1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    7.556
    Пол:
    Женски
    Неможе да голтне апче, затоа сируп давам.
     
    На mariz и Annath им се допаѓа ова.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    7.556
    Пол:
    Женски
    Секако, како ќе ти рече докторката така ;)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.346
    Допаѓања:
    200.675
    Пол:
    Женски
    Јас дробам апчиња. Од сирупите ми повраќаше, не дај Боже антибиотик да требаше да пие... коса ми се креваше, не знаев како да му го дадам, а да не го поврати. Не дека од апчињата не му се повраќа, ама подруго е, побрзо ги голта така здробени со вода, сирупите гадно мирисаат. Цел на мене, јас исто од сирупи повраќав ко мала, затоа ренде ме правеа со инекции.
     
    На TeddyGrey, mal.ecka, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    7.556
    Пол:
    Женски
    За сирупи пие, гајле нема, само апче да не е :wasntme:
    Ќе видиме понатаму, веќе е голем 10 години има. Си мислам ќе се научи де, од страв му е повеќе да не се задави.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    75.899
    Пол:
    Женски
    Океј, ама еве да ти пренесам само дека на 38кг 8мл парацетамол е многу малку. По килажа оди тој, а по тоа доаѓа на пола од нивната килажа, значи 19мл. Мене мака ми е да му пикам толку сируп, грозно му е и затоа ќе биде подобро да си испие апче. Може цело нема да успее да голтне ама на два дела ќе успее. Мојов е 7г ама висок и голем е како за 10г, ама знае да голта апчиња, па дури и полесно му е него сирупот..
     
    На mal.ecka и KiT им се допаѓа ова.
  6. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    7.556
    Пол:
    Женски
    Секое детенце посебна приказна. Фала за информацијата, посекако го знам ова бидејќи претходно раб.место ми беше на педијатрија. Побрзо да оздравете.
     
    На mal.ecka и mariz им се допаѓа ова.
  7. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    3.813
    За 2 дена не се оправаат со такви симптоми како што опишуваш, за жал. Им треба време додека пркнат, немој ни да помислуваш да ги праќаш во школо/градинка за 2-3 дена, сега им е опаднат имунитетот и ако се вратат во училиште одма ќе закачат плус нешто и ајде пак од почеток.
    Е така направив јас со малата штом тргна во градинка закачи вирус, дома ја чував 4-5 дена, се оправи малку и ја пуштив пак, за 2 дена закачува плус нешто друго. Се влошува ситуација, зема антибиотик и ја чувам дома 10 дена. Ае оправи скроз и понеделнички ја пуштам во градинка. Во петок ја земам со мрсули и мала кашлица. Плус наредните денови закачува уште нешто од едно комшиче кое дојде кај нас дома со мрсули до доле и пак заработува антибиотик. Е реков крај веќе, до дека не и се среди имунитетот нема веќе никаде одење. И од тогаш еве 3 недели сме дома, целосно здрави ама страв ми е веќе пак да ја пуштам во градинка. Уплав имам веќе. 2 месеци откако тргна од септември глава не дигнавме од тие мрсули и кашлање, по цел ден со шприцот бев и растворот, се изморивме и двете.
     
    На Bupalu, elimkd, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    75.899
    Пол:
    Женски
    Неее шанса нема да ги пуштам. Малата сигурно уште 2 недели ќе се организираме да ја чува кој стигне за да се оправи убаво, а синко нареднава недела сиг нема оди да се опорави, од наредна ќе го пуштам. За мене викав дека ми завршува боледување утре, од вторник морам на работа. Па бар да не се толку катастрофа зошто дедо ќе треба да ги чува и двајцата...да ги оправам колку толку за да се полесни за чување, затоа така реков...
     
    На eli25, Kallias2 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.827
    Допаѓања:
    35.686
    Пол:
    Женски
    Како да се преживее коксаки? И дадов парацетамол за тие во устата што ја болат и не поминува, цело време се жали, вика дека сака да јаде, да пие, а не може. Петокот имаше тт, и трет ден е исфрлена, денес нови излегуваат повеќе на флеки личат. Може ли да се помогне некако???
     
  10. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    5.697
    Пол:
    Женски
    Моето кога имаше коксаки ми кажаа во уста да мачкам Генгигел, тој што се мачка кога растат запчиња. Помагаше.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.827
    Допаѓања:
    35.686
    Пол:
    Женски
    Има ситни флеки и на лицето од коксакито. Нормално е тоа?
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    75.899
    Пол:
    Женски
    Нормално е... мојата незнам што помина пред 20тина дена, ама имаше осип во уста, на уста надвор, а осипот па по тело како покожен личеше, па никој не рече дека е коксаки, а најверојатно беше коксаки. По 2ри, 3ти ден и избија од температурата... шаренило осип и по гради имаше, по газе, препони... после тие на уста и се исушија и како корупки и останаа црвени, па се излупија...
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.827
    Допаѓања:
    35.686
    Пол:
    Женски
    Значи 100% коксаки кај твојата, баш така е по ред како што опиша. Кај мојава сеуште се појавуваат, следно е да се исушат.
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.366
    Допаѓања:
    38.200
    Пол:
    Женски
    Коксаки колку што знам јас е само на уста, стапала и дланки, така и се вика вирусот. Осип после температура може и од температурата да е, или да е розеола. Од коксаки се како меурчиња со вода, барем кај мојот беа такви ама имаше само на грло, прстиња и едно на стапало. И потврдено беше коксаки.
     
    На JoyJoy, mal.ecka и mariz им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    75.899
    Пол:
    Женски
    Незнам она беше ептен внатре во уста (на грло, над јазик, јазик), по устата надвор. А тие по раце и нозе беа многуууу малку видливи. Осипот беше по прошарано црвенило и незнам тоа што беше... еве и кожата што и се лупи сега по раце и нозе, може да е последица од коксаки. На рацете особено и се лупи како да имала точка на местото. Еве слика од рацете, од нозе не сакате да ви покажам, језиво е и грозно...
     

    Прикачени фајлови:

  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.366
    Допаѓања:
    38.200
    Пол:
    Женски
    @mariz може и не беше еден вирус, ко ќе се намали имунитетот се фаќаат. Од септември сите се болни цело време :| со помин да е, работете на имунитет сега. :hug:
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    75.899
    Пол:
    Женски
    Па тоа тогаш едно беше (можно коксаки), сега ова е сосема друго фатено од паднат имунитет... ова сега вирус+мрса е. Утре ќе се готови брисеви и од нас па ќе видиме..
     
  18. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Ќе помине за неколку дена, не е страшно. За во устата мастило плаво, за на тело пудра течна, внимавај на кисела храната да не му е, не многу зачинета и да биди млака.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.158
    Коксаки било, лани поминавме. Очекувај за еден месец и ноктите ќе почнат да се лупат да не се уплашиш.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    105.404
    Пол:
    Женски
    Искуство со брзо чукање на срце кај дете? Ќерка ми (11 ипол год) сега од спиење се разбуди и ми се пожали срцето брзо и чукало. Ми кажа дека и др пат и се случувало...