Еднаш исто имаше излив и единствено што ни кажаа е строго мирување две недели така и сега ни беше кажано
Нас не ни дадоа никаква терапија јас да не побарав брис да и се провери ортопед да ја види, педијатрот апсолутнќо ништо не дава за да се пиет исто ми рече и ортопед ова се лекувало со мирување сакам да ја носам скопје на ортопед за друго мислење
Сабајле беше подобра сега пак се жали нљ болка јас не знам од каде излезе сега ова со излив во колче искрено јас не знаев дека вакво нешто е можно додека не и се деси на малата и се чудевме што е тоа
Јас го носам во Ортопед плус би го барала др Ласко кога е на смена и би ја однела изнеѓу термини како итен случај акп дозволат, верувам нема да те одбијат
Сега и дете 16 месеци префати коксаки. Ноќеска крена тт, сега гледам на дланки е исфрлено. 10:30 или 11:00 дадов парацетамол. После 4 часа смее ибупрофен? До сега му немам дадено ибупрофен и страв ми е. Претерано сум испаничена дека во петокот ја прими и мрп. Или пак идеален тајминг е овој таман ќе му помине коксаки до реакција од вакцината... Се надевам дека лесно ќе го помине. Кенчи цело време го мачи го боли.
Смееш после 4 саати, ама само ако е константно висока температурата. Ако ја спушти до под 38.5 даваш само парацетамол. И ако со парацетамолот не качува на пократко од 5 саати на пример.
Ибупрофенот се дава само за болка и за да намали ако има евентуален оток. Не е некој лек. Нема лек за ова. Се остава само да помине. Нас ни дадода ибупрофен затоа што не можеше воопшто да стапне на ногата од болка.
Исто скроз откако почна во градинка сега од септември. Таман се подоправи уште антибиотик пиеше значи не беше допиен, ја пуштив пак и ми донесе друг вирус и кашлицата пак се активира па спупти и на плуќа и ајде па пак антибиотик во рок од 3 недели и крај сега не ја пуштам веќе во градинка. Лудило 2 месеци нон стоп мрсули и кашлица. Сега да чукнам во дрво помина веќе цела недела нема секрет од нос и нема кашлање
Ако е ептен висока температура смееш да дадеш ибупрофен тој е подобар за температура, другиве далерон ефералгин се слаби кај нас не делуваат,само три часа делува. Нас матичната ни рече дека можи и изопринозин да зема, против вирусот, прво ни го даде пред ова за ковид , а после да продолжоме со истиов и за коксаки.
Парацетамол дадов околу 11 па ибупрофен околу 15:30, прв пат давам ибупрофен и страв ми беше па дадов малку помалку од дозата што ја пишува. Парацетамол смеам сега во 19:30 да дадам?? Цело време кенка, не знам како да му помогнам?? 16 месеци има. И многу паничам, се си викам да не треба брза помош да викам, да не дехидрира, да не има грчеви од тт...
Гледај на 5 до 6 часа најмногу да го даваш, кај 8 и пол 9 зависи колкава количина имаш дадено, гледај по килажа, ако имаш помалце дадено сега дај му парацетамол во 7 и 30, расоблечи разладувај со млака вода прво. За навечер поубаво бруфен. Водичка давај да пие, електролити. Кај менњ многу висока температура одеше од коксаки 39 и пол ни беуфен не делуваше, па во коритце го ладев. Лошо беше, треска имаше но помина за една недела.
Многу честа појава е. Давајте бруфен 3 пати на ден, треба да и помине за 4, 5 дена. Во Скопје ние за одма најдовме термин кај ортопедот во Жан Митрев. Ако е од стрептокока треба да проверите АСО вредности преку крв, ако е над граница се пие и антибитик. Џабе брис.
7 годишно дете повраќа од попладнето се што ќе се напие, електролит, јаглен, вода, лажичка по лажичка, џабе давам пробиотик и тој го повраќа. Ми е страв дека ќе дехидрира како да знам кога да ја носам на инфузија?