе ли? Малата овие денови исто е со растечен нос, неќни и го чистев еден куп шлајмови излезеа. Синоќа пред спиење пак, ама немаше многу. Пак и тече ама не толку.
Ставам во еден поголем шприц физиолошки и делот што е за иглата ѝ го ставам во ноздрата и шприцнам одеднаш. Се излегува од другата ноздра.
Страв ми е искрено. Не верувам ни да даде. Инаку откако појде во градинка го имаме овој проблем со носот. И сега одела, не одела во градинка често ја фаќа. Два месеца сега не оди Ќе ја носам на орл, друго чаре нема. И на бебево му пренесува.
напрај брис од носот,може има бактерија но бидејќи има добар имунитет не крева ттнего само тече нос.Додуша,ако и тоа течење не прави проблем,не се ни третира. Јас имам едно хипотетичко прашање мајки...#1 Дали на секоја тт им праите кс и брисеви на децата? Ако да,после колку дена од качување на тт? #2 ако се открие бактерија,дали и вие дома сетестирате за да не си ја префрлате потоа?
Мајки колку време на тие што прележале коксаки вирус,имаа малите афти во устата,колку денови не можеа да пијат/јадат?
Извинете што упаѓам во разговор. Но да споделам јас што дознав од др.Македонка специјалист по ОРЛ во систина. Вакво чистење на нос никако не смее да се прави без одобрение од ОРЛ доктор. Особено не на деца што имаат и проблем со ушињата ( како моето што лесно се воспалува). И мене ми беше советувано вака да чистам, но на контрола она рече никако вака. Само со спрејче и влечење.
Сегде во свет ова го сметаат за најздрав начин за чистење на нос, само кај нас за некои доктори е проблем. Моето искуство е препозитивно. На двете деца вака им чистам нос и повеќе од 2 дена не биле размрсулавени и затнати. Никогаш не може тоа да излезе со спрејче. Инаку мојот педијатар и во Козле го одобруваат овој начин на чистење..