Мајки на кое најмало растојание сте давале далерон сируп и на која покачена тт? 16 месеци е, качи 38.4 и има малце растечен нос со проѕирен секрет, дадов далерон ама по 2мин многу малце поврати, незнам дали го поврати сирупот, зошто во 18ч му дадов, а во 20ч му беше 38.1 ама само 2мин дозволи да му мерам, можеби ако мерев повеќе време пак ке беше 38.4,5. Имам и блок макс и чепчиња, за чепчиња мислам не е, како да ја тераме ноќва. Плачлив е, несака јадење, течности пие колку толку
Беше бело, а жолт е сирупов незнам дали се испадна му дадов 5мл. Сега испи 100мл млеко и заспа, само ако го доближам топломерот плаче.. ств незнам како да му измерам, а цврсто е заспан и пак сеќава, ако нема повеќе од 38 мислев да чекам 6ч или :/ челото не му е топло само слепоочниците, а и раците му се топли.
Сируп за температура се дава над 38.5. Претходно не. ИНаку парацетамол можеш да дадеш по минимум 4 саати од претходна доза и тоа само ако е висока температурата. Најди топломер што мери брзо температура (има електронски што мерат брзо и има и за на чело) зашто на дете не можеш долго да му задржиш топломер.
Јас се водам секогаш по малиот. Обично кога заспива, ако не е висока темп спушта. Ама ако почне да кенка, дише тешко, се врти и се маче, тогаш давам антипиретик. Едноставно нема поента од вакво мачење.
Расобличи го, ако е покриено со ќебе откриј го, чим екстремитетите се топли нема да качува веќе, ќе спушти. И купи утре Парацетамол на Алкалоид, најдобар е. И следи дете, ако личи болно, ќенкаво, се мачи, давај на 6ч наизменично бруфен, парацетамол, јас бруфен не давам воопшто, на 4ч давам парацетамол. И лади го, да се симне сама тт, не го прегревај.
Не давај млеко кога има температура, подобро супи, варено компирче така полесна храна. Исто и благо, јајца не давај. Се согласувам за парацетамол на алкалоид и кај нас најдобро се покажал.
Мајки утрово кога стана керками за во градинка почна да и тече крв од носот,и тоа не малце ама не ии ептен многу..И престана за некои 10 минути,а кога го дувна носот еден густ црвен секрет извади,незнам дали добро објаснив ама тоа ме исплаши малце.Има 4 години а последната година ретко(3-4 пати) ама знае да и се случи вака одеднаш без да се удри во носот да и протече крв. Што мислите да ја носам на лекар или нема место за паника.
Џабе ќе ја носиш, од искуство. Ќе ти речат го чепкала носот. Давај 2 пати на ден витЦ Пливит или какви и да даваш.
Здраво ве молам итно за совет! Станува збор за 2 годишно детенце, веќе 3 недели е со пролив, но последнава една недела е интензивно. Детето до пред 7дена имаше сипаница, и еве веќе втор ден како што е во болница, постојано течна столица( дури изметот е зелен) температура до 40, нити лекарствата нити инфузиите во болница не успеаа да ја подобрат ситуацијата.Вирус и бактерија најверојатно не е. Леукоцитите се доста покачени, резултатите од прокултурата се уредни. Го лечат со инфузии, лекарства за диареја, меѓутоа нажалост неуспешно, дури ни температурата не се намалува, евентуално ако се намали до 38,6. Што понатаму, дали имал некој вакво искуство, какви испитувања да бараме, што да направиме??? Секој совет е добредојден. Детето лежи со мајката на државно. Ви благодарам.
Дали е можно сепак да е некој вирус, постои ли сега периодов некој вирус со такви симптоми? Го избуцаа детето со игли, ама се е со краткорочен ефект.
Рота вирус најверојатно. Ако не е вакцинирано обично долго трае болеста од 2 до 4 недели. Ако е тоа плус сипаници тешко му е на организмот да се избори. Штом е во болница ќе помине, ама треба време.
До 12 год го имав тој проблем. Не се плаши кога ќе го дувне и излегува засирена крв. Парчиња имав цели, ама кога ќе излезат многу олеснува. Кога ќе и тече крв главата надолу, не нагоре и дупли дози витамин Ц , секој ден без исклучок да зајакнат капиларите.