Moeto bese isto i toa 1 nedela inhaliravme so bisolvon se podsmiri i nekolku dena otkako zavrsija inhalaciite pak isto. Ja nosev u kozle ni dadoa antib deka pokaceni leukociti i valjda neprekibata kaslica.
Големиот (9ипол години) денеска ми се пожали дека неколку пати во денот му се присвртело како да ќе се онесвести, тоа траело неколку секунди и го терало во моментот да си легне и му поминувало. Мене така ми се случува само кога ми паѓа притисокот. Не знам што може да му биде и дали да го носам на лекар.
и мене на Тоа ми оди паметот. Имавме порано ваков случај пред неколку години проверив и крвната слика беше супер. Не се повторија тие симптоми. Еве сега пак. Затоа и пишав, да слушнам и други мислења.
Дали помага да го поткренам душекот со нешто одоздола за спиење да не кашла толку? Година и месец е, пиеше атб до саботата и сега од секрет кашла многу кога лежи и не може да спие ич. Прееска во Козле ни рекоа само инхалации со физиолошки ама да прашам да не има нешто друго што можам да напраам да му олеснам, на пример ова со душечево.
Малиов има три ипол години, не е ни настанат ниту преладен, а качи температура наеднаш, во рок од саат ипол 38.3 качи, дали има простор за грижа со оглед дека толку наеднаш му се качи температурата?
Можеш сабајле една лабораторија да му направиш ако не спушта температура. Моите обавезно после ден-два со температура, и грлото ги фаќа и антибиотик зимаме.
Јас сум го ставала така на голема перница ко за нас, да биде од газот цел нагоре на перница, под косина да е цел, не само главата. Знам јас кога сум имала пневмонија и во болница вака не местеа, тоа ми е некое сеќавање од најрана возраст. Глупа е споредбата ама и татко ми кога му се полнеше секрет плуќата исто ни кажаа вака да го чуваме, па и дека имаше скршени ребра, мајка ми го имаше дури на даска исправено. Битно е да е плуќата во косина да не се дави од секретот, природно да си оди. И тапкај по грпче, со рака во дланка свиткана како да тапкаш (сликички ) и тапкај по грпчето. Ако му се ладни екстремитетите вирус е и тек ќе качува, ако е жежок во глава тогаш најчесто е грло, така ми имаат кажано на клиника. За ладни екстремитети прво загреваш да се стопли па после ладиш, јас давам парацетамол, виткам во ќебе и чекам да се згрее цел, па после облоги и раслекувам да се олади. Така ми покажаа на детска на дежурен. Ако му е жешка главата повеќе од телото, онда симнуваш ама не на глава, под пазуви, на табани, само не со облоги на глава никако.
Кога комбинирате парацетамол и ибупрофен на 4 часа потоа со што продолжувате кога се зголемува времето кога качува? На пример во 6 сум дала парацетамол, во 10 бруфен, ако качи тек во 4 наредно значи за 6 саата дали може да дадам пак бруфен или треба со парацетамол да продолжам?
Можеш на 4ч парацетамол и бруфен наизменично, парацетамол (јас ти го препорачувам темносиниот на алкалоид), 4ч, бруфен, 4ч, парацетамол...
Ти го прочитав синоќа одговоров ама не успеав да ти вратам, фала ти ептен. Го кренавме душекот како под incline, цел да лежи на косина и мислам дека беше подобро заради тоа. На перница тешко дека спие како црв, најчесто на стомак и многу се превртува. Така и ноќеска го наоѓав обратно свртен па го враќав за да не кашла. Ќе пробам и со тапкање денес, ама некако како да ми се влошува состојбата, еве и температура качи па по се изгледа ќе го носам пак во Козле.