Мајки некое чаре за инфекција на уши? Ни дадоа капки, ставаме топли облоги ама ја боли многу едното не знам што да правам.
Не сум инхалирала Пулмикорт. Само физиолошки до сега, а летоска имавме влажна и страшна кашлица. Има ли на плуќа спуштено?
Моите се многу често со кортаир (ист состав е), еве цел месец ако не и повеќе се направи со неколку дена пауза. Сум прашала многу пати доктори сите рекле нема проблем. Туку кажи ми каде ги најде ампулите. Јас кортаир уствари барав и нигде ги нема ама пулмикорт мислам дека одамна ги нема кај нас
Последно во аптеката на промедика ги купи мм. Јави се да ти проверат дали ги има. Туку не ли ви предложиле испитување за алергии штом толку често сте на ваква терапија? На мали матичната сега кога имаше ларингитични напади на 2 пати во 10 дена, рече ако се повтори дека ќе правиме подетални испитувања.
Трошам последни залихи од Грција што сум земала. И не знам дали ги има уште во Грција оти овие не ми се од сега. Ти благодарам на одговорот! @TeddyGrey Не е прегледена од матичната, дека викенд... И се викенд или празник не фаќат такви дешавки, да си пукне човек. Туку, малку и подсмири кашлицата, ќе видам како ќе е вечер. Ако не на дежурен ќе ја носам. Фала на одговорот.
Јас инхалации со било што освен физиолошки не би правела на своја рака, па ни со физиолошки само. Што ако е некоја бактерија и ја рашириш само. Не знам зошто упорни се со тие инхалации во секоја ситуација. Па и тој пулмикорт ко да е водичка. Крвна слика, брисеви, па после терапија.
Мајќи, помош. Малата има мн честа инфекција на очи. Секоја настинка е со секрет поготово во десното око. 2 г е, од септември почна во градинка и настина со ларингит и секрет око, стававме тобрекс. По 2 недели гнојна ангина и инфекциа око, пак тобродекс капки. По една недела еве ја со секрет во нос и пак жолти гурдлќи.. страв ми е око е, дали е во ред пак да ставам антибиотски капки... некој искуство?
Ама ти викаш без да прегледа, бар јас така прочитав, фатило викенд не ја прегледала. Ако грешно сум прочитала извини, ама без слушалка од кај знае она дали е за пулмикорт или не.
Најверојатно се води по тоа што досега секогаш успешно не лекувала со пулмикорт КОГА имало потреба од тоа. И знае дека освен инекција друго не даваат на дежурен... кај нас. Ти благодарам што водиш грижа! Ми значи! Не е дадено пулмикорт, засега... Ете... нема штета!
Без разлика, добронамерен совет беше и реално на место! Ти благодарам уште еднаш! Инаку поткашлува уште, ама ќе видам како ќе се одвува ситуацијата и утре. Понеделник одиме на преглед!
Мајки, вие што имате деца оперирани од трет крајник може да ми препорачате доктор? Без разлика дали е систина или не, само позитивно искуство. Станува збор за дете 4 години
Фала. Спомна Искра од Ремедика повеќе пати ама де ќе пројде "бурата" и ќе баталевме, сега последно чекавме на есен ама еве се заборавија со "оправање"...Се договаравме периодов да е, малку да се смири само ама пак дадов Рупафин. Значи да се смири, да пројде некој ден и со надеж дека нема нешто ново да закачи периодов па ќе направиме. Има неколку работи за кои последно децидно рече овие два месеци мора да средиме. Се надевам. А пред 3,4 недели во Систина му проверија некој Игг Е нешто така за алергии ама испадна негативно (е сега он неколку дена претходно пиеше Рупафин и баш ја прашав Искра дали е веродостоен доказ дека нема алергии, ми рече не) Фала ти многу, ќе ми донесат во вторник од Србија, само да успеам да најдам уште неколку ампули за до вторник. Толку пати сите доктори им ги препишале инхалацииве што искрено почнав и јас да почнувам со инхалации па одиме на лекар. Единствениот пат (пред месец дена) кога реков е нема шанси сега само за кашлање да давам пак кортаир ништо не му е, па сите деца кашлаат, еве сме главиме уште. И тоа до пред десет дена беше со наод, си насобра и си спушти. Е кога загустува не помага ова, мора и Вентолин, само тој не вади. А досега само сега скоро што беше со наод. Ова во никој случај не го пишувам за да охрабрам некој да дава на своја рака
А мојов има бактерија во нос,пред да направиме брис ни дадоа инхалации со вентолин и дексазон по 3 пати на ден. Сега после резултатот препишаа и антибиотик и инхалации ,само 2 пати дневно. Нели при бактерија не се инхалира? Инаку кашлаше како пушач,малку се подсмири
Здраво малата од нокеска само повракат пролив немат дали е во прашање стомачен вирус душта ме боли не клават ништо во уста само вода пиет,сега и напрајв бекутан електролити ке и давам ве молам за совет