Ке ја носам. Синко секогаш прво пред се обавезно тт качуваше, па после се друго... И си реков чим нема тт, арна е. Ама поарно да ја слушнат чим и без тт може да развие бронхит. Мислам дека е за инахалации... Зашто еве ја стана и буфта, грми.
Може не спуштаат. Лани моиве, пола година, без престан, беа со страшна кашлица а не спуштаа. Ако немаат тт и немаат спуштено реално ни педијатар не би дал боледување. И дома ќе се мачи. Ќе седи 1-2 недели, мислиш фит, после неколку дена во градинка пак истата песна. Годината на адаптација е така. Сега ниту еднаш не сме биле кај матичен. Секое вирусче од нога без ништо им мине.
Баш тоа сакав да кажам. Тоа како нас ни звучи со тоа што ќе го чуе доктор на стетоскоп нема врска. Може лошо да звучи, а да не е спуштено и обратно.
Еве и мојов кашла грми скоро месец дена. Оди во градинка како ништо да не е зашто нема никакви други симптоми. Пред месец дена отидов кај матичната го прегледа убаво ништо немаше освен кашлица. Слушна нешто малку на гради и ни даде Зиртек зашто веројатно алергиско било и три дена инхалации со многу малку Пулмикорт (четврт од ампулите од 0.5) само еднаш дневно. За три дена му помина. По некое време пак се варти кашлицата. Бевме за викенд во друг град кога почна пак да кашла, ама кога кашла цел ноќ нема спиење од што не може да се смири и таму си знам една супер докторка и исто ми кажа. Само што немаше ништо на гради и ми рече дај му Зиртек само неколку дена за да се смири. И се потсмири. Уште си кашла ама сега немам намера да го носам на лекар или да не оди во градинка само заради тоа. Ах и да не сум бездушна да не ми е гајле што детето и кашла а јас види немајка го пуштам во градинка. Едноставно нема што да му правам. Прва година му е во градинка и мора да се навикне. Олабави малку со коментари дека на пола родители во градинка ич не ми е гајле за децата. @danichap годинава твоите подобри ли се од аспект на кашлање, носеви и слично. Да знам дали да с енадевам на подобро наредна година или не.
@JoyJoy одлични се, ниту еднаш не сме биле кај матичната за такви проблеми. Неколу пати поткашлуваа, но со свеж воздух, дури и не инхалирав, минеше за неколку дена. 2-3 пати тт која со чепчиња ја симнувавме. Носот кај големата воопшто не течеше годинава. Средното имаше зелени мрсули неколку пати, ама знам дека ќе ми речат свеж воздух и нема да добијам брис, па не ни бевме. Минеше за 1-2 недели без тт или други потешкотии. Баш од нога се поминаа. Давам многу свежо овошје и зеленчук, редовно јадат месо и риба. Д витамин, омега и едни како гумени бонбони мултивитамини чат пат. Без нешто посебно за имунитет или сирупи. Сами створија имунитет.
Скокам затоа што имав здраво дете 3ипол месеци, после 1 недела у градинка спушти на плуќа. Извини што ми е криво ако не па.
Нормално е дома да е здраво, на жалост на ново минете низ адаптацијата. Мака и жал ни е на сите, не боли кога малите ги боли... но никој не е крив.
Моево 3 години здраво беше дома, ни антибиотик ни посериозно разболување, ама знаев дека ќе почне да се разболува ако почне негде. Една недела одеше и грип фати. Скоро сите низ исто поминуваат дури се адаптираат на новата средина, нови вируси, бактерии, а и сезона е на грип и настинки. Сега јас од работа му донесов настинка со растечен нос и кашлица, а баш планирав да го запишам пак негде во едукативен центар месецов. Штом ќе тргне пак знам дека ќе почнеме со истото, ама си велам само да се минливи работи, деца се, мора да се помириме.
@mariz носи ка да ја слушнат. Не значи дека ќе спушти, ама да си сигурна. Мојот кашлаше лошо скоро три недели околу роденденот. Немаше ништо, не спушти, кр слика чиста. Скоро секој ден го слушаше сестра ми дома оти језиво ми беше да го слушам од страв.
И мојава кашла од понеделникот почна со кивање и мрсоли и вечерта ми качи тт и почна да кашла,во понеделникот на лекар ја слушнаа нема ништо на гради ,матичната рече настинка и е вирусна,правевме и брисеви на грло и нос за секој случај бидејќи ни рече дека има доста стрепткоки периодов,но брисевите се чисти нема никакви бактерии.Вчера исто ми кашлаше лошо и без престан па пак ја отидовме да ја слушнат,беше другата др на смена исто и она рече дека е чисто,ќе си кашла од настинката и ни рече само инхалација со пулмикорт да се смири и лоратадин навечер да и давам. И јас носам секогаш да ја слушнат иако не е склона да спушта ,ама од претпазливост дека еднаш вака на пролет ми направи опструкција на 16 месеци и многу се исплашив за малку ќе завршевме со пневмонија да не ни сменеа антибиотик,фала богу не се повтори.Ова и е прво разболување од лани од февруари ,и многу се нервирам дека се на пролет и се случува,цела есен и зима без престан оди во градинка и во сите грипови и вируси ништо не фати,ама иде ли пролет ми се темни од промениве...
@mariz и кај мене двајцата кашлаа скоро цел јануари, а немаа ни црвено грло, ни спуштено. На малата и гласот ѝ засипна. Поминавме со два дена пулмикорт (по 0,5 како што кажа членката погоре) и со рецептот од црна трупка од една феминка што ми го кажа. Ама прво бевме на лекар, матичната ги слушна и ни препиша пулмикорт. Инаку не одат во градинка, знаеш.
Мислам дека пред извесно време читав за некое детенце со бактеријата mrsa, да ми каже некој совет. На големата и најдоа во носот...баш ме извади ова од колосек(инаку школско дете е)
Нека ти прочита некој што повеќе се разбира, има разни типови мрса, и кај малово мое еднаш имаше на брис од нос, ќе паднев во несвест кога прочитав да после микробиолог и педијатар ме смирија дека не е таа опасната мрса. Ако сакаш да пробам да го најдам резултатот да видам што точно пишуваше.
Ќе побарам, ама само тоа пишува кај неа? Тоа е всушност целосното име на мрса-та ама дали има уште нешто како ознака
Фала сепак...бевме на матичен, ни даде само маст хлоранфеникол и цитерал капки. Дури рече дека и може да оди на училиште. Уште сум во прашалници, ама...