Јас само што прашав одма на итна отидов. Па пак во 1:00 на итна и дадоа некој сируп од кој немало да го чеша и ќе го успиел ама не го успа. Цела ноќ ја преплака не можев по трет пат на итна. Сабајле на педијатар ми рекоа Фенистил капки од аптека за да не го чеша и гелче за заби зедов. Ни од ибупрофен не се смируваше ноќеска. Ќе препознаеш. Штом не си препознала значи сеуште не. Ако ти е на премисла однеси ја да ја видат. Мене за дете 16 месеци сега ми рекоа дека е ок дека устата не му е сува, плаче со солзи, следи каде се движи докторот, не е клапнато, поспано. Голема е твојата ќе ти каже и сама ако и се слоши. Миј ја на лице и усните влажни и ги. Поладно нека е дома немој парно да пушташ. Да не е преоблечена. Течности голтка по голтка на растојание како и до сега. Со помин нека е. Не би требало да треба инфузија. Луфтирај дома. Праша како да знае. Може немаш убаво прочитано.
@gjoker4e фала за советите, бев исплашена да не дехидрира, добро ме сфати дека не знаев кои знаци се алармантни за поголеми деца. Фала богу престана повраќањето кратко откако пишав па не ја трауматизирав непотребно по болници. До сабајле и давав по малку орс и некако помина. Поголем ризик и траума е болно дете да однесеш во преполни чекални, со намален имунитет многу лесно ќе закачи нешто. Сите знаеме дека ако е во лоша состојба не се чека ниту се прашува на форум.
Совет од лекар. Ако повраќа од се што ќе стави во уста два саати не се дава ништо (ова совет кога летоска осевме дете со стомачен вирус на лекар во Грција). Ама баш ништо на поголемо дете. Не дехидрираат големите така лесно. За бебе е опасно. Ако после два саати ништо во уста продолжи да повраќа тогаш се оди на лекар за да се одреди што е причинаат и секако да се добие соодветна помош.
Фала што сподели верувам и на други ќе помогне, не сум слушнала до сега за ова. А периодов со болести како што е не можеш до матичен на телефон никако да дојдеш ни за совет.
Многу го чешаат нозете Треба да го бањам или не? Да му ставам бејби лав масло или пудра или ништо? Со чорапи да седи или без? Да му ги дадам под чешма или не? За тие во уста што може да преземам? Ладно да пие? Гелче за заби? Од мака и црвен кромид исеков насекаде низ стан од што не знам веќе што да направам, нека поминува веќе. Совети за да не го болат и да не се чеша освен парацетамол и ибупрофен?
Не се препорачува вода, за побрзо да се исушат, пудра течна само. Дали проба со мастило плаво да намачкаш? Не се вознемирувај ќе помини,не се ни сипаници.
Не знам што е плаво мастило тука во Германија ќе прашам сега? А течна пудра која? Не знам ни таа каква е.
Или метиленско плаво мора да имаат во аптека прашај за афти нешто шо препорачуваат и пудра или пена ко за сипаници ќе најдеш.
https://zegin.com.mk/mk/galafarm-techna-pudra-so-anestezin-140-g Ова е течна пудра со анестезин, за да не чеша се става на сипаници на пример. Метиленско плаво ти е за афти во уста и сосема безбедно за деца, не знам на германски како би било.
Здраво мајки, детето е 5 години и веќе скоро еден месец има оток на вратот (делот позади уво, малку надолу). Прво имаше два дена температура па потоа се појави отокот. Педијатарот рече тогаш дека најверојатно некој збир на лимфни жлезди и дека после оздравување на детето ке се повлече. Ама еве веќе скоро месец дена не е повлечен отокот, испитавме црп и излезе 26 (а до 6 е границата), за ова сега пиеме панцеф сируп и др ни кажа ако не се повлече ке не прати на хематологија на испитување. Дали некој има вакво искуство и ве молам ако има да ми кажете зашто се работи, оти немам ум веќе. Го прашав педијатарот да го носиме уште сега на испитување, ама рече да поцечаме да му дадеме простор наантибиотикот да делува...
На син ми цела година не му се повлече после варичела, нормално е рече докторот. Од тогаш знае на некој вирус да отече ама не е страшно. Имун одговор на телото е тоа.
Мм исто така имаше после вирус. Пиеше антибиотик и помина со антиб. Инаку доста време помина дури му се повлече неколку месеци сигурно
Здраво мајки Кога се роди детето и кога го носевме на контроли до годината, се беше во ред со тестисите, спуштени беа. Сега син ми е 17 месеци, и приметувам дека од левата страна не го гледам тестисот, од десната е поспуштено за разлика од левата страна, понекогаш на допир го има некогаш не, незнам колку смејам да стиснам да повлечам надоле да не го повредам ми е страв, ама почесто неможам да го допрам. Дали е можно одпосле да настане проблем, имала ли некоја мајка слично искуство? Зошто знам дека обично уште од бебе се раѓаат со неспуштен тестис, и се прави интервенција додека се мали
Мајки здраво, малиов имаше некој вирус пред 3 недели, имаше температура и ларингитично кашлаше па ни дадоа само инхалации со физиолошки и дексаметазон и за 3-4 дена беше супер. Наредниот викенд имаше стомачен вирус и после тоа неколку дена ради паднат имунитет пак закачи изгледа некој вирус или бактерија и од тогаш навака цели две недели кашла и тоа продуктивна кашлица има. Матичната ни даде само инхалации со синомарин и не попушта од терапијава иако детево се корне од кашлање, повраќа шлајмови, не спие навечер пошто ќе зареди кашлање и не може да се смири...денес и од градинка ми искоментираа дека вчера на спиење многу кашлал... Планирам попладне да го носам да му земат брис, да не има некоја бактерија па затоа се мачи толку долго. Ве молам за совет што да правам друго или да ми пропрачате дали спрејот од оригано би помогнал малку да се смири секретот. Матичнава сега ми пиша само уште плус оперил П дека може да му ставам, па на сто ума сум дали оперил дали оригано или нешто трето, што ќе му олесни повеќе додека чекаме резултати од брисеви?
Штом му дала оперил матичната дај му го. Ќе помогне. Ако сакаш да смири кашлица навечер пред спиење дај му чај од бел слез, тој смирува. Се прави според упатството на опаковката. И подигни му ги малку перниците на кои спие.