Големата ќерка ја имаше во нос пред три години, ама немаше никаков симптом. Се мислам дека само локално ја третиравме иако на антибиограм не одговараше ниту еден лек. Се повлече сама од себе...ни рекоа само да јачаме имунитет. Направивме дома сите брисеви, никој друг ја немаше.
@mariz обавезно пријави во градинка. Мрсата е стрептокока или стафилокока резистентна на антибиотици. Како што пишала членката погоре, само јачање имунитет. Ако и се влоши општата состојба, нека ја ѕирнат во Козле на дежурен појдете со резултати од брис. Чим кашла често, таму најубаво ќе ви дадат третман.
Пријавив во градинка одма, пратив слика од брисот за да видат што ќе прават. А утре сите од дома ќе правиме брисеви... Почнавме со Панцеф денес, па се надевам да биде подобра. Кашла многу, до вчера некоја глупа температура 37.4, 37.6 имаше. Саботата до 39 имаше, а еве ја и денес 38.6 пак качува... Многу чудни симптоми, зар е можно се од батеријата да е? Или и вирус плус? (дури и кожа од прсти на нозе и раце и се лупи..).
Од бактеријата е. Многу е досадна и напорна и тешка. Не сум сигурна колку е опасна бидејќи верувам дека куп дечиња ја имале без симптоми, ама ете вие ќе ја излечите сега. Видете и вие да не ја имате па да си ја предавате, и јас ќе правам брисеви понеделнички пошто на кс излезе покачени леукоцити некои, гранулоцити, па матичната запна брисеви. А немам секрет обоен, ама да правам и сега ќе одам. Јас ни тт немав а 3 недели бев болна.
Абе може е и вирус, па оваа башка најдена, незнам стварно. Или паднат имунитет од претходното разболување и затоа сега од бактеријата да има вакви симптоми. Се е можно. Се утепа од кашлање ноќеска, се мислев да ја носам до Козле ама заспа и некако ја истера ноќта со кашлање и спиење. Кашла и сабајлево, а почна и брат и да кашла А и стариве кашлаат доста... сите комплет денес правиме брисеви.
Не е итно. Ама има ли некој вирус само со температура? Баш сега нема ниеден симптом друг. Денес цел ден сама спушта, па крева до 37.7-8 У очињата и вруќа што е и се приметува само. Јаде, пие, не е највесела ама не е ни клапната.
Син ми така во вторникот по градинка почна да крева некоја мала тт, среда веќе креваше до 39, четврток уште 2 пати, се препоти и толку... нит кашлање нит да снема апетит, само кога се креваше тт малаксан беше.. Дали се фатија вкупно 2 дена со температура, што беше не знам.
И моето имаше еден ден покачена тт до 38.5 највеќе без други симптоми, дадов 2 пати сируп еднаш дента еднаш ноќта Исто очите малце му беа црвени
Све има. Првиот пат кога беше болна почна со температура само... па осип во уста и на уста. А по 5 дена и по тело имаше осип. Иначе на мојава и се лупи кожа од прсти на раце и нозе, од што може така? Паднат имунитет? Од мрсата? Вакво нешто до сега кај двајцата не сум видела.
Не е ни висока за сируп. Сите сирупи и делувале до сега, ми е страв на 37.5 да дадам, а спие мирно, еве 11 дошло, не качи нагоре. Дежурство. Инаку, поим немам за лупењето. Не би знаела дали е тоа од бактеријата. Да не беа болни, ќе ти речев сапун да не сте менувале или нешто. Двајцата се лупат?
Не, само кај малата... големиот кашла од денес, а малава е болна од саботата (температура од тогаш има). Дежурам јас, полудев. Кашла корне, запира не дише, ја клатам да земе воздух, аман.
@mariz Мрса нели се фаќа од болници, прв пат слушам вака. Може од претходно си ја имала, а симптомите да се од вирус. Како и да е, нека помине побрзо.
Еве смири сега малку. Исто беше и вчера, се утепа од кашлање и смири по некое време... @Skyler се е можно... може е вирус, а бактеријата така пропратно најдена. А може и тоа и тоа одеднаш поради ослабен имунитет од претходното разболување, зошто вака болна волку не била мислам, 5г има..
Од бактеријата е лупењето. Иначе гарант е вироза, мрсата се надоврзала. Периодов е ужасен со вирусиве.
Можно е... и јас носам од работа (со деца сум), големиот од школо, малата од градинка, хаос. Од вчера вечерта и големиот дигна температура, а си кашла и он. Малава конечно денес нема температура, 36.6 и живна, насмеана, скока, рипа.. сега истото и со големиот ќе го тераме, лежи и тој како она што беше, не вечераше и сабајлево не му се ни јаде...