Па не. Сабајле кива многу и и се растекува носот. Во текот на денот ретко. И ноќе што се затнува. Да напоменам дека со Оперил П спие подобро, но не и ставам нонстоп Не знам што да правам. На педијатар или на ОРЛ да закажам?
Е кај нас обратно, ете. Стандард, кашла упорно, недела, две, одиме правиме пнеумослајд и вика Аденовирус, веќе не ни прашувам, знам дека уште 2-3м ќе кашла, давам течности и толку.
Исто е и со син ми. Веќе 2 години е така, ама тој е 10 години. Во спиење му се затнува и кога станува сабајле кива едно 10 пати па и повеќе и толку после цел ден ништо. Поради тоа и испитавме алергија и испадна дека е алергичен на домашна прашина. Да напоменам дека ова сега се појави значи на 7-8 годишна возраст, пред тоа ништо од тоа немаше.
Да прашам за вас што давате пробиотик, зошто го давате и кој пробиотик давате и колку време може да се дава, се прави пауза па пак? Благодарам однапред
Што симптоми има други освен кивање и затнат нос? Што терапија прима? И јас се сомневам за алергија на прашина.
Имаше како помал големи крајници сите три, ама не беше алармантно за операција и хрчеше и уште хрчи кога како во сон, не секогаш. Сега му се намалени нели како расте и тие се намалуваат, така да тоа е симптоми што има ако се рачунаат за алергијата. Од терапија само зиртек или аериус му давам понекогаш ама не често оти не му помага нешто којзнае колку. И тоа е. Се надеваме во пубертет да исчезне како кај мене што беше. И тоа е
На поголемиот му давам само летно време зашто виреат стомачни вируси и на одмор. На бебето му давам зашто е родено со царски и планирам да давам додека се навикне на цврста храна. А кој пробиотик зависи, сите се сличен состав само која фирма ќе ја избереш. Јас пробав Биогаја, Рекол бимбо и останав на Ваја како најдобар се покажа.
Убаво е да се дава заради здрава цревна флора. Во принцип се дава се додека не почне со конзумација на ферментирани мелчни производи. Кога ќе почне да јаде такви работи нема потреба од пробиотик. Јас на малава и давам сеуште и покрај тоа што ќе има скоро две години. Има потечна столица кога не и давам пробиотици, генерално заради овошјето. Престанав еден период , и по препорака на педијатар пак ја вратив на пробиотици. Нема штета од нив. Прво користев, Биогаја кој не се покажа баш, после Waya, кој беше добар и сега се префрлив на Диастоп кој некако најсоодветен. Сепак зависи од дете до дете. Од пауза нема потреба, првите ефекти пробиотици покажуваат после редовно користење од две недели.
Мојата е 2 год и 8 месеци и еве сега почнав да и давам последниот пат кога пиеше антибиотик пред 3 недели и не прекинав од тогаш и давам секој ден. Читајќи искуства и на самиот пробиотик пишува за имунитет па решив да пробам за да и се зајакне малку повеќе имунитетот оти 2 месеци ми беше со кашлање и мрсули од графинката па ја престанав и сега не знма кога пак да ја праќам....ми е страв.... Земав сега на Frezyderm Prodilac со вит Д и Ц плус се па ќе видиме.
Во разговор со клинички педијатар ми беше кажано дека најнови студии покажуваат дека земање на пробиотик континуирано има голем бенефот за цревната флора и имунитетот. Бидејќи здравјето доаѓа од цревата.
Мајки ние сме 1 година и 7 месеци. Од 15 септември носето и се затна и никако да пушти. А до тогаш си дишеше на нос. И испитав после месец ипол брис од нос и има мораксела бактерија. Пиеше 10 дена амоксиклав и чистиме носе со физиолошки и аспираторче. Утре треба да птовериме повторно брис дали е повлечдна бактеријата. Носот е скроз затнат значи во синусите е секретот. Нема никакво подобрување. Ве молам за совет
Здраво. Како да земиме мокрача ставам лепенки одма се одлепува, има некоја финта? Во нокширче не сака.
Јас па таа лепенката едвај му ја одлепив, така ти се погодило. Пробај сабајле кога ќе се разбуди одма да тргнеш пелена и да начекаш, обично тогаш им се моча. Пробај со некоја игра демек дали ќе успее да ја наполни чашата. @Black girl Како е сега, се одзатна носето?
Само малце останува во кесето, цело се истура, некаде читав со памук, дали е хигиенски тоа, дали ќе сметаат влакненцата од памукот.
Ke ja napies voda i ke zalepis ubavo lepenkata ama pelenata epten labavo i neka lezi igrajte neso pejte prajte i daj sise so voda ke mocne...ja taka praev. Ili po spienje ko sto to pisale obicno site mocame
Исто керками лани прв пат почна градинка и и излегоа по телото молуски( искрено не знаев ни како се викат,али прогуглав и излезе истото)долго време се мачевме бидејки имаше 3години и се плашеше кога ја носевме на кожно да и ги "горат" со течен азот,ама само тоа даде резултат а се утепавме со секакви креми и други работи..Уште има како флеки кафеави по телото кај што ги имаше молусите,а имаше многу.Валда како ке расте ке исчезнат Ке сакаш да ми кажеш во која аптека го зема 5% калиумот, не дај боже да се повтори кај мојата да имам и друга опција освен ова со азотот. Фала ти [/QUOTE]
Септаназал и локален антибиотик во нос ако ја има уште. Језда е за над 2г септаназалот ама ја сум давала од 12мес, консултирај ОРЛ за ова. И ако ти даваат оперил пп подобро септаназал по мене
Ние летото пробавме со азот ама вриштеше се трескаше таму и не успеавме... Бевме кај приватен дерматолог во Ремедика, ни даде рецепт како да се изготви и ни го направија во аптеката Марија Гален фарм, само таа има таква дозвола и такви работи за правење такви лекови. Во странство има и готов лек баш за молуски, Sol Molutrex 5%, исто и тој е со калиум (мислам спомнаа Србија го има). Тој сега го препишаа, па ако оди некој натака и тој ќе го земам.