Osven paracetamol za bolka na uvo preventivno drugo resenie dodeka da otvori maticniot vo 8, se izmaci i iznaplaka cela nok , a dezuren duri na 50 km imam.
Па не бев сигурна кај нас дали беше коксаки, ама не знаев дека коксаки и ова исто било. Втората слика е кај моево девојче.. Инаку не е сува кожата, џабе ќе ставаме нешто. Ќе си се излупат сами. Гледам кожата под тоа и е океј.
И кај синко се лупеше вака после коксаки, нормално е. И знаеше после уште некое време да се лупи, и на раце и на нозе, и дури и со месеци подоцна знаеше да се лупи.
Ќе потрае и ова, сликата е од вчера, а од крај на окт почна и по раце се лупи, ама таму не е толку како на нозе.
Ах, нешто што најмногу сум мразела, сега треба да прашам. Ваказ ради бакт.инфекција син ми беше на антибиотик Амоксиклав недела дена, до вчера. Од вчера изметот му е темно зелена боја, скоро црна. Педијатарот ми е 2ра смена и немам трпение, има простор за паника, нешто читав дека може да е крварење внатрешно или може да е од антибиотикот? П.с давам пробиотик
Да не јадел храна богата со железо или пробиотикот да е со железо, мислам Провен е збогатен со витамини.
Ве молам за чаре, цела недела е затнато а нема ниту мрсули ниту кашла, веќе 5 дена му прскав оперил п во меѓувреме аква марис и ништо, ми е страв да продолжам со оперилот
Да пробаш со потопла бања да направиш пареа, инхалација со сол макар и дишел малку над тенџере, исецкан кромид во соба.
Да, само што ќе ја тргнеш превриената вода стави една рака крупна сол да се стопи. Јас така за мене правам ама пошто е дете провери прво ти со рака од која висина да го стави лицето за да не се изгори, ако успееш да го убедиш. Да не ви е топло дома или сув воздухот? Пробај и со подолги прошетки на ладно.
Па што знам во куќа сме ние со клими постојано е отворено не верувам да е од топло, башка па и деновиве по цел ден се истури од врнење
А влажноста како е? Обично од клими многу се суши воздухот. Мене ми пречи одма, а и сум мерела, нагло паѓа.