За искашлување и исфрлање на секрет. Да знаеш дека може да се раскашла од сирупот уште повеќе, не секогаш, ама бидејќи целта му е да се исфрли шлајмот, но затоа побрзо се смирува кашлицата отколку да оставиш така да помине.
До среда беше на инхалации , потоа се раскашла влажно. На гради нема ништо, кашлал од “горе” ама си кашла. Ќе пробам со некој сируп едит: го зедов пред 2 недели овој, ми го препорачаа во аптека ама тогаш кашлаше суво. Не е отворен зошто веднаш почнавме со инхалации. Ама пишува за сува надрзанителна кашлица, затоа се збунив https://fitofarm.com.mk/mk/product/altea-syrup/
Не сум дете ама и јас многу почнав да кашлам,така сува надразлителна кашлица а на сабајле искашлував одвај густ секрет,го зедов баш овај сируп и да ти кажам магично ми ја смири кашлицата ако е некоја мала цена спрема другите сирупи ама доста ефикасен.
Јас сум давала по совет од педијатар за искашлување, ама чај од бел слез, рефус што е. Сама го спремав чајот, со мед го мешав заради вкусот. Помагало за кашлица, тоа знам, ама знае да предизвика напади на кашлица, зависи од причината. Имаше еден сируп Слезогал, и Медогал, тие сум ги давала пред години. А сега за малото, кога кашла, давам сируп од боквица, тој му помага.
Да боквица Го земав стално за синко. Ми текна сега. Матичната го препорачуваше и за сува и за влажна. Сестра во пензија од педијатрија ми имаше кажано најдобар сируп, а ефтин се сеќавам
Не е итно, ама...Синко има некои трнчиња на дланка, собираше костени и му се напикале, скроз се рамни со кожата, како да ги извадам? Со игла нема да даде сигурно, да намачкам нешто?
Продуктивна кашлица која трае точно еден месец. Што давате во ваков случај? Дете е добро инаку, весело и без темп. пред една недела слушано со чиста плуча. Секретот првиот сабајле од нос е жолтеникав а во тек на ден безбоен, а нос скоро и да не се затнува, значи шлајмот стои позади. Почна со воспалените крајници, потоа измеѓу пак уште некоја вироза имаше, ама кашлицава никако не минува.
Мора консултација со доктор. Ако е заглавен секрет кој треба да се разводни, може ќе препорачаат инхалација. Ама на своја рака ништо не би давала.
Здраво мајки Дали ви се случува периодов на детево често му се полни носот со мрсули ; бели се ; и кашла на моменти обично наутро; го однесовме на педијатар пиеше Макропен и Лоритадин; вели често да му вадиме мрсули; но некако често му се полнат од што може да биде ; не верувам дека е од алергија досега немал вакво нешто.. Иначе има 3 години ...
Може да е алеригија, кој вика не. Мојот е 5 години, па два пати разви ларингит од никаде за 10 дена и рекоа ако пак се повтори да испитаме алергии. Е сега ако сте од Скопје голема е веројатноста и од лошиот воздух да е
Epa.sledi da ne stanat zeleni. Prskajte nosot cesto da e proodno tamu da ne se zatne i cistetr go. Za se ostalo konsultiraj maticrn
Дали некој знае дали може да се испита негде уринокултура на дете и да ги дадат резултатите истиот ден?
Минимум 24 часа е уринокултура ако е чиста, ако е со бактерија 48 часа, толку треба да се прочита резултат и тоа е секаде така, и на приватно и на државно. Обична урина дава одма резултат, во моментот. Прскај физиолошки, било кој само да е појак, не од оние Насогал или беби капки, има еден многу убав како дезодоранс е шишенцето, прска многу убаво и се вади. Ќе прснеш 2 пати и ако дува терај да дува, ако не со пумпица. Најдобро да дува. И така минимум 2 пати на ден, ќе се исчисти. А алергија може во секое време да јави, нема правила.
@gjoker4e кај мојата изглеа не беше коксаки тоа. Барајќи сега на гугл за лупење кожа на стапала, наидов на ова. Па ништо чудно и ова да било тоа, а не коксаки.. Загреота и се стапалата... Спојлер: Не баш пријатно за гледање.. Како сте вие?
Не те сфатив кое е можно да било? На дете 16 месеци сега му се црвени ама вакви ќе му станат за 2-3 дена исто како на сликиве. Не знам дали да му мачкам нешто или да оставам сами од себе.