Мами дали има некој вирус само со температура.Ќере крена некни и еве 3ден изгоре веќе на секои 4часа 39со6 се симнува до 38 и пак.Крвна слика матичната вели ок,црп 32 испитана после 15саати од прва темп.Ни даде ампксиклав вчера заради црп,ама си побарав да направиме брис од грло и нос и уринокултура.Резултати дури во вторник,и не знам што да правам со антибиотикот.Ни грло е црвено,ни затната,ни мрсули,ни кашлица,ни меше ја боли ама баш ништо
ако ти е шубе да го почнеш тукутака антибиотикот,утре сабајле направи иште еднаш ЦРП,да видиш дали расте.Ако е бактерија,ке порасне.А тој ант.што ти го дале најчесто е со широтк спектар особено на моментално 'актиелните' бактерии. Со лесно
Ако е до два дена температурата не праам кс Пролетта кога имаше мораксела мм испита, ама зошто и он имаше чудна кашлица и секрет без тт, а јас не зошто и кај мали само со локална терпија ја третиравеме, ама само зошто долго траеше кашлицата инаку и кај него матичната инсистираше да одиме без терапија. За други бактерии незнам, веројатно зависи од симптоматологија и кај дете и кај нас
Знам дека не е,на 12црп сум давала атб па не на 32.Само ме буни ситуацијата дека освен темп.нема буквално никаков друг симптом и не знам што лекувам а знам дека и од вирус може да е покачено
Може они одобруваат да, но не за секое дете. Сите во светот не сме исти нели. На некого помага тоа на некого не. Напишав поради претпазливост. Во нашиот случај не беше тоа исправно. Кај нас беше прво 15 црп, за вториот ден од темп да повториме се качи на 80 гнојна ангина испадна и одма на антибиотик.
Ако е висока тр и трае подолго од 2 дена во консултација со матичен,правиме кс. Не сме се тестирале дома кога имал бактерија. Мајки дали имате позитивно искуство за имунитет со сирупов и дали може да се конзумира без препорака од лекар?
Мајки да не знаете после тајлол колд за колку време можам да дадам парацетамол ? Не се симнува температурата . 38 му стои два сати од кога му дадов.
Скроз исто, чиста плуќа грло а еве два дена е со трмпература... незнам што да правам. Не ни имаме Охрид дежурен ќе треба Струга да носам дете...
Има некој дежурен за совет? Детево ми крена температура и повраќа. Ми го поврати сирупот, што да праам? Имам чеп парацетамол од за бебево што ми е. Дали да дадам? Дали да почекам? Поврати по некои 10 мин откако дадов сируп. Да сметам дека сирупот е повратен или да почекам? Има 3 години. Прв пат повраќа и е исплашена. А прв пат има и висока тт. Не ме остави никако да и измерам ама гори цела на допир. Ја рассоблеков телото и се разлади, ама главата и е уште жешка. Цело време давам совети, сега кога се работи за мене се изгубив не знам што да праам. Како го дозирате сирупот? По возраст или по килажа? Пошто таа е слаба, ја нема килажата што беше наведена за возраста па и дозирав по килажа, да не згрешив?
Прво да ти е живо и здраво бебето. Дали имаш розеви или сини чепови ? Ако се ефераглан тие за бебе чинам беа до 6 кг. А овие другите се до 11-12. Колку висока има ? Ако е над 39 стави чеп ,ама ако е до 6кг џабе ќе го ставаш. Инаку не верувам дека за 10 мин се апсорбирало. Син ми (исто 3г)вчера го поврати далеронот по 2 минути и повторно му дадов ,само почекав 10тина минути да се смири . Со лес. Едит : сирупот 5мл. По килажа е ама верувам дека барем има 12кг девојчето ?
Фала ти. Појма немам што боја се, прв пат ми препишаа чеп да имам пошто овде сируп парацетамол нема. Проверив сега во право си до 6 кила е ова значи ни за бебе нема да ми заврши работа. Носев бебе на вакцина, и среќа докторката ми даде нурофен и за детево вчера, да го имам за секој случај, оти само што почна во градинка оваа втора недела и беше. Имам дома и ибупрофен и парацетамол сум купила пред да ги снема за секој случај сега ги најдов. Нурофенов е ибупрофен колку што прочитав. Ама вика дозата е 1 до 3 години или 10 до 15 кила 2,5мл. Потоа 4 до 5 години 16 до 19 кила - 3,75мл. Мојава имаше 13 кила пред 5 месеци последно мерена, а сега има 2 кила сигурно помалку, периодов одбиваше се да јаде и ослабна. Заспа па измерив 36.9. Олади глава и почна да спушта. Да навијам аларм сега и да ја поминеме ноќва некако.
Е па супер штом оладила. Дај боже да не крева веќе. Дозирај ако иа потреба по напишаното. Еве и јас дежурам цела вечер.
Оф оф, ајде и на твоите со лесно. Имам сирупи, утре да земам чепови за секој случај ако повраќа, имам пробиотик и електролити, да земам уште нешто треба?
Ако ти повраќа давај еликтролоти о ба ве зно !!! Ама мислам дека девојчето повратило поради парацетамолот. Најверојатно е некоја вироза штом спаѓа температурата. И да не ти јаде мн е битно да пие течност за да мокри и секако да не дехидрира.
Втор пат поврати со сирупот. Среќа на толку остана пошто не знам што ќе праев не сакаше ништо, дури и за сирупот едвај се намоливме. Фала ти Со лесно и на дечкото твој, до утре кукурек.
Можеш и две чепчиња од малите да ставиш ако треба. Мене така ми препорача педијатарот доколку не можам сируп да дадам заради повраќање, а ги имав вечерта само малите Ефералган.
Колку што ќе каже доктор. Не прајте инхалации без доктор да дозира, декзасон не е физиолошки раствор, лек е.
Мајки дајте нешто лек за затнато носе и тече постојано? Пред околу еден месец кашлаше правевме крвна слика испадна вирусно ни даде докторот инхалации 7дена со физиолошки и декса подобар беше почна во градинка една недела закачи бактерија во нос и грло една недела бевме на антибиотик супер беше отиде еден ден во градинка се врати вечерта пак се затна во носето и постојано му тече де бели де зелено жолти мрсулчиња ни даде докторот инхалации само со физиолошки и флорадикс сируп.. незнам веќе како да му помогнам