Дајте совет, од вчера детево кашла, ама денес не може да се смири. Носот, чешма, нон стоп тече. Докторката не ми се јавува. Што да и дадам да смирам кашлица? Тт нема и вака си е супер, јаде пие се. Ама кашла без престан
Зависи што е? Да не е ларингит? Кај малиот пред 10 дена така почна непрекината кашлица. Без тт и други симптоми. На крај за 2 дена до пред бронхит стигна, па ни вклучија инхалации, сируп за алергија и заради веќе воспалени трахеи и дишни патишта мораше и антибиотик. Во секој случај на своја рака не би дала ништо, најубаво да ја види доктор. Зошто ако е ларингит било кој сируп за кашлица ќе е џабе.
0,5 дексазон со 2,5 физиолошки @EuHenIa Cetieizin, Zirtek... ќе смират кашлица. Сабајле, навечер ги давам кога кашлат. Плус делумно смирува млако млеко и мед во него, млак чај пак со мед...
Многу брзо ми качува тт. Откако и се симна накај 10 ипол утрото со чепче. Се расположи. Пред малку падна моментално, се омалакса и почна да ја тресе. Измерив 38. По 15 минути веќе беше 38.9. Нормално е? Од 10 утрово тек сега ќе ставам чепче пак, сируп ми повраќа. Ок е? Да не е премногу блиску?
6 часа точно изминаа, а на упатство стои од 6 до 8 часа. Алкохол немам, а како само цврсто ја успа овој пат. Да ја будам? Само што измерив 39.3. Качува многу брзо се плашам да не направам полошо со чепче дека тоа побрзо симнува.
Стаив и тоа едвај. Не знам со ова дете мое веќе како. Сирупот ми го повраќа, чепчето ми го враќа назад. Едвај со маж двајцата да ја држиме, да не го врати назад. Аман
Не се плаши,Ема беше така скоро 5 дена,жими чепчињата што ја држеа 6-8 саати без Т.Веќе 4тиот ден на 10 саати креваше и намали постепено. Алкохол разреден само,чај од липа симнува Т, Lindenblütentee е на герм,прави ѝ и облоги,на бутчињата на потколеницата,тетри натопи со млака вода па замотај со фротир крпи,на стапалата не,особено ако се ладни.Бујон ако може исто нека пие.
Теши се дека бар има сила, тоа е многу важно. Ако нема сила ќе западне и тоа па ептен е лошо. Ти пишав, разреди го сирупчето со сок, ако пие. Било што. И мене ми е гаден сирупот и го повраќам. Лади со алкохол или оцет, пола пола, ама ако и се топли само екстремитетите. Само не на главче, пошто рече дека и гори.
Поголемава така одбиваше се. Чепче со стегнати нозе нагоре и ставаш длабоко. Штом повраќа сируп подобро чепче.Само да не ти го искака од инат
Прв пат ставам не знаев дека може да го врати со стегање, така со нозе стиснати и нагоре и веќе не знам, сигурно отишло, пошто вака изгледа дека симнува. Луѓе мои не можам ништо од тоа со неа, вришти и бега од мене што ја измалтретирав со чепчето. Ништо не дава, тт со маж да ја држиме да измерам, да ми стои за масажи или облоги шанса нема. Само под туш што успевам да ја ставам. Ни спреј во нос не дава и за тоа се бориме. Побара џус, не го ни проба, побара чај, не го ни проба. Ништо не јаде па и таму сум ограничена. Корнфлекс дадов така грицна малку. После смоки ми побара дали 5 изеде. Толку. Болна како болна не ме плаши воопшто, ме плаши што воопшто за ништо не соработува, ни за храна ни за лекови. Заспа еве и со раце се држи за уши да не и проверам тт. Надежно и оладува главата.
Сите деца се така..Се тресам повеќе од нивното вриштење,премирање,него од што се болни. Поголемава тек сега соработува,малава не хорор е. Се со сила и вриштење ама си правиш се што треба,тоа е. Од болница ќе не избркаа оти мн.вриштела од систем.
Кај моево, за храна сега ќе зборам, на сила пикам она што знам дека ќе му се допадне и ќе вкуси па ќе му речам Виде, убаво е! Иначе инат тежок за нови вкусови. Ама за сирупи е на татета и пие нема гајле. А ако не сака финтата на свекрва ми, шприц во образ, затнат нос и мора да голтне. Јас мислам Ирис поише повратила од тт отколку од сирупот. Стискам, викам, карам, потешко ми е мене после пошто кај болно уште да го мачам, ама за негово добро е. Дрште се, што да ви кажам, нема правилно и погрешно со болни деца.
Што да правам сега, почна да качува пак а од чепче има само 3 ипол часа поминато. Додуша не и се ни симна целосно овој пат, околу 37.7 беше цело време, ама се дигна и расположи. Туширав, лесно е облечена и само толку дозволува. Сега качува пак. Ќе си пукнам.
Исти сме и ние, веќе неколку дена е затнета и и тече носот и навечер посебно и затнато одвај дише. Ставам септаназал спреј и синомарин ама чабе. Се мислам од утре некоја инхалација да и направам со физиолошки да и се разводенат да ги искашла барем. Баш ќе се консултирам со матичната. Претходната недела правевмњ брисеви негативни а носот мом стоп затнен
Јас ладам со влажни со вода памучни крпи ,исто од вирус температура и по 5-6дена сме имале.Не се плаши сите сме го поминале тоа,јас сум ги носела така од страв по два ,три пати на доктор за џабе ,всушност дека вирус и без лекарства само парацетамол.
I feel you sis...низ истото поминуваме 3 ден... кај мене е олеснително што се буни ама на крај прифаќа сируп.... не јадеее ништоо вечерва само касна смоки и толку... ми бара сок, чај, вода и се му носам па ми бара друго ништо во уста не реди си прави мајтап.. моментално симна тт се надевам вечерва нема да е пак хорор..