Б комплекс помага ако се пие при терапија со антибиотик. И мултивитамини Не знам за камилица, ама промивки со сода бикарбона се од помош. Раствори една две супени лажици во еден сад со вода и полеј го. Не одмивај отпосле. Креми може да се мачкаат и после одмивањето ама треба често во денот да се нанесуваат. Бар трипати на ден. Како што пишавте со членката претходно, штом се работи за бактерија, добро е да се испие антибиотикот. Во спротивно не само што може да се поврати инфекцијата, туку се ствара и резистентност на антибиотици. Пробиотик обавезно.
Не, антибиотик не се прекинува на првите добри моменти, терапија е терапија, 5 до 7 дена, 7 до 10 дена, бактерија не се лечи со 4 пати терапија. Пробиотик сменела не сменела исто ти е, едноставно некој јавува реакција, некој не, син ми пие зинат од мал, само тој му делува, прв пат сега на 6ипол години јави реакција осип од сирупот, досега не јавил никогаш. И таа терапија ни ја дадоа, купка со камилица и канестен 5 дена.
Прв пат го пие? Кај син ми од панцеф цел се исфрли ситно ако сакаш прати ми слика ќе се сетам какви беа брунчињата дали е алергиски. Малку чудно, кандида не исфрла нели на цела пеленска. Кај син ми кандида буквално к***** беше вцрвенето и тестисите. И мачкав во тој дел
Да не ве означувам сите посебно, се сложувам со сите. Затоа некако немам верба во докторкава. Многу нелогичности има во нејзините препораки и затоа често се консултирам со уште неколку лекари пред да донесам одлука. Многу е тешко кога во педијатарот немаш доверба. Бевме кај Апостолова и од ко се пензионираше, секое одење кај новата докторка ми е стрес. Но тоа друга тема, веќе барам друг доктор. Денес му е поугасен осипот и покрај тоа што продолжив да давам антибиотик. Правиме промивка со камилица, сода бикарбона, шета без памперс,покрај канестенот. Докторката вика и Афлоодерм да вклучам 2 пати на ден, 3 дена. Алергија мислам не е, затоа што сконцентриран е таму осипот. Ќе видиме како ќе биде. Фала ви на сите.
И јас имав ваков случај со Аугментин сирупот. Беше страшно исфрлен на пеленска регија,а исто така имаше бактерија. Не го прекинав тогаш,но докторката рече во иднина ќе гледаме да не го пие него ако има соодветна замена. Црвенилото се смири со камилица,сода,судокрем можеби и некој ден мачкав кортико. Но потоа кожата му беше сува и му се лупеше,па мачкав бепантен да се обнови.
Што можам друго да давам за против кашлица на малата? Кашла особено навечер веќе три недели трае, носена е на лекар пред недела дена и последно вчера , ама ништо нема на грло и б.дробови. Докторкава рече кашла зошто се слева секрет од носот. И го чистам носот со носко и капки Физиомер. Пиеше две сирупчиња и нема ефект. Не сакаше антибиотик да даде. Не знам др што да правам
Син ми исто. Потполно исто. Брис правам два пати, чист излегува. И јас и маж ми правевме. Вирус е. Му давам сируп од бршлен за кашлица, виранто и лентрика. Претходно имаше проблем со ушите, па сега како превентива.
Колкава е? Алергија да не е. Ќерка ми така кашлаше, кога и дадоа сируп за алергија и спреј за нос или инхалација со Кортаир и помина.
Детето после три дена немање температура а имаше претходно два дена, сега ми покажува 38.5 а пред два саати го мачкав викс маст. Дали е можно од виксот да ми го покажува ова или не???
Кашлаше и затнат нос, антибиотик примаше до вчера 5 дена, инхалации со пулмикорт и физиолошки и толку. Бевме на проверка ништо не ни дадоа плус а уште кашла, на своја рака му земав вчера маријамед сируп. Смеам да мачкам оцет по тело затоа што е мачкан со викс и телото му е затоплено?
Непогодена терапија или се развила секундарна инфекција. Кај одите на лекар за продолжен викенд? Се пожали на увце сега, кашла продуктивно и има секрет во нос.
Мајкички некоја да знај да ми кажи како му давала на дете нистатин капки?Кере има 3ипол год и 28кг,пиеше антибиотик и доби кандида има бело околу дундето.Вечерва се слушнав со матичната ми рече да земиме нистатин и да и давам 3пати по 10капки.Веќе и дадов ама случајно видов дека лани истава матична ни дала 3пати по 25капки,во упатствово не е баш јасно ама пак мислам дека по околу 20капки дека треба.Не знам дали згреши докторката
Чајче од бел слез пред спиење и да спие на повисока перница, малку подисправено. Може да намачкаш и викс на градите пред спиење да го отвори мирисот на ментол, полесно да дише. Капки оперил во нос обавезно. Сируп за искашлување, на пример од бршлен има логика само ако има надолу спуштено секрет па треба да му се помогне да го искашла. Ама и да е така тоа се дава денски за да го тера да искашлува секрет. Не ноќе кога треба да спие мирно. Ноќе само бел слез едно млако чајче. Јас и ќерката бевме во истата состојба. Вака ни помина, како што пишав погоре. Оперил користевме со дозвола на специјалист од ОРЛ две недели. Рече дека капките се некогаш потребни дури и кога ќе се смири течењето на мрсули, ако е отечена слузокожата во носот.
Исто беше и син ми. Ни даде педијатарот инхалации да правиме, чистевме носе и после третиот ден се смири.